My Bloody Valentine

Ирска рок-група

My Bloody Valentine (транскрипција: Мај блади валентајн; често стилизиран со мали букви или скратено како MBV) ― ирско-англиска алтернативна рок-група основана во Даблин во 1983 година и до 1987 година била составена од основачките членови Кевин Шилдс (пејач, гитара, семплер) и Колм О'сисоф (тапани и семплер), Билинда Бучер (пејачка, гитара) и Деби Гуг (бас-гитара). Групата се смета за пионер во шугејз музичкиот жанр.

My Bloody Valentine
My Bloody Valentine на концерт во Хелсинки во 2013
Животописни податоци
ПотеклоДаблин, Ирска
Жанрови
Период на активност
  • 1983–1997
  • 2007–денес
Издавачи
Мреж. местоmybloodyvalentine.org

По неколку неуспешни албуми и по промените во составот, My Bloody Valentine во 1988 година потпишале со Creation Records. Групата со оваа издавачка куќа објавила неколку успешни EP-а и албумите Isn't Anything (1988) и Loveless (1991); Loveless се смета за нивен магнум опус и за еден од најдобрите рок-албуми на сите времиња. My Bloody Valentine биле отфрлени од Creation по објавувањето на албумот поради големите трошоци за продукција на албумот. Во 1992 година, групата потпишала договор со Island Records и снимила песни доволни за неколку албуми кои не биле објавени, а групата во тој период била претежно неактивна.

Гуг и О'сисоф ја напуштиле групата во 1995 година; а во 1997 година од групата заминала Бучер. Не можејќи да направи албим на ниво од Loveless, Шилдс се изолирал и, според неговите зборови, „полудел“. Во 2007 година, My Bloody Valentine повторно се обединиле и тргнале на светска турнеја. Во 2012 година, ја објавиле компилацијата EP's 1988-1991. Нивниот долго одложуван трет студиски албум, m b v, бил издаден во 2013 година по кој следувале неколку турнеи.

Дискографија

уреди
  • Isn't Anything (1988)
  • Loveless (1991)
  • m b v (2013)

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име sgz.
  2. McGonial 2007, стр. 31.
  3. Sutherland, Mark (13 March 2013). „My Bloody Valentine Bring the Noise in London“. Rolling Stone. Посетено на 7 January 2018.
  4. Reynolds, Simon (1 December 1991), „Pop View; 'Dream-Pop' Bands Define the Times in Britain“, The New York Times, Посетено на 7 March 2010
  5. Reynolds, Simon. „My Bloody Valentine: The Opposite of Rock'N'Roll“. SPIN. Spin. Посетено на 28 June 2024.
  6. Goddard, Michael, with Benjamin Halligan and Nicola Spellman (2013). Resonances: Noise and Contemporary Music. Bloomsbury Publishing. стр. 70. ISBN 978-1441159373. The more contemporary Anglo-Irish experimental rock band My Bloody Valentine were notorious for employing loud volumes in live performances; their reunion concerts in 2008 and 2009 were noteworthy for the controversy around the extreme loudness, with earplugs on offer at the doors and some audience members leaving because they felt 'physically distressed' by the noise.
  7. Petridis, Alexis (27 May 2021). „My Bloody Valentine's Kevin Shields: 'We wanted to sound like a band killing their songs'. The Guardian. Посетено на 7 September 2023.

Надворешни врски

уреди