Свети Сава (друштво)
Друштво „Свети Сава“ — српска културно-просветна и пропагандна организација активна во Македонија и Стара Србија за поддршка на големосрпската идеја. Создадено е во 1886 година во Белград [1]. Таа организира во Србија специјални училишта за деца од Македонија и развива пропагандна дејност меѓу македонските гурбетчии во Србија. Само три години подоцна, негово раководно тело станува одделение при Министерството за надворешни работи. Изведувачи на активностите на овој државен орган се српските конзулати во Отоманското Царство. Министерството за надворешни работи во Белград ја зголемува значително големината на финансиските средства наменети за потребите на пропагандата во Македонија. Како резултат на тоа Србите почнуваат да отвораат училишта и да формираат религиозно-просветни здруженија во Скопскиот и Битолскиот вилает. Подоцна македонските стипендисти стануваат ’рбетот на српската вооружена пропаганда во Македонија. Забранета е од комунистичките власти во 1944 година, а својата активност ја обновува во 1993 година.
Основана | 1886 |
---|---|
Вид | културно-просветна и пропагандна организација |
Цел | Заштита на Србита во Османлиската империја, Стара Србија и Македонија, и во Австроунгарска Босна и Херцеговина |
Место | Белград, Србија |
Клучни лица | |
Припадност | Српски комитет на четничката акција (est. 1902) |
Наводи
уреди- ↑ Антони Гиза, Балканските държави и македонския въпрос, I. Македонските земи в края на XIX в., гл. 9. Отношението на албанците и другите съседи към Македония, Македонски Научен Институт София, 2001.
Надворешни врски
уреди- "Адреса бивших питомаца Друштва Св. Саве, родом из Македониjе - Српскоj народноj Скупштини", публикувано в "Грађа за Историју Македонског Народа", Том V, Книга I, Белград, 1988 г.