уреди   

ИГРИ

Игрите се рекреативни активности што вклучуваат еден или повеќе играчи. Една игра може да се дефинира според:

  • А. целта што играчите се обидуваат да ја постигнат
  • Б. одреден сет на правила што одлучуваат што играчите можат а што не можат да прават.

Игрите постојат главно за забава и уживање, но исто така тие можат да имаат и образовна или симулативна улога. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Шах (од персиски: شاه - крал) е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).

Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век).

Во V век во Индија настала посебна врста на воена игра на дрвена плоча која на санскрит го носи називот „чатуранга“, а што значи четвороделен. Чатуранга, далечниот предок на денешниот шах, била игра која го одразувала поредокот на тогашната индиска војска, а која ја сочинувале 4 рода: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна дама). Движењето на фигурите се одредувало со фрлање на коцка. Во VI век играта била прифатена од Персиците („чатранг“), а од нив ја презеле во VII век Арапите и нарекувајќи ја „шатранџ“, во IX век ја пренеле во Шпанија. Според некои истражувачи, шахот води потекло од Кина или Средна Азија. Прочитајте повеќе


уреди   

Предлошки за игри

уреди   

Избрана слика

Игра на домино


уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека популарната игра табла води потекло од староегипетската игра Сенет?
  • ... дека официјалнио таблата за играње Го е со димензии 19х19 полиња, но сепак почетниците најпрвин започнуваат на табли со димензии 9х9 полиња, а потоа 13х13?
  • ... дека стандардната Рубикова коцка е со димензии 3х3х3, но денес е достапна иста ваква коцка и со димензии 7х7х7?
уреди   

Категории

уреди   

Субпортали

уреди   

Игри на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)