Горни Крстец
Горни или Мали Крстец (понекогаш и само Крстец; албански: Kërstec e Sipërm или Epër; српски: Горњи Крстац) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово. Населението брои 420 жители (2011), сочинето од Горанци.
Горни Крстец Kërstec e Sipërm | |
---|---|
село | |
Поглед на селото | |
Местоположба во Косово | |
Координати: 42°4′10.92″N 20°36′7.92″E / 42.0697000° СГШ; 20.6022000° ИГД | |
Држава | Косово |
Округ | Призрен |
Општина | Драгаш |
Надм. вис. | 1.150 м |
Население (2011) | |
• Вкупно | 420 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Гора, на левата страна од реката Плава, во југоисточните пазуви на планината Коритник, на надморска височина од 1.150 м.
Историја
уредиВо 1900 година, Васил К’нчов го забележал Горни Крстец како македонско-муслиманско село во областа Гора. Заедно со соседното село Долни Крстец, тоа броело вкупно 120 куќи.[1]
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Крстец (Кръ̀стец) било македонско село со 120 куќи.[2]
Население
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото Крстец имало 350 јужнословенски муслимани (Горанци).[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 242 | 229 | 247 | 292 | 415 | 437 | 420[б 1] |
Општествени установи
уреди- Основно училиште
Културни и природни знаменитости
уредиЏамии
- Џамија — главна селска џамија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кънчев, В. Го̀ра. С една карта, Трудове на Българското природоизпитателно дружество, София, 1900, с. 100, 103.
- ↑ Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
Забелешки
- ↑ Податоците за селото Долни Крстец, согласно важечките територијални организации за време на пописот од 2011 година, се вклучени во податоците за Горни Крстец.