Џесика Частејн
Џесика Мишел Частејн (родена на 24 март 1977 г.)[2][3] — американска глумица.
Џесика Частејн | |
---|---|
Частејн на фестивалот во Торонто во 2015 | |
Роден(а) | Џесика Мишел Частејн 24 март 1977[1] Сакраменто Калифорнија, САД |
Занимање | Глумица |
Активен период | 2004–сè уште |
Частејн ја започнала својата холивудска кариера со гостински улоги во неколку телевизиски серии, остварувајќи го своето филмско деби во драмата Џолин (2008). Во 2011 година, таа се здобила со светска популарност со улогите во филмовите Засолниште, Дрво на животот и Слугинки, а за нејзината изведба во Слугинки таа добила номинациии за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.
Частејн добила светско признание со улогата во акциониот трилер 00:30 – Тајна операција (2012), освојувајќи ја наградата на филмските критичари, како и Златниот глобус за најдобра глумица, а исто така била номинирана за Оскар за најдобра глумица. Таа исто така глумела во Интерстелар (2014), Најнасилна година (2014), за кој добила номинации за Златен глобус и за наградата на критичарите, и во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Во 2012 година, таа била именувана од списанието Тајм на списокот „сто највлијателни луѓе во светот“.[4]
Ран живот
уредиЧастејн е родена во Сакраменто, Калифорнија. Нејзината мајка Џери Рене се занимава со веганство и е позната веганска готвачка. На нејзиниот извод на родени не е наведен нејзиниот татко. Таа била израсната од нејзината мајка и очув, Мајк Лерој Хасти, кој е пожарникар. Таа е многу блиска со нејзината баба Мерилин, која била нејзина придружба на доделувањето на оскарите во 2012 и 2013 година.[5][6][7]
Таа завршила на средното училиште Ел Камино во Сакраменто во 1995 година,[8][9] а потоа запишала политика на Универзитетот Сакраменто, каде била член на дебатниот тим.[10] Во 1998 година, таа ја добила улогата на јулија во драмата Ромео и јулија, која ја продуцирала компанијата TheatreWorks од Сан Франциско.[11] Таа добила стипендија од фондот на Робин Вилијамс за да се школува во њујоршката школа Juilliard School,[12][13] каде била член на одделот за глума. Таа била активен учесник во драмскиот оддел и играла во неколку театарски претстави и во студентски филмски проекти. Таа дипломирала во 2003 година.[14][15]
Личен живот
уредиЧестејн е разделена од нејзиниот биолошки татко и одбива да ги потврди различните вести за неговиот идентитет. Во интервју за Vogue во 2013 година, таа изјавила дека на нејзиниот извод на родени не фигурира нејзиниот татко и дека таа го смета нејзиниот очув Мајкл Хасти, за нејзин татко.[16]
Таа има две помлади сестри и два помлади браќа. Во 2014 година, таа открила дека нејзината вмешаност во непрофитната организација To Write Love on Her Arms била поттикната од самоубиството на една од нејзините сестри.[17]
Џастејн е феминистка[18] и веганка.[19] Од јуни 2015 година, таа живее во стан во Њујорк.[20][21]
Таа била во долга љубовна врска со режисерот Нед Бенсон пред да се разделат во 2010 година.[22] Од 2012 година, таа е во врска со италијанецот Џанлука Паси де Пропосуло кој е извршен директор на италијанскиот моден бренд Монклер.[23]
Филмографија
уредиФилм
уредиНаслов | Година | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
Џолин | 2008 | Џолин | |
Украдени животи | 2009 | Сали Ен | |
Западњак | 2010 | Мајката на Даниел | Краткометражен филм; исто така продуцент |
Долг | 2010 | Рејчел Сингер (млада) | |
Засолниште | 2011 | Саманта | |
Кориолан | 2011 | Виргилија | |
Дрво на животот | 2011 | Г-ѓа О'Брајан | |
Слугинки | 2011 | Силија Фут | |
Салома | 2011 | Салома | Документарен филм |
Тексашки полиња на смртта | 2011 | Детектив Пем Стал | |
Мадагаскар 3: Најбараните во Европа | 2012 | Џија (глас) | |
Без закон | 2012 | Меги Бауфорд | |
Боја на времето | 2012 | Г-ѓа Вилијамс | |
00:30 – Тајна операција | 2012 | Маја | |
Мама | 2013 | Анабел | |
Исчезнувањето на Елеонор Ригби | 2013 | Елеонор Ригби | Колективно име на три филма; Исто така продуцент |
Госпоѓица јулија | 2014 | Госпоѓица јулија | |
Интерстелар | 2014 | Марфи Купер | |
Најнасилна година | 2014 | Ана Моралес | |
Единство | 2015 | Раскажувач | Документарен филм |
Марсовец: Спасувачка мисија | 2015 | Мелиса Луис | |
Пурпурен врв | 2015 | леди Лусил Шарп | |
Ловецот | 2016 | Пост продукција | |
Сопругата на чуварот на животни | 2016 | Антонина Жабинска | Се снима |
Телевизија
уредиНаслов | Година | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
Ургентен центар | 2004 | Дахила Таслиц | Епизода: „Forgive and Forget“ |
Вероника Марс | 2004 | Сара Вилијамс | Епизода: „The Girl Next Door“ |
Закон и ред: Судење пред порота | 2005–06 | Сигрун Борг | Епизоди: „41 Shots“, „Vigilante“, „Eros in the Upper Eighties“ |
Близу дома | 2006 | Кејси Вирт | Епизода: „The Rapist Next Door“ |
Доказ | 2006 | Лаура Грин | Епизода: „Pilot“ |
Црна брада | 2006 | Шарлот | телевизиска мини-серија |
Патешественик | 2007 | Тана Блум | Епизода: „Friendly Skies“ |
Поаро | 2010 | Мери Дебенхам | Епизода: „Murder on the Orient Express“ |
Наводи
уреди- ↑ „Monitor“. Entertainment Weekly (1252): 30. March 29, 2013.
- ↑ Derakhshani, Tirdad (November 17, 2012). „Sideshow: Jessica Chastain, uneasy star“. Philadelphia Daily News. Посетено на January 17, 2013.
- ↑ Peretz, Evgenia (September 2012). „Jessica Chastain on Her Rise in Hollywood“. Vanity Fair. Посетено на January 17, 2013.
- ↑ Oldman, Gary (April 18, 2012). „Jessica Chastain – 2012 TIME 100: The Most Influential People in the World“. Time. Архивирано од изворникот на 2013-01-20. Посетено на January 17, 2013.
- ↑ Palmer, Martyn (November 21, 2011). „Jessica Chastain: Meet the actress who's firing up the A-list“. Daily Mail. London. Посетено на December 2, 2011.
- ↑ Wheat, Alynda (June 13, 2011). „Picks and Pans Main: Movies“. People. Архивирано од изворникот на 2013-01-16. Посетено на January 25, 2012.
- ↑ „EXCLUSIVE: Revealed, the three secret sisters of Oscar nominee Jessica Chastain - and the suicide that broke her real father's heart“. Daily Mail UK. февруариy 15, 2013. Посетено на февруариy 14, 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Bradshaw, Jennifer (26 јануари 2012). „The Help Cast Before They Were Stars: Jessica Chastain as Essie in You Can't Take It With You, Senior Yearbook Photo, 1995“. Snakkle.com.
- ↑ „Oscar-Nominated Actress Started On Path To Stardom At El Camino High“. CBS. 11-1-2013. Посетено на 28-7-2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Hall, Joseph (26-10-2011). „Debating greatness: City College Speech and Debate team scores a winning streak“. Sac City Express. Sacramento City College. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Zimmerman, Heather (30 април 1998). „Bard's Pair as Dublin Duo: TheatreWorks updates 'Romeo and Juliet' to strife-torn Ireland“. Metro Newspapers. Посетено на 28-7-2014.
Travis Engle and Jessica Chastain as Romeo and Juliet ... Engle and Chastain, themselves 17 and 21
Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ „Robin Williams changed my life. He was a great actor and a generous person. Through a scholarship, he made it possib…“. Twitter. August 11, 2014. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Iredale, Jessica (November 11, 2013). „Possible Conversations: Karl Lagerfeld and Jessica Chastain“. WWD. Архивирано од изворникот на 2014-11-03. Посетено на November 12, 2013.
- ↑ „Juilliard School Newsletter“. September 6, 2011. Посетено на April 6, 2012.
- ↑ „Jessica Chastain: Robin Williams Put Her Through College“. WebProNews.com. August 18, 2014. Посетено на февруариy 14, 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Jessica Chastain lands first Vogue cover, breaks silence about biological father's death“. November 12, 2013. Посетено на September 30, 2014.
- ↑ Adams, Thelma (September 17, 2014). „Jessica Chastain Talks About Getting Through a Painful Year — and How 'Interstellar' Made Matthew McConaughey Cry“. Посетено на September 30, 2014.
- ↑ Smith, Nigel M (December 16, 2014). „Jessica Chastain on 'A Most Violent Year' and Hollywood's Woman Problem“. Indiewire. Посетено на December 16, 2014. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Jessica Chastain: Gaining 15 Pounds for The Help Was "Torture"“. Us Weekly. August 11, 2011. Посетено на October 15, 2011.
- ↑ David, Mark (12 March 2015). „Jessica Chastain Picks Up Showbiz Pedigreed Pad in NYC“. Variety. Посетено на 18 October 2015.
- ↑ „DP/30: Crimson Peak (and The Martian), Jessica Chastain“. YouTube. 18 October 2015. Посетено на 18 October 2015.
- ↑ Yuan, Jada (May 22, 2014). „Jessica Chastain on Cannes, Her Wonderful Facebook Page, and Having to Keep Interstellar Secrets“. Vulture. Посетено на September 14, 2014.
- ↑ Ravitz, Justin (февруариy 22, 2013). „Jessica Chastain, Boyfriend Gian Luca Passi de Preposulo Getting Serious“. US Weekly. Посетено на March 11, 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Џесика Частејн“ на Ризницата ? |
- Џесика Частејн на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Џесика Частејн — Internet Broadway Database (англиски)
- Џесика Частејн на Internet Off-Broadway Database