Праисторија

(Пренасочено од Предисторија)
Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Праисторија претставува временски период кој трае од појавата на човекот до појавата на некои од првите писма.

Праисториската археологија, на пример, го проучува временскиот период од најстарите регистрирани материјални остатоци, односно култури, до појавата на првите пишани документи во одредени култури. Во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, бакарното бронзеното и железното време.

Сумер во Месопотамија, долината на Инд и древниот Египет биле првите цивилизации кои развиле свои писма и ги зачувале историските записи. Ова се случило веќе во младото бронзено доба. Првите што следеле биле соседните цивилизации. Повеќето други цивилизации го достигнале крајот на праисторијата во железното време. Трипериодниот систем на праисторијата (камено време, бронзеното време и железното време), останува да се применува за голем дел од Евроазија и Северна Африка, но не се применува во оние делови од светот како што се Америка, Океанија, Австралија и поголемиот дел од Потсахарска Африка каде што изработката на тешките метали пристигнала нагло при контакти со евроазиските култури.

Овие области, освен некои случаи кај предколумбовските цивилизации во Америка, не развиле комплексни системи за пишување пред доаѓањето на Евроазијците, а нивната праисторија достигнува во релативно понови периоди.[1]

Периодот кога културата е напишана од други, но не развила свое пишување, честопати е позната како протоисторија на културата. По дефиниција,[2] од човековата праисторија нема пишани документи, па од суштинско значење е датирањето на праисториските материјали. Техниките за датирање не биле добро развиени до 19 век.[3]

Дефиниција

уреди
 
Праисториски човек и момче

Почеток

уреди

Терминот "праисториски" може да се однесува на огромниот временски период од почетокот на универзумот или Земјата, но почесто се однесува на периодот од кој на Земјата се појавил животот, или уште попрецизно до времето кога се појавиле човечките суштества.[4][5]

Крај

уреди

Датумот што го обележува крајот на праисторијата во одредена култура или регион, односно датумот кога релевантните пишани историски записи стануваат корисен академски ресурс, се разликуваат од област до област. На пример, во Египет е општо прифатено дека праисторијата завршила околу 3200 п.н.е., додека во Нова Гвинеја крајот на праисториската доба е многу поскорешен, околу 1900 година од нашата ера. Во Европа, релативно добро документираните класични култури на Стара Грција и Рим имале соседни култури, вклучувајќи ги и Келтите и во помала мера Етрурците, кои сепак имале некакво писмо.

Временски периоди

уреди

При поделбата на човечката праисторија, историчарите обично го користат системот од три периоди, додека научниците за предчовечките временски периоди обично го користат добро дефинираниот геолошки запис и меѓународно дефинираната база на слоеви во геолошката временска скала. Трипериодниот систем е периодизацијата на човечката праисторија во три последователни временски периоди именувана според нивните доминантни технологии за изработка на алатки:

Потекло на терминот

уреди

Терминот "праисторија" почнал да се појавува за време на просветителството во делата на антикварите кои го користеле зборот "примитивен" за да ги опишат општествата што постоеле пред пишаните записи.[1][2] Според наједноставната дефиниција, поимот „праисторија“ е период од развојот на човештвото за кој нема никакви пишани документи[7].

Употребата на геолошката временска скала за предчовечкиот временски периоди, како и трипериодниот систем на човековата праисторија, е систем кој се појавил во доцниот 19 век во делата на британските, германските и скандинавските археолози, антикварите и антрополозите.[8]

Средства за истражување

уреди

Главен извор за праисторијата е археологијата, но некои научници почнуваат да користат докази и од природните и општествените науки.[9][10][11]

Првите истражувачи на човечката праисторија биле археолози и антрополози кои користеле ископувања, геолошки и географски истражувања и други научни анализи за да ја откријат и толкуваат природата и однесувањето на предписмените и неписмените народи. Генетичарите на човечката популација и историските јазичари исто така даваат вреден увид во овие прашања.[5] Културните антрополози помагаат во обезбедувањето на контекст за општествените интеракции, со кои предметите од човечко потекло минувале помеѓу народите, овозможувајќи анализа на секој напис кој се појавува во човековиот праисториски контекст. Оттука, податоците за праисторијата се обезбедени од широк спектар на природни и општествени науки, како што се палеонтологијата, биологијата, археологијата, палинологијата, геологијата, археоастрономијата, компаративната лингвистика, антропологијата, молекуларната генетика и многу други.

