Централно отворање
Централното отворање е шаховско отворање кое настанува со потезите:
Централно отворање | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потези | 1.e4 е5 2.d4 exd4 3.Dx4 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ЕШО | C21,C22 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Предотворање | Отворено отворање | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На Chess Games |
Речиси секогаш црниот, по овие потези игра 3...Sc6, развивајќи фигура и добивајќи на време со нападот на белата дама.
Централното отворање е старо отворање. Од 1900, ова отворање ја изгубило својата популарност, бидејќи немало начин како може белиот да дојде до предност. Меѓу последните големи шахисти кои го играле ова отворање се: Мизес, Тартаковер и Шпилман. По Првата светска војна, ова отворање ретко се играло од страна на врвниоте шахисти, сѐ до неговото поново оживување од страна на Александар Шабалов во осумдесеттите. Од денешните врвни играчи големи придонеси во теоријата на ова отворање имаат дадено Алексеј Широв, Мајкл Адамс, Јудит Полгар и Александар Морозевич кои го фаворизираат црниот во неколку играни линии.
Белиот успева во отстранувањето на црниот e-пешак и отворањето на d-вертикалата, но како цена за тоа го плаќа раното изнесување на дамата која црниот ја напаѓа со темпо, развивајќи го својот коњ. Со наклонетост на белиот, по 4.De3, највообичаен одговор е одигрувањето на потегот 4...d5. Од e3, белата дама може подоцна да се помести на g3 , од каде ќе врши притисок на полето g7.
Надворешни врски
уреди- Harding, Tim (August 1999). „Вампирскиот гамбит: Може ли сега да го закопаме?“. ChessCafe.com, The Kibitzer.
- Harding, Tim (December 2004). „Централното отворање зазема централно место“ (pdf). ChessCafe.com, The Kibitzer.