Пилкати

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Пилкади)

Пилкати (познато и како Пелкати, Пелкади или Пеликат; грчки: Μονόπυλο, Монопило; до 1928 г. Πελκάτη, Пелкати[2]) — напуштено село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Иако е запустено и во урнатини, селото не е отпишано.

Пилкати
Μονόπυλο
Пилкати is located in Грција
Пилкати
Пилкати
Местоположба во областа
Пилкати во рамките на Нестрам (општина)
Пилкати
Местоположба на Пилкати во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°28′N 20°54′E / 40.467° СГШ; 20.900° ИГД / 40.467; 20.900
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&100000000000010800000001.080 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно0
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во областа Нестрамкол, околу 35 км западно од градот Костур, на источното подножје на планината Гал'мбица по која оди границата со Албанија, на надморска височина од 1.080 м.[3] Пилкати е сместено на левиот брег на реката Бистрица (тука наречена Белица), над селото Јановени.

Историја

уреди

Потекло на селото

уреди

Селото е основано од македонско население доселено од Епир и денешна Албанија. Според преданијата на старите пилкатчани Ристо Нурчовски, Атанас Катиповски и Пандо Белчо, запишани по Граѓанската војна, повеќето семејства на селото водат потекло од Епир и Албанија. Пандо Белчо раскажува дека неговиот дедо Танас Белчо, умрел во 1906 г. на 100 години, носел бела влашка носија и раскажувал, дека неговиот татко е доселеник од Филат.[4]

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Пилкати било македонско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак, едно од петте Јановенски Села. Црквата „Св. Матрона“ е од 1873 г.[5]

Во 1878 г. по Грчкото востание во Македонија заедно со соседното Слимница е разгромено од албанските банди на Абидин. Многу од жителите се преселиле во Костур, а по предавањето на Тесалија на Грција во 1881 г. се преселиле во Големо Кесерли и Трикала.[5]

На почетокот на XX век целото население на Пилкати било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пилкади има 400 Македонци под врховенството на патријаршија и во селото работело грчко училиште.[6][7] Според грчки извори, во 1905 г. во Пилкати имало 337 жители „Грци“.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пилкади се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[9]

Според Георги Константинов Бистрицки Пилкати пред Балканските војни имала 40 македонски куќи.[7][10]

Во првите години на XX век во околината дејствувала албанската чета на качакот Сали Бутка која собирала пари и добиток од Јановени, Пилкати, Слимница и Тухол.[11]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 341 жител. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 308.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека Пилкати има 60 куќи на словени (Македонци) христијани.[3]

Во 1928 г. населението броело 315 жители. Истата година училиштето го посетувале 59 деца, а детската градинка имала 24 деца. Пред Втората светска војна, бројот на деца се зголемил за 120.[5] Истата година, името на селото било променето во Монопило (Μονόπυλο).

За време на Втората светска војна, во летото 1942 г. селото е изгорено од три германски баталјони заедно со Омотско, Слимница и Јановени со цел да се ликвидираат партизанските бази.[12]

За време на Граѓанската војна селото многу настрадало и на 18 јули 1947 г. жителите го напуштиле,[5] преминувајќи во посигурните источноевропските земји.[3] Со указ од 23 декември 1953 г. атарот на Пилкати е припоен кон атарот на Тухол.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 297 0 0 0 0 0 20 0 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Пилкати во минатото претставувало самостојна општина.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Омотско, Стенско, Радигоже, Слимница и Тухол.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Личности

уреди

Родени во Пилкати

  • Христо Таки Белчо (1921 - 1945)
  • Пандо Влахов (1903 - 1945)

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Pelkati -- Monopylon“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-09-09.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 37.
  4. Раптис, Михалис (1977). Фолклорот на Јановенските села во Костурско. Скопје: Институт за фолклор. стр. 12.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „ΔΥΤΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ - Καστοριά - Φούσια - Τρίλοφο - Μονόπυλο - Γιαννοχώρι - Λιβαδοτόπι - Γράμμος 6ο από 8“. www.elladosperiigisis.gr. Посетено на 2023-09-09.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.180-181.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Monopilo“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  10. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  11. „Η Ιστορία του Πεύκου“. Pefkos.gr. Посетено на 26 јануари 2021.
  12. Giamov, Yana (2013). Beyond the Mountains. The life story of two partisans Vasil and Elena Radis (PDF) (англиски). стр. 40. Посетено на 9 септември 2023 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)