Камено време

уреди

Палеолит

уреди
 
Мапа на раните човечки миграции, според ДНК-анализа. Броевите се изразени во милениуми пред сегашноста (точноста е оспорена).

"Палеолит" значи "Старо камено доба", и започнува со првата употреба на камени алатки. Палеолитот е најраниот период на каменото време.

Младиот палеолитот претходи на Хомо сапиенс, почнувајќи од Хомо хабилис (и сродните видови) и најраните камени алатки, датирани пред околу 2,5 милиони години.[12] Доказите за контрола на огнот кај првите луѓе за време на младата палеолитска ера се неизвесни. Најшироко е прифатено тврдењето е дека Х. еректус или Х. ергастер користеле оган меѓу 790.000 и 690.000 п.н.е (пред овој период) на наоѓалиштето Мостот на ќерките на Јаков, Израел. Користењето на огнот им овозможил на првите луѓе да готват храна, да обезбедат топлина и да имаат извор на светлина во текот на ноќта.

Х. сапиенс потекнува од пред 200.000 години, и живеел во средниот палеолит. Анатомските промени кои укажуваат на модерниот јазичен капацитет, исто така, се појавуваат за време на Средниот палеолит.[13] За време на средната палеолитска ера, постојат први дефинитивни докази за човечката употреба на оган. Во наоѓалишта во Замбија најдени се коски и дрво, кои биле датирани од 61.000 п.н.е. Систематски погреб на мртвите, музика, првата уметност и употребата на повеќе софистицирани орудија се одлика за средниот палеолит. Во тек на овој период луѓето главно живееле во номадски групации[14] чија главна активност била ловот.

Мезолит

уреди
 
Кану

"Мезолитот" или "Средно камено доба" (од грчките зборови "мезос", "средиште" и "литос", "камен") бил периодот во развојот на човекот помеѓу палеолитскиот и неолитскиот период во каменото време.

Мезолитскиот период започнал на крајот од плеистоценот, околу 10.000 п.н.е, и завршил со воведувањето на земјоделството, чиј датум варирал согласно географските области. Во некои области, како што е Блискиот Исток, земјоделството веќе се спроведувало на крајот на плеистоценот, и тука мезолитот е краток и слабо дефиниран. Во областите со ограничено ледничко влијание, понекогаш се користи терминот "Епипалеолит".

Регионите кои доживеале поголеми влијанија врз животната средина со завршувањето на последното ледено доба, имаат многу поочигледна мезолитска ера, која траела со милениуми. Во Северна Европа, општествата успевале да живеат добро на богатите резерви на храна од мочуриштата, поттикнати од потоплата клима. Овие услови, исто така, го одложиле доаѓањето на неолитот сè до 4000 година п.н.е. (6000 пред сегашноста) во северните делови на Европа.

Мезолититот се одликува во повеќето области со мали композитни алатки за кревање,риболов и разни дрвени предмети, како на пр. кануа и лакови (најдени на некои локации). Овие технологии најпрвин се појавувиле во Африка, пред да се рашират во Европа преку иберомавританската култура во Северна Африка и кебаранската култура на Левант.

 
Влез во храм (Малта) 3900 п.н.е.[15]

Неолит

уреди
 
Низа неолитски артефакти, вклучувајќи секири, длета и алатките за полирање.

"Неолит" значи "Ново камено доба". Иако имало неколку видови човечки суштества за време на палеолитот, во неолитот останал само Хомо сапиенс сапиенс.[16] (Homo floresiensis можеби преживеал до самиот почеток на неолитот, пред околу 12.200 години.)[17] Ова бил период на примитивна технологија и општествен развој. Започнал околу 10 200 пред сегашноста во некои делови на Блискиот Исток, а подоцна и во други делови од светот[18] и завршил околу 4,500 и 2,000 пред сегашноста. Неолитот е развиток на однесувањето и културните одлики и промени кај човекот, вклучувајќи ја и употребата на домашни животни.

Раното неолитско одгледување било ограничено на тесен опсег (пченица, просо) а околу 6.900-6.400 п.н.е., вклучувало одгледување домашни животни, воспоставување на трајни или сезонски населби и употреба на керамика. Неолитскиот период го одбележал развојот на раните села, земјоделството, припитомувањето на животните, алатките и почетокот на најраните регистрирани војни.[19]

 
Монументалната градба во Луни сул Мињоне во Блера, Италија, 3500 п.н.е.

Населбите станале подолготрајни. Подоцнежните населби имале правоаголни куќички од калливи тули каде што семејството живеело заедно во една или повеќе простории. Погребните наоди сугерираат култ на предците, каде што луѓето ги сочувувале черепите на мртвите. Винчанската култура можеби создала најран систем на пишување.[20] Мегалитските храмски комплекси од Џгантија во Малта се значајни заради нивните гигантски структури..[21] Се чини дека повеќето од облеката била направена од животински кожи. Волната и ленот можеби станале достапни за време на подоцнежниот неолит[22][23]

 
Замислен град од бакарно време,Лос Миларес, Иберија

Халколит

уреди

Во археологијата на Стариот Свет, „халколит“, „енеолит“ или "бакарно време" се однесуваат на преодниот период во кој се појавила металургијата со бакар, заедно со раширената употреба на камените алатки. Во овој период, некои оружја и алати биле направени од бакар. Овој период сè уште во голема мера имал неолитски карактер. Тоа е фаза од бронзеното доба, пред да биде откриено дека додавањето на калај во бакарот ја формира потешката бронза. Бакарното време првично било дефинирано како преод помеѓу неолитот и бронзеното време. Сепак, поради тоа што се одликува со употреба на метали, бакарното време се смета за дел од бронзеното време, а не од каменото доба.

 
Халколитски рудник на бакар Долина Тимна (Израел)

Археолошко наоѓалиште во Србија го содржи најстариот сигурно датиран доказ за производство на бакар на високи температури, пред 7.500 години. Ова откритие во јуни 2010 го проширува познатиот запис за топењето на бакар за околу 800 години и сугерира дека топењето на бакар можеби било измислено во одделни делови на Азија и на Европа, наместо да се шири од еден извор.[24] Појавата на металургија можеби се случила прво во Плодната полумесечина, каде бронзеното доба започнало во 4-от милениум п.н.е. (традиционално видување), иако наодите од Винчанската култура во Европа сега се цврсто датирани порано од оние на Плодната полумесечина. Долината Тимна содржи докази за рударството на бакар пред 9.000 до 7.000 години. Северна Африка и долината на Нил ја увезле нивната железна технологија од Блискиот Исток. Меѓутоа, железното време и бронзеното време се случиле истовремено во голем дел од Африка.

Бронзено време

уреди

Бронзеното време е најраниот период во кој некои цивилизации дошле до крајот на праисторијата, преку воведување на пишани записи. Бронзеното време или неговите делови се сметаат за дел од праисторијата само за регионите и цивилизациите кои усвоиле или развиле систем за водење на пишани записи во подоцнежните периоди. Пронајдокот на пишувањето се совпаѓа во некои области со раните почетоци на бронзеното време. Набргу по појавата на пишувањето, луѓето почнале да создаваат текстови, вклучувајќи пишани извештаи за настани и евиденција за административни работи.

 
Цртеж на орање од Египет. 1200 п.н.е

Терминот бронзеното доба се однесува на период во човечкиот културен развој, кога најнапредната обработка на метали (барем во систематска и широка употреба) вклучува техники за топење на бакар и калај.

Додека бакар е честа руда, во Стариот Свет се ретки рудниците на калај, па честопати морало да се тргува што поттикнало создавање на широки трговски патишта. До крајот на бронзеното време, големите држави, кои често се нарекуваат империи, се појавиле во Египет, Кина, Анадолија (Хетејците) и Месопотамија, каде писменоста била развиена.

Железно време

уреди

Железното време не е дел од праисторијата за цивилизациите кои вовеле пишани записи за време на бронзеното време. Повеќето цивилизации тоа го направиле во железното време, најчесто преку освојување од страна на империите, кое продолжило да се шири за време на овој период. На пример, во поголемиот дел од Европа освојувањето од страна на Римското Царство значи дека терминот железно време по освојувањето се заменил со "римски", "галоримски" и слични термини .

Во археологијата, железното време се однесува на појавата на металургијата. Усвојувањето на железо се совпадна со други промени во некои култури од минатото, честопати со пософистицирани земјоделски практики, религиозни верувања и уметнички стилови. Железото долго време се користело главно за изработка оружје, додека бронзата останала типична за алатките, како и во уметноста .

Хронологија

уреди

Сите датуми се приближни и претпоставени, добиени преку истражувања од областа на антропологијата, археологијата, генетиката, геологијата или лингвистиката. Сите се предмет на ревизија поради новите откритија или подобрените пресметки.

Ран палеолит

(ПС = пред сегашноста)

  • околу 2.8 милиони ПС – се појавил човечкиот род
  • околу 2.5 милиони ПС – доказ за алатки
  • околу 600,000 ПС – лов,собирање
  • околу 400,000 ПС – контрола на огнот
Среден палеолит
  • околу 300,000–30,000 ПС – Неандерталец во Европа.[25]
  • околу 200,000 ПС – Анатомски современ човек (Homo sapiens sapiens) се појавил во Африка
  • околу 170,000?–83,000 ПС – Измислување на облеката[26]
  • околу 75,000 ПС – Суперерупција на вулканот Тоба.[27]
  • околу 80,000–50,000 ПС – Homo sapiens излегува од Африка.[28][29] Во следниот милениум, наследници на оваа популација мигрирале во јужниот дел на Индија,Малајските Острови, Австралија, јапонија, Кина, Сибир, Алјаска и северозападниот брег на Северна Америка.[29]
  • околу 80,000-50,000? ПС – Однесување, јазик и когнитивни вештини
 
Човекот во дивината
 
Пештерска уметност во Алтамира, северна Шпанија
Млад Палеолит
  • околу 45,000 ПС / 43,000 п.н.е – Почеток на Шателперонската култура во Франција.
  • околу 40,000 ПС / 38,000 п.н.е – Прва човечка населба во јужната половина на австралиското копно, од домородните Австралијци (вклучувајќи ги и идните места на Сиднеј,[30][31] Перт,[32] и Мелбурн.[33])
  • околу 32,000 ПС / 30,000 п.н.е – Почеток на Орињачката култура, со пештерско сликарство во пештерата Шове во Франција.
  • околу 30,500 ПС / 28,500 п.н.е – Нова Гвинеја била населена со доселеници од Азија и Австралија.[34]
  • околу 30,000 ПС / 28,000 п.н.е – Заклано стадо ирваси од луѓето во долината Везер во денешна Франција.[35]
  • околу 28,000–20,000 ПС – Граветска култура во Европа. Измислени биле харпуни, игли и пили.
  • околу 26,500 ПС – Последно ледено доба. Потоа, мразот се стопил и ледниците повторно се повлекле (доцни леднички максимали). Во овој период човечките суштества се вратиле во Западна Европа (види магдаленска култура) и за првпат влегле во Северна Америка од Источен Сибир (види Палеоиндијанци).
  • околу 26,000 ПС / 24,000 п.н.е – користење растителни влакна конци за кошници и сл.
  • околу 25,000 ПС / 23,000 п.н.е – Населба од колиби изградени од карпи и мамутски коски подигната во Моравија (Чешка). Ова е најстарата човечка постојана населба пронајдена од археолози.[36]
  • околу 23,000 ПС / 21,000 п.н.е – Одгледување на растенија во Охало II, седентарен камп на ловци и собирачи на брегот на Галилејското Море, Израел.[37]
  • околу 16,000 ПС / 14,000 п.н.е – Скулптура на бизон од глина во пештерата позната како Ле Тук д‘Одубер во Француски Пиринеи, на границата со Шпанија.[38]
  • околу 14,800 ПС / 12,800 п.н.е – Почеток на влажен период. Регионот кој подоцна ќе стане Сахара е влажен и плоден.[39]
Мезолит/Епипалеолит
  • околу 12,500 to 9,500 п.н.е – Натуфиска култура: култивација на житарки во Левант.
 
Скулптура на божица Големата мајка, Македонија
Неолит
  • околу 9,400–9,200 п.н.е – Смокви се одгледувале во раното неолитско село Гилгал I (во долината на Јордан, на 13 километри северно од Ерихон). Припитомување на пченица, јачмен и мешунки - првиот познат пример за земјоделство.[40]
  • околу 9,000 п.н.е – Кругови од камени столбови во облик на Т облик се подигнале во Гебекли Тепе во регионот на Југоисточниот дел на Анадолија во Турција за време на предкерамички неолитски период (PPNA) период.
  • околу 8,000 BC / 7000 п.н.е – Во северниот дел на Месопотамија, сега северен Ирак, започнува одгледувањето на јачмен и пченица. Отпрвин се користеле за пиво, чорба и супа, на крајот и за леб.[41] Во раното земјоделство во тоа време се користел стап за садење, но во следните векови се заменил со примитивен плуг.[42] Во ова време, во Ерихон била изградена тркалезна камена кула, денес сочувана на височина од околу 8,5 метри и 8,5 метри во пречник.[43]
Халколит
  • околу 3,700 п.н.е – Пишувањето на клинесто писмо се појавува во Сумер, а записите почнале да се чуваат. Според многу специјалисти, првото месопотамско писмо било алатка која немала многу врска со говорниот јазик.[44]
  • околу 3,300 п.н.е – Приближниот датум на смртта на смрзнатиот човек "Оци", пронајден сочуван во мразот во Оцталските Алпи во 1991 година. Со телото била пронајдена и бакарна секира, која е карактеристична технологија на оваа ера
  • околу 3,000 п.н.е – Започнала изградбата на Стоунхенџ.[45]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Eddy, Matthew Daniel (2011). „The Line of Reason: Hugh Blair, Spatiality and the Progressive Structure of Language“. Notes and Records of the Royal Society. 65: 9–24. doi:10.1098/rsnr.2010.0098.
  2. 2,0 2,1 Eddy, Matthew Daniel (2011). „The Prehistoric Mind as a Historical Artefact“. Notes and Records of the Royal Society. 65: 1–8. doi:10.1098/rsnr.2010.0097.
  3. Graslund, Bo. 1987. The birth of prehistoric chronology. Cambridge:Cambridge University Press.
  4. Fagan, Brian. 2007. World Prehistory: A brief introduction New York:Prentice-Hall, Seventh Edition, Chapter One
  5. 5,0 5,1 Renfrew, Colin. 2008. Prehistory: The Making of the Human Mind. New York: Modern Library
  6. Matthew Daniel Eddy (Ed.) (2011). Prehistoric Minds: Human Origins as a Cultural Artefact. Royal Society of London.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  7. „праисторија (ж.)| Дигитален речник на македонскиот јазик“. www.makedonski.info (англиски). Посетено на 2018-02-26.
  8. Matthew Daniel Eddy (Ed.) (2011). Prehistoric Minds: Human Origins as a Cultural Artefact. Royal Society of London.
  9. The Prehistory of Iberia: Debating Early Social Stratification and the State edited by María Cruz Berrocal, Leonardo García Sanjuán, Antonio Gilman. Pg 36.
  10. Historical Archaeology: Back from the Edge. Edited by Pedro Paulo A. Funari, Martin Hall, Sian Jones. Pg 8.
  11. Through the Ages in Palestinian Archaeology: An Introductory Handbook. By Walter E. Ras. Pg 49.
  12. The Essence of Anthropology 3rd ed. By William A. Haviland, Harald E. L. Prins, Dana Walrath, Bunny McBrid. Pg 83.
  13. Race and Human Evolution. By Milford H. Wolpoff. Pg 348.
  14. Vanishing Voices : The Extinction of the World's Languages. By Daniel Nettle, Suzanne Romaine Merton Professor of English Language University of Oxford. pp. 102–103.
  15. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-02-03. Посетено на 2009-02-20.
  16. „World Museum of Man: Neolithic / Chalcolithic Period“. World Museum of Man. Архивирано од изворникот на 21 October 2013. Посетено на 21 August 2013.
  17. Lyras; и др. (2008). „The origin of Homo floresiensis and its relation to evolutionary processes under isolation“. Anthropological Science.
  18. Figure 3.3 from First Farmers: The Origins of Agricultural Societies by Peter Bellwood, 2004
  19. The Perfect Gift: Prehistoric Massacres. The twin vices of women and cattle in prehistoric Europe Архивирано на 11 јуни 2008 г.
  20. Winn, Shan (1981). Pre-writing in Southeastern Europe: The Sign System of the Vinča Culture ca. 4000 BC. Calgary: Western Publishers.
  21. Leonard D. Katz Rigby; S. Stephen Henry Rigby (2000). Evolutionary Origins of Morality: Cross-disciplinary Perspectives. United kingdom: Imprint Academic. стр. 158. ISBN 0-7190-5612-8.
  22. Harris, Susanna (2009). „Smooth and Cool, or Warm and Soft: Investigatingthe Properties of Cloth in Prehistory“. North European Symposium for Archaeological Textiles X. Academia.edu. Посетено на 5 September 2013.
  23. „Aspects of Life During the Neolithic Period“ (PDF). Teachers' Curriculum Institute. Архивирано од изворникот (PDF) на 5 May 2016. Посетено на 5 September 2013.
  24. „Serbian site may have hosted first copper makers“. ScienceNews. July 17, 2010. Архивирано од изворникот на 2013-05-08. Посетено на 2018-02-26.
  25. Shea, J. J. 2003. Neanderthals, competition and the origin of modern human behaviour in the Levant. Evolutionary Anthropology 12: 173–187.
  26. „Origin of Clothing Lice Indicates Early Clothing Use by Anatomically Modern Humans in Africa“. Molecular Biology and Evolution. September 2010. Наводот journal бара |journal= (help)
  27. „Mount Toba Eruption – Ancient Humans Unscathed, Study Claims“. Архивирано од изворникот на 2018-07-08. Посетено на 2008-04-20.
  28. Zimmer, Carl (September 21, 2016). „How We Got Here: DNA Points to a Single Migration From Africa“. New York Times. Посетено на September 22, 2016.
  29. 29,0 29,1 This is indicated by the M130 marker in the Y chromosome. "Traces of a Distant Past", by Gary Stix, Scientific American, July 2008, pages 56–63.
  30. Macey, Richard (2007). „Settlers' history rewritten: go back 30,000 years“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 5 July 2014.
  31. „Aboriginal people and place“. Sydney Barani. 2013. Посетено на 5 July 2014.
  32. Sandra Bowdler. „The Pleistocene Pacific“. Published in 'Human settlement', in D. Denoon (ed) The Cambridge History of the Pacific Islanders. pp. 41–50. Cambridge University Press, Cambridge. University of Western Australia. Архивирано од изворникот на 16 February 2008. Посетено на 26 February 2008.
  33. Gary Presland, The First Residents of Melbourne's Western Region, (revised edition), Harriland Press, 1997. ISBN 0-646-33150-7. Presland says on page 1: "There is some evidence to show that people were living in the Maribyrnong River valley, near present day Keilor, about 40,000 years ago."
  34. James Trager, The People's Chronology, 1994, ISBN 0-8050-3134-0
  35. Gene S. Stuart, "Ice Age Hunters: Artists in Hidden Cages." In Mysteries of the Ancient World, a publication of the National Geographic Society, 1979. Pages 11–18.
  36. Stuart, Gene S. (1979). Mysteries of the Ancient World. Ice Age Hunters: Artists in Hidden Cages. National Geographic Society. стр. 19.
  37. The Origin of Cultivation and Proto-Weeds, Long Before Neolithic Farming Ainit Snir et al., PLOS July 22, 2015 DOI: 10.1371/journal.pone.0131422
  38. Stuart, Gene S. (1979). Mysteries of the Ancient World. Ice Age Hunters: Artists in Hidden Cages. National Geographic Society. стр. 8–10.
  39. "Shift from Savannah to Sahara was Gradual", by Kenneth Chang, New York Times, May 9, 2008.
  40. Kislev et al. (2006a, b), Lev-Yadun et al. (2006)
  41. Kiple, Kenneth F. and Ornelas, Kriemhild Coneè, eds., The Cambridge World History of Food, Cambridge University Press, 2000, p. 83
  42. "No-Till: The Quiet Revolution", by David Huggins and John Reganold, Scientific American, July 2008, pages 70–77.
  43. Fagan, Brian M, ed. The Oxford Companion to Archaeology, Oxford University Press, Oxford 1996 ISBN 978-0-521-40216-3 p 363
  44. Glassner, Jean-Jacques. The Invention of Cuneiform: Writing In Sumer. Trans.Zainab, Bahrani. Baltimore: The Johns Hopkins University Press, 2003. Ebook.
  45. Caroline Alexander, "Stonehenge", National Geographic, June 2008.

Надворешни врски

уреди