Школски мат е шаховски поим, кој означува мат на противничкиот крал на полето f7[а] во фазата на отворањето, со употреба на дамата и ловецот.

abcdefgh
8
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
f7 бел дама
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
f6 црн коњ
e5 црн пешак
c4 бел ловец
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
e1 бел крал
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Школски мат по потезите 1.е4 е5 2.Dh5 Sc6 3.Lc4 Sf6 4.Dxf7#

Најчесто, низата на потези по која настанува овој мат е: 1.е4 е5 2.Dh5 Sc6 3. Lc4 Sf6 4.Dxf7#, но истиот исход може да се добие и со друга комбинација, при што најважно е значењето на матниот мотив со дамата и ловецот.

Именување во другите јазици

уреди

Во различни јазици, матот е познат под различни имиња. Така, во германската литература се употребува поимот „овчарски мат“ („Schäfermatt“), што всушност потекнува од францускиот израз „Coup du berger“, со значење „овчарски потег“.[1] Денес, со истото значење, матот се именува и во холандскиот, турскиот, португалскиот и шпанскиот јазик. Во 1956 година, дури бил снимен и краткометражен филм, насловен „Овчарски потег“, во режија на францускиот режисер Жак Вил.

Во руската литература, се употребува поимот „детски мат“ („детский мат“), додека во италијанскиот јазик е познат како „берберски мат“. Во грчкиот, персискиот и арапскиот јазик, матот е познат како „Наполеонов план“. Во данскиот, унгарскиот, словенечкиот и хебрејскиот јазик прифатен е поимот „чевларски мат“.

Во англискиот јазик, матот е именуван како „училиштен мат“, но во англиската литература, често се употребува и поиот „блицкриг“ (Blitzkrieg[б]).

Стратегија

уреди

Матен мотив

уреди
 
Анимација на школскиот мат

Во почетната позиција, сите пешаци се заштитени повеќекратно освен пешаците по линиите с и f. Од нив, несомнено поголемо е значењето на f-пешакот, кој е заштитен само од својот крал, што создава мотив за негов напад. Така, за да се матира црниот крал на пунктот f7, белиот е потребно истиот да го нападне двапати. На почетокот на партијата, ова може најбрзо да се оствари со поставување на дамата на f3 или h5 и ловецот на с4. Тоа може да се оствари во најмалку три потези, по кои белиот би го напаѓал пешакот на f7 двапати и би бил во можност да го матира противничкиот крал во следниот потег. За црниот да го постигне истото, потребно е белиот да му ја препушти инцијативата, по што црниот, водејќи се од истиот мотив, би бил во можност да го матира белиот крал на пунктот f2, ползувајќи ги полињата f6 и h4 за дамата и полето с5 за ловецот.

Избегнување

уреди

За разлика од будалскиот мат, кој ретко се појавува во партија одиграна меѓу шахисти на какво било ниво, школскиот мат е карактеристичен за партии одиграни меѓу почетници. Сепак, и овој мат може многу лесно да се избегне. Така на пример, по најчестата варијанта, по потезите: 1.е4 е5 2.Dh4 Sc6 3.Lc4, наместо 3...S6, по што следува 4.Dxf7#, црниот може да одигра 3...g6, напаѓајќи ја дамата и оневозможувајќи го противникот да матира. Но, по ова, белиот може да ја обнови матната закана со истиот мотив, играјќи 4.Df3, но тогаш со потегот 4...Sf6, црниот ја избегнува оваа закана, притоа ослободувајќи го полето g7 за фјанкетирање на црнополниот ловец. На ова место, со потегот 5.Db3, белиот може да создаде уште една закана, што црниот може да го избегне едноставно, играјќи 5...Dе7. Во настанатата позиција, белиот повеќе не може да ја оствари замислената цела, а од друга страна, црниот е во предност во развојот и се заканува да одигра 6...Sd4.[2] Доколку пак, партијата започне со потезите: 1.е4 е5 2.Df3 Sc6 3.Lс4, црниот заканата може да ја зибегне, едноставно играјќи 3...Sf6. Единствен начин, белиот да ја обнови заканата е ако одигра 4.Db3, по што црниот со 4...De7 ги отфрла сите можности за мат на f7 и се стејкнува со предност во развојот, заканувајќи се да одигра 5...Sd4.

Карактеристични отворања

уреди

Иако, матот се јавува многу ретко во шаховските партии, во теоријата на отворањата се именувани двете варијанти по кои белиот го напаѓа пунктот f7, уште во вториот потег. Првата варијанта настанува по потезите 1.е4 е5 2.Dh5?! и е наречена Перхамов напад, во чест на американскиот мајстор, Бернард Перхам, којшто бил првиот кој истата ја проучувал. Денес, ова отворање се игра ретко од страна на врвните шахисти, од кои најчесто го игра велемајсторот, Хикару Накамура. Втората варијанта е да се нападне пешакот од полето f3 (1.е4 е5 2.Df3?!), која во шахот е позната како Наполеоново отворање, во чест на францускиот генерал и император, Наполеон Бонапарт. Во поново време, ова отворање не се игра во партиите на врвните шахисти.

Значење

уреди

Школскиот мат е најкраткиот начин на којшто може да се матира противничкиот крал, следејќи ги основните принципи на играта во отворањето. Тој претставува шаховска стапица, која е често споменувана во шаховската литература како начин на којшто може брзо да се матира противникот. Матот е дел од бројни шаховски учебници и редовно се изучувуа при изучувањето на шаховските отворања.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  • а Доколку се матира белиот крал, важи истото, но на полето f2.
  • б Преводот на овој германски поим е „громовита војна“, а се употребува со цел да се означи постапката на многу краток и многу брз напад.[3]

Наводи

уреди
  1. Orbán: Schach für Anfänger, стр.252; Friedrich Wilhelm von Mauvillon: Anweisung zur Erlernung des Schachspiels, Essen 1827, стр. 16
  2. Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 74-75
  3. Harvey Kidder: Illustrated Chess for Children, Doubleday, 1960, isbn= 0-385-05764-4

Користена литература

уреди
  • David Vincent Hooper, Kenneth Whyld: „The Oxford Companion to Chess“, Oxford University Press, 1992, второ издание, ISBN 0-19-280049-3.
  • Harvey Kidder: „Illustrated Chess for Children“, Doubleday, 1960, ISBN 0-385-05764-4.
  • Anne Sunnucks: „The Encyclopaedia of Chess“, St. Martins Press, 1970, ISBN 978-0709146971.
  • Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970.