Средно камено време

Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Средно камено време или мезолит — поим со кој Х.М. Веструп во 1872 г. го означил периодот на ловечко-собирачките заедници и нивната материјална култура од крајот на леденото доба или плеистоценот (10 000 г. п.н.е.), до појавата на земјоделството, т.е. младото камено време (неолит), во раниот и среден холоцен. Овој период понекогаш се означува и со поимитеепипалеолит и протонеолит.

Ги вклучува сите културите коишто хронолошки може да се сместат помеѓу културите на доцниот палеолит и неолитот. Истражувањата вршени во последните дваесеттина години го покажуваат тоа дека мезолитот и не мора да биде општо прифатена етапа во развитокот на човештвото. Мезолитната етапа пред сè се однесува за Северна и Средна Европа. Долната граница која се определува со геоклиматски критериуми е поврзана со границата плеистоцен/холоцен, додека горната граница на мезолитот се определува со економскиот репер - појавата на производствена економика во следната етапа од праисторијатанеолитот.

Самото стопанство во мезолитот претставува веќе познат начин на економија, како што е присвојувањето, со една мала разлика, што тука ловот, собирањето и риболовот се поврзани пред сè со експлоатација на шумските ресурси и водените басени. Тоа доведува и до промена во начинот на ловење, па оттука и до промена на големината на орудијата и начинот на нивното добивање.

Технолошките иновации во материјалната култура се состојат во целосна или делумна микролитизација и геометризација на големиот број камени делкани индустрии, што се огледува во појавата на нови типови на камено и коскено оружје и орудија од рог (секири, мотики, српови, јадици, мрежи, стапици), садови, (керамика), транспорт (скии, санки).Меѓу другото исто така почнува и масовно да се употребува и лакот.

Почнуваат да се појавуваат и некои облици на култивирање и доместикација на одредени растителни (цералии) и животински врсти (куче). Ваквите заедници понекогаш се нарекуваат и протонеолитски заради одликите кои подоцна ќе се исполат.

Сега веќе времето на големите ловечки заедници од старото камено време (палеолит) е поминато. Во мезолитот ловот се распаѓа кога одделни ловци ловеле на начин којшто е поблизок до тој на американските трапери. Мезолитот е сврзан и со обидите на палеолитските групи од Северна и Средна Европа да се приспособат кон новите услови на живот што настапиле со затоплувањето на климата кон крајот на плеистоценот и почетокот на холоценот. Тоа биле групи кои пред сè биле доста конзервативни во својот развиток и живееле претежно во шумска средина.

Во некои делови од Европскиот континент коишто не биле зафатени со последното заледување, не постојат големи климатски промени помеѓу плеистоценоти холоценот, па следствено на тоа се случува да одделни палеолитски групи опстанат како такви сè до неолитот.

Во мезолитот на Европа воглавном преовладуваат две култури именувани по епонимните локалитети во Франција, а тоа се тарденоазиен и кастелновиен. Тарденуазиенот е мезолитска култура која се развива од средината на бореалот до средината на атлантикот (~средина на 7 до средина на 6 милениум пред н.е.) опфаќајќи го пред сè регионот на континентална Европа. Тука спаѓаат Франција, Белгија, Холандија, Швајцарија, Германија и Шведска, каде тој се јавува во повеќе регионални фациеси и претставува супстрат на повеќето доцнопалеолитски култури во регионот на западна и средна Европа.

Погреб Тевјек во Музејот на Тулуза уреди