Љубовишта (Гора)
Љубовишта е село во јужниот дел на Косово[1]., во планинскиот регион Гора, во општината Драгаш. Припаѓа на Призренскиот округ. Мнозинството од жители се Горанци.
Население
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 јужнословенски муслимани.[2] Населението сега брои 773.
Јазик
уредиГоранците зборуваат нашински јазик. Малкумина кои живеат близу до градовите зборуваат албански или српски. Според пописот 1991 во Југославија, 54,8% од населението на регионот Гора се изјасниле дека зборуваат нашински јазик, бидејќи мнозинството на населението се Горанци.
Традиција
уредиТрадиционалната Горанска народна музика вклучува танц наречен Коло, која е кружен танц фокусиран на движењата на ногата. Танцот секогаш почнува со користење на десната нога и се движи во насока спротивна од стрелките. Колото обично е придружувано со инструментална музика направена често со зурла, кавал и тапан. Колото поретко е придружено со пеење како тие што се во соседните етнички групи: Албанците, Македонците и Србите.
Исто така постои и голем дел од историјата на Гораните во нивните текстови и песни. Уникатно, се пее за долго патување во Турција, за скршени срца и љубов. Нивните песни се вршат од страна на мажите и жените.
Наводи
уреди- ↑ Косово е предмет на територијален спор меѓу Република Косово и Република Србија. Република Косово еднострано прогласила независност на 17 февруари 2008 година. Србија продолжува да го смета како дел од сопствената суверена територија. Двете влади започнале да ги нормализираат односите во 2013 година, како дел од Бриселскиот договор од 2013 година. Косово во моментов е признат како независна држава од 98 од 193 земји-членки на Обединетите нации. Вкупно, 113 земји-членки на ООН во одреден момент го признале Косово, од кои 15 подоцна го повлекле признавањето.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
Оваа статија за Косово е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |