Орчуша

село во Гора

Орчуша (албански: Orqushë или Orqusha; српски: Орчуша) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово.[1] Населението брои 60 жители (2011), сочинето од Горанци.

Орчуша
Orqushẽ
село
Поглед на селото
Поглед на селото
Орчуша is located in Косово
Орчуша
Орчуша
Местоположба во Косово
Координати: 42°2′31.92″N 20°35′56.04″E / 42.0422000° СГШ; 20.5989000° ИГД / 42.0422000; 20.5989000
ДржаваКосово
ОкругПризрен
ОпштинаДрагаш
Надм. вис.&10000000000000950000000950 м
Население (2011)
 • Вкупно60

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Гора, на десната страна од реката Плава, високо на планината Коритник, на надморска височина од 950 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Албанија, на која се наоѓа граничниот премин Оргоста-Орчуша.

Историја

уреди

Селото Орчуша се споменува како селиште под името ωрчюша̀ во грамота на царот Стефан Душан од 1348-1352 година, издадена од манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Призрен.[2]

По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Орчуша (О̀рчуша) било македонско село со 64 куќи.[3]

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Орчуша (Орчища) било село со 80 куќи на Македонци-муслимани.[4]

Население

уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 јужнословенски муслимани (Горанци).[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2011
Население 415 370 396 431 427 221 60

Културни и природни знаменитости

уреди

Џамии

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
  2. Шафарик, Jанко. Хрисовоула цара Стефана Душана: коиом оснива монастир Св. Архангела Михаила и Гаврiйла у Призрену године 1348?, Београд, 1862, с. 21.
  3. Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
  4. Поверителен рапорт №54 на Сребрен Поппетров
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.