Качаци
Качаци (албански: kaçak) — поим што се користи за албанските бандити кои биле активни кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во северна Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија, а подоцна и како термин за милициите на албанските револуционерни организации против Кралството Србија (1910– 18) Кралство Југославија (1918–24), наречено „Качачко движење“.
Етимологија
уредиЗборот е изведен од турскиот збор kaçmak за „одметник“.[1][2]
Историја
уреди1920–24 Качачко движење
уредиКомитетот за национална одбрана на Косово (албански: Komiteti për Mbrojten Kombëtare e Kosovës) е создаден во Скадар, под Хасан Приштина, во 1918 година. Комитетот организациски и финансиски ги подржувал качаците во областите населени со Албанци на Југославија, во Косово и Скопје (поранешен Косовски Вилает). Качаци дејствувале и околу Охрид и Битола. [3] На 6 мај 1919 година Комитетот повика на општо востание во Косово и во другите области населени со Албанци во Југославија. Качаците биле популарни меѓу Албанците, а локалната поддршка за нив се зголемила во 1920-тите кога Хасан Приштина стана пратеник во албанскиот парламент, Хоџе Кадриу стана министер за правда, а Бајрам Цури стана министер за војна (1921). Сите тројца биле косовски Албанци. За тоа време, косовските Албанци под команда на Азем Галица започнале вооружена борба, позната и како „Качачко движење“,[4] бунт од големи размери во Дреница во кој учествувале околу 10.000 луѓе под Галица. Востанието било задушено од југословенската војска.[5] Вооружените конфликти меѓу југословенската војска и качаците се случиле во годините 1920 и 1921 година,[6] 1923 година,[7][8] со заживување во 1924 година. Едно од достигнувањата било создавањето на „неутрална зона“ околу Јуник која ќе послужи за загрозување на границата и обезбедување муниција и друга логистичка поддршка за качаците.
Наследство
уредиТие се широко прикажани во албанскиот фолклор.[9][10][11] Албанските колаборационисти во Југославија за време на Втората светска војна биле познати и како Качаци.[12]
Забележителни луѓе
уреди- Бајрам Цури (1862–1925)
- Азем Галица (1889–1924)
- Ќериме Шоте Галица (1895–1927) [13]
- Зеф Кол Ндока (1883-1924)
- Хисни Кури (?-1925)
- Ајет Сопи Блата
- Аган Која
- Мехмет Паше Дерала
- Сали Бутка
- Осман Така
- Аслан Кури
- Идриз Сефери
- Бајрам Балота
- Садик Рама
- Иса Болетини
- Јусуф Мехоња
Наводи
уреди- ↑ Cerwyn Moore (2010). Contemporary Violence: Postmodern War in Kosovo and Chechnya. Oxford University Press. стр. 117–. ISBN 978-0-7190-7599-5.
- ↑ Robert Bideleux; Ian Jeffries (24 January 2007). The Balkans: A Post-Communist History. Routledge. стр. 522–. ISBN 978-1-134-58328-7.
- ↑ Hugh Poulton (1995). Who are the Macedonians?. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 92–. ISBN 978-1-85065-238-0.
- ↑ Cerwyn Moore (2010). Contemporary Violence: Postmodern War in Kosovo and Chechnya. Oxford University Press. стр. 117–. ISBN 978-0-7190-7599-5.
The greatest and most celebrated Kachak leader was Azam Bejta (1889–1924), who kept his native Drenica, the central district of Kosovo.
- ↑ Robert Elsie (November 15, 2010), Historical Dictionary of Kosovo, Historical Dictionaries of Europe, 79 (2. изд.), Scarecrow Press, стр. 64, ISBN 978-0810872318
- ↑ Bujar Lulaj (2012-09-22), Rrefimet e sekretarit konfidencial te Bajram Currit (албански), Dielli, Архивирано од изворникот на 2014-02-01, Посетено на 2014-01-31
- ↑ Studia Albanica (француски), 26, Universiteti Shtetëror i Tiranës; Instituti i Historisë (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë), 1989, стр. 29, ISSN 0585-5047, OCLC 1996482
- ↑ Studime historike (албански), 41, Akademia e Shkencave, Instituti i Historisë, 1987, стр. 63, ISSN 0563-5799, OCLC 3648264
- ↑ Dhimiter Shuteriqi (1971). Historia e letërsisë shqipe. 1–2 (2. изд.). Enti i teksteve dhe i mjeteve mësimore i Krahinës Socialiste Autonome të Kosovës. стр. 101. OCLC 8692190.
- ↑ Instituti i Gjuhësisë dhe i Letërsisë (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë), Universiteti Shtetëror i Tiranës. Instituti i Historisë dhe Gjuhësisë (1970). Studime Filologjike. Akademia e Shkencave e RPSSH, Instituti i Gjuhesise dhe i Letersise. стр. 71–75. ISSN 0563-5780. OCLC 29286220.
- ↑ Spiro Shetuni (April 21, 2011). Albanian Traditional Music: An Introduction, with Sheet Music and Lyrics for 48 Songs. Mcfarland. стр. 78. ISBN 978-0786464494.
- ↑ Hans-Christian Petersen, Samuel Salzborn (2010). Antisemitism in Eastern Europe: History and Present in Comparison. Bern: Peter Lang p. 97.
- ↑ Papleka, Feride. „Shotë Galica, një Zhan d'Ark shqiptare“. Gazeta-Shqip.com. Gazeta Shqip. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 1 May 2020.