Горански дијалект

Горанскиот дијалект спаѓа во групата на западни дијалекти од северномакедонското наречје. Горанскиот дијалект се зборува во областа Гора во Косово, потоа во мал дел од Албанија и Македонија. Горанскиот дијалект е многу сличен со тетовскиот дијалект. Во дијалектот има присуство на турцизми. Во Косово и Македонија, дијалектот се пишува на кирилица, а во Албанија на латиница.

Горанскиот дијалект на картата на македонските дијалекти (дијалектот е претставен во иста група со тетовскиот дијалект)

Примери од дијалектот

уреди
Што се бели, горе Шар планина?
Да л' је снегче, ил' је бело стадо?
Нит' је снегче, нит' је бело стадо.
Да је снегче, би се растопило,
Да је стадо, би се растурило.
Веч тој беше Милкино чадорче,
Под чадорче болна Милка лега.
Брата и гу Турци заробили,
Заробили, пај га обесили.