Шиштавец
Шиштавец (албански: Shishtavec) — село во административниот регион Кукуш во североисточна Албанија. Во минатото Шиштавец бил седиште на истоимената општина, но во 2015 со месната реформа за самоуправа, општинската територија станала Општинска единица Шиштавец која е дел од Општина Кукуш.[1]
Шиштавец Shishtavec | |
---|---|
Село | |
Поглед на селото | |
Координати: 41°59′N 20°36′E / 41.983°N 20.600°E | |
Држава | Албанија |
Област | Кукуш |
Општина | Кукуш |
Општинска единица | Шиштавец |
Селото се состои од околу 300 домаќинства со над 1 800 жители-Горанци. Областа е дел од поширокиот регион Гора, од кој поголемиот дел лежи на другата страна од границата (денес Косово/Србија).
Горанците во Албанија, воглавно се изјаснуваат како Албанци, за разлика од Горанците во Косово и Македонија. Од неодамна има обиди за нивно признавање како посебна етничка група, како и обиди да се претставуваат како население со српски, македонски или бугарски идентитет.
Околу 250 хектари со компир се садени на годишно ниво во Шиштавец.[2]
Според пописот од 2011 г. 68.3% од населението во општината се идентификувале како етнички Албанци, а 7.7% Македонци. Остатокот не прогласиле етничка припадност.[3]
Наводи
уреди- ↑ Law nr. 115/2014
- ↑ „Македонците од општините Шиштавец и Стеблево апелираат до владата да се најде решение за пласман на компирот“. Makedonium. 1 October 2013. Посетено на 18 July 2014.
- ↑ „Ethnic composition of Albania 2011“. Посетено на 7 August 2014.