Граници на Општина Центар
Границите на Општина Центар, Скопје се опишуваат на следниов начин:
- Река Вардар, пешачка патека кон резиденцијата на М.П.Ц. до бул. „Никола Карев“ („Југославија“), по оската на бул. „Никола Карев“, до крстосницата со ул. „Славеј Планина“ (на југ), по оската на ул. „Славеј Планина“ (покрај Ромско теќе) до крстосницата со ул. „Прохор Пчински“, продолжува на исток по оската на ул. „Славеј Планина“ (коса улица) до ул.„Јоаким Крчовски“ (кај Турска Амбасада), со дел од ул. „Прохор Пчински“ (кај Мурат Пашина Џамија) до ул. „Самоилова“.Понатаму границата продолжува по оската на ул. „Самоилова“ потоа свртува лево во паркот кај споменичкиот комплекс „Свети Спас“, кон ул. „Лазар Танев“ до крстосницата со ул. „Јоргаџиска“ по оската на ул. „Јоргаџиска“ и Подграѓе ( на југ) до платото пред Стоковна куќа „Мост“, се спушта долу и по оската на Булевар „Гоце Делчев“ оди кон крстосницата со бул.„Крсте Мисирков“, свртува на север по бул. „Крсте Мисирков“ до сервисната улица зад паркиралиштето на Универзитетот „Кирил и Методиј“, продолжува по оградата на универзитетот до бул. „Никола Карев“ (Југославија), по оската на бул. „Никола Карев“ до ул. „Беласица“ на север по оската на ул. „Беласица“ до реката Вардар, по оската на железничкиот мост до оградата на Тутунски комбинат до рампа Кисела Вода, на запад по оската на бул. „Македонија“ до надвозникот, се спушта долу и по оската на улиците „Бихаќка“ и „Црниче“ оди до Институтот за сеизмологија на падините на Водно, кон запад продолжува по падините на Водно над хотел „Скала“ и Олимпијада во правец на Детска болница за Т.Б.Ц, Скопје и улица „Загрепска“ во новата населба према север се спушта по оската на ул. „Загрепска“ до Црквата Капиштец и крстосницата со ул. „Козле“ и „Васил Ѓоргов“, продолжува на исток по оската до ул.„Васил Ѓоргов“ до крстосницата со ул. „Рузвелтова“ на север по оската на ул. „Рузвелтова“ ги сече ул. „Иво Рибар Лола“, бул.„Партизански одреди“ и ул. „Орце Николов“ до ул.„Илинденска“, продолжува на исток по оската на ул. „Илинденска“ до сервисната улица пред оградата на Зоолошката градина, према север до сервисната улица пред оградата на Зоолошката градина до влезот на Забавниот парк и према исток и север по сервисната улица пред оградата на Забавниот парк до пешачкиот мост на реката Вардар.
Извор
уреди- Официјално мрежно место на Општина Центар - Граници на општината Архивирано на 13 октомври 2016 г.