Кукуш (Албанија)
Координати: 42°04′N 20°25′E / 42.067° N; 20.417° E
Кукуш (Кукс, Кукес, Кукеш; албански: Kukës, Кукс) — град и центар на истоимената област на северот на Албанија. Според пописот извршен во 2001 година, во Кукуш живееле 17.222 жители.
Кукуш Kukës | |
---|---|
![]() | |
Координати: 42°04′N 20°25′E / 42.067° N; 20.417° E | |
Држава | ![]() |
Област | Кукуш |
Округ | Кукуш |
Надм. вис. | 320 м |
Население (2001) | |
• Вкупно | 17,222 |
Часовен појас | Централно Европско Време (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
ЗИП код | 8501-8503 |
Повик. бр. | 024 |
Регистарски таблички | KU |
Мреж. место | bashkiakukes.com |
Градот се наоѓа во планинската област во северна Албанија блиску до границата со Србија.
Градот е преместен во времето на изградбата на хидроелектраната и вештачкото езеро Фјерза на реката Дрим во 1976 година. Стариот град Кукуш тогаш бил потопен. Денешниот град, изграден во 1970-те, порано го имал и називот Нов Кукуш (Kukësi i Ri).
Областа и градот имаат слаба патна поврзаност со остатокот од земјата. Населението е сиромашно, а криминалот претставува голем проблем.
Земајќи ја предвид географската локација на градот, во близина на етно-историскиот македонски регион Гора, како и доселувањата од горанските села во градот, се претпоставува дека во Кукуш живеат околу 2.000 Македонци од областа Гора[1]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Центар за етнички истражувања(Qendra për Hulumtime Etnike)
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Кукуш (Албанија) на Ризницата ?
- Општина Кукуш