Ново Село (Демирхисарско)
Ново Село — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Ново Село | |
Поглед на селото Ново Село | |
Координати 41°18′17″N 21°11′26″E / 41.30472° СГШ; 21.19056° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 29 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7244 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10023 |
Надм. вис. | 670 м |
Слава | Арангел[2] |
Ново Село на општинската карта Атарот на Ново Село во рамките на општината | |
Ново Село на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 5,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 282 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата 81 хектар.[3]
Историја
уредиВо XIX век, Ново Село било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиСелото во основа има полјоделска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ново Село имало 200 жители, сите Черкези.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 300 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 239 жители, а во 1994 година 50 жители македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 28 Македонци и 1 останат.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 300 | 251 | 274 | 239 | 169 | 120 | 62 | 50 | 35 | 29 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиНово Село е македонско село, а во минатото било албанско.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]
- Доселеници: Ѓоревци (2 к.), Вртигазовци (10 к.), Велевци (8 к.), Пејковци (3 к.), Димовци (1 к.), Кузмановци (2 к.), Цветановци (1 к.), Митановци (1 к.), Мијаковци (4 к.), Десановци (1 к.) и Котевци (1 к.), сите овие родови се доселени од селото Радово, повеќето родови во Радово имаат истоимени роднини; Настевци (1 к.), доселени се од селото Ракитница; Гуревци (2 к.), доселени се од селото Горно Дивјаци, Крушевско; Петревци (1 к.), доселени се од селото Душегубица, Кичевско; Деспотовци (1 к.), доселени се од селото Мало Илино и Мојсовци (1 к.), доселени се од селото Кошино, Прилепско.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општествена зграда.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Над Црквата — црква од средниот век;
- Видрауци — населба и некропола од средниот век;
- Над Селото — населба, црква и некропола од средниот век; и
- Ракински Дол — населба и некропола од средниот век.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква
Иселеништво
уредиОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:
- Од Ѓоревци во: Јабука во Војводина