Борје (Гора)
Борје (албански: Borje) — горанско село во областа Гора, денес во општината Кукуш, североисточна Албанија. На пописот од 2001 г. селото имало 950 жители.
Борје Borje | |
---|---|
село | |
Џамијата во Борје | |
Координати: 42°0′53″N 20°35′13″E / 42.01472° СГШ; 20.58694° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Кукуш |
Општина | Кукуш |
Население (2001) | |
• Вкупно | 950 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | KU |
Географија
уредиСелото се наоѓа во албанскиот дел областа Гора, во јужните пазуви на Коритник.
Историја
уредиПо Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Борје (Бо̀рье) било македонско село со 150 куќи.[1][2]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев отбелязва Борье како македонско село.[3][4]
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Борје (Борйе) било село со 130 куќи на Македонци-муслимани.[1][5]
Сè до 2015 г. селото било во состав на општината Шиштавец.
Личности
уреди- Родени во Борје
- Зехрудин Докле (р. 1952) — глумец, режисер и преведувач
- Назиф Докле (1945 – 2014) — јазичар и фолклорист
- Други
- Намик Докле (р. 1946) — политичар со потекло од Борје
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров