Рене Домал
Рене Домал (француски: René Daumal, роден на 16 март 1908 во Булзикур - починал на 21 мај 1944 во Париз) — француски поет и писател, приврзаник на движењето надреализам.
Рене Домал | |
---|---|
Роден/а | 16 март 1908 Булзикур, Франција |
Починат/а | 21 мај 1944 Париз, Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Книжевно движење | Надреализам |
Биографија
уредиРене Домал е роден на 16 март 1908 во Булзикур, Франција. Неговиот татко бил наставник и државен службеник во Министерството за финансии, посветен на социјализмот и противник на свештенството. Домал заедно со уште свои тројца пријатели во Ремс ја основале групата „Phrères simplistes“, особено инспирирани од Алфред Жари, Артур Рембо и надреалното.
Во доцните тинејџерски години неговата авангардна поезија била објавена во водечките списанија во Франција. Тој е најдобро познат по неговите два романи: „La Grande Beuverie“ и „Le Mont Analogue“.
Рене Домал се оженил со Вера Миланова, поранешната сопруга на поетот Хендрик Крамер, која пак по смртта на Домал, се омажила за архитектот Расел Пејџ. Ненадејна и прерана смрт на Домал од туберкулоза на 21 мај 1944 година во Париз можеби била предизвикана поради експериментите кои ги правел на млади години со дроги и психоактивни хемикалии, вклучувајќи јаглерод тетрахлорид. Тој починал оставајќи го неговиот роман Mount Analogue недовршен, на кој работел до денот на неговата смрт.
Надворешни врски
уреди- Рене Домал на Ризницата
- René Daumal Works Gurdjeiff International Review
- Holy War
- Skin of Light and Last Letter to his Wife
- Poetry Black Poetry White
- Works by René Daumal (public domain in Canada)