Metacritic
Metacritic е мрежно место која дава средна оцена за музички плочи, видео игри, филмови и книги. Оваа страница работи на уникатен принцип. Имено, најпрво собира рецензии од повеќе угледни изданија, а потоа врз основа на нив одредува средна оцена. Потребни се најмалку четири рецензии за да може да се изработи средна оцена.
Вид место | рецензии |
---|---|
Сопственик | CBS Interactive |
Адреса | Metacritic.com |
Место на Алекса | 2,586 (за септември 2013)[1] |
Комерцијално | да |
Зачленување | слободна |
Оваа страница била основана од Џејсон Диез, Марк Дојл и Џули Дојл-Робертс во 2001 година.[2] Нејзиниот начин на рангирање честопати е споредуван со оној на Rotten Tomatoes, со таа разлика што вторите изработуваат просек само за филмови. Интересно е тоа што во процесот на обработка на податоците, Metacritic ги претвораат оцените во процентни бодови (на пример „A“ носи 100 бода; „B-“ е 67 бода итн). Податоците од Metacritic ги користат неколку поважни публикации, меѓу кои и Википедија.
Табела со вредносни бодови
уредиОпис | Видео игри | Филмови/ТВ/музика |
---|---|---|
Општо одобрување | 90–100 | 81–100 |
Задоволително | 75–89 | 61–80 |
Средно или просечно | 50–74 | 40–60 |
Незадоволително | 20–49 | 20–39 |
Општо неодобрување | 0–19 | 0–19 |
Наводи
уреди- ↑ „Metacritic.com Site Info“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2013-09-01.
- ↑ „Columbia Journalism Review - CJR's guide to what the major media companies own“. Архивирано од изворникот на 2016-04-17. Посетено на 2011-11-28.