Ола

село во Драмско, Егејска Македонија

Ола (Ола Бекташ или Ула Бекташ; грчки: Πλατανόβρυση, Платановриси)[2][3] — село во Општина Бук на Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Ола
Πλατανόβρυση
Ола is located in Грција
Ола
Ола
Местоположба во областа
Ола во рамките на Драма (општина)
Ола
Местоположба на Ола во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10′N 24°22′E / 41.167° СГШ; 24.367° ИГД / 41.167; 24.367
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно58
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 23 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 320 метри. Северно од селото се наоѓа вештачкото Олско Езеро на реката Места, во чие продолжение на запад е и поголемата акумулација Черешовско Езеро.

Историја

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 450 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Платановриси.[5]

Демографија

уреди

До 1928 година во селото биле населени 248 бегалци од Турција[6]. Во 1928 година селото броело 248 жители, додека во 1940 година селото броело 170 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 176 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 160 жители, во 1971 година имало 56 жители, во 1981 година имало 36 жители, додека во 1991 година имало 23 жители[7]. Денеска, населението на селото е 58 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 393 297 285 171 125 161 162 58
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  5. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47.