Роберт Гајдик - Славко, понекаде со погрешно презиме Гајдиќ (чешки: Robert Gajdik; 1923 во Злин, Чехословачка14 јануари 1942 во Липљан, Косово) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија и Југославија во НОБ од чешко потекло.[1]

Роберт Гајдик
Роден 1923 година
Чехословачка
Починал 14 јануари, 1942 година
Липљан, Косово тогаш под Србија
Јавно стрелан.

Животопис

уреди

Роберт Гајдик е роден во Злин, Чехословачка. Неговите родители претходно биле доселени во Скопје, каде татко му работел како инженер во ХЕЦ „Матка“[2]. Останал во Злин, работејќи во познатата фабрика за чевли „Бата“. Со окупацијата на Чехословачка во 1938 г. им се придружил на родителите во Скопје, до каде допатувал на велосипед.[3][4] Завршил градежен отсек на Среднотехничкото училиште и станал член на СКОЈ во 1939 г.

По налог на Месниот комитет на КПЈ за Скопје, се вработил во рудникот „Радуша“ како главен магационер (првата половина на 1941 г.). Со група младинци, истата година по повод Први мај истакнал црвено знаме на Дивизиската зграда во Скопје, а на почетокот на јуни учествувал во палењето на германски транспортен авион „Јункерс Ју 52“ на Скопскиот аеродром. Илегално ја снабдувал Скопската организација на КПЈ со експлозиви и станал борец на Првиот скопски партизански одред на 22 август 1941 г., заедно со Дане Крапчев, Васил Антевски - Дрен, Боро Петрушевски, Невена Георгиева - Дуња, Раде Јовчевски - Корчагин и други. Во септември оди во Куманово и ги обучува идните борци на кумановските партизански одреди за ракување со експлозив. Во Куманово останува 12 до 15 дена.

По апсењето од Гестапо во ноември 1941 г., успеал да избега и се вработил во Приштина. Наскоро станал борец на партизанскиот одред „Зејнел Ајдини“ (од почетокот до крајот на 1942 г.). Поради болест продолжил со заднинска работа, изработувајќи оружје и рачни бомби, но бил уапсен при провалата во селото Суви Дол, Косово, одведен во Липљан и јавно стрелан.[4][5]

Чествување

уреди
 
Спомен обележје на Роберт Гајдик во Скопје

Во Скопје работи здружението на граѓани „Роберт Гајдик“ во спомен на овој деец, како и урбаната заедница „Роберт Гајдик“[1] во рамките на Општина Центар.[6] Во непосредна близина се наоѓа и неговиот споменик, изграден во 1972 година на местото на неговата куќа.

Неговото дело се чествува веќе подолг период, а почнувајќи од 2013 година на церемонијата официјално учествува и амбасадата на Чешка во Македонија.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Гајдик, Роберт - Славко“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 330. Text "series " ignored (help)
  2. „Одбележана 71 година од смртта на народниот херој Роберт Гајдик“. Курир. 14 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-17. Посетено на 18 август 2015.
  3. 3,0 3,1 „Одбележување на споменот за Роберт Гајдик“. Амбасада на Чешка Република во Скопје. 3 март 2015. Посетено на 18 август 2015.
  4. 4,0 4,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 43. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 123. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  6. „Урбани заедници“. Општина Центар. Архивирано од изворникот на 2015-08-17. Посетено на 18 август 2015.