Горички Санџак
Горички Санџак (турски: Görice sancağı) — (санџак) на Отоманското Царство со седиште во градот Горица (Корча) во Албанија. Основан е во XV век со османлиското освојување на подрачјето, а престанал да постои во Балканските војни (1912–13). Од 1874 до 1912 г. бил еден од санџаците на Битолскиот Вилает. Ја опфаќал територијата на југоисточна Албанија и северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Македонците живееле на целата нејзина територија, а особено мнозинство биле во Горичката и Костурската каза.
Кази
уредиСанџакот бил сочинет од следниве кази:
- Горичка
- Поградечка (Истарова)
- Ерсечка (Колоњска)
- Костурска
Население
уредиСпоред рускиот конзул во Битола, А. Ростковски, заклучно со 1897 г. санџакот броел вкупно 175.702 жители, од кои 113.303 Албанци (81.262 муслимани и 32.035 христијани — во обете групи вклучувајќи албанизирани Македонци), 38.235 Македонци (30.008 под патријаршисти и 8.227 под [[Бугарска егзархија|под врховенството на Бугарската егзархија]]). Имало 9.549 Грци христијани и 294 Грци муслимани, главно во градот Костур. Власите броеле 9.377 лица (3.297 во Горичко и 6.080 во Костурско).[1]
Наводи
уреди- ↑ „Једна статистика из средње Маћедоиније“. Нова Искра (15–16): 251. 26 јули 1899.
Литература
уреди- Altuğ, Uğur (2010). „Premeti, Görice ve Havalisinde Hıristiyan Sipahiler“. II. Murad Dönemine ait Tahrir Defterlerinin yayına hazırlanması ve bu malzemeye göre tımar sistemi, demografi, yerleşme ve topoğrafya üzerinde araştırmalar. Ankara.
Надворешни врски
уреди- „Отоманските кази пред 1908 г.“ (PDF). Наводот journal бара
|journal=
(help) (турски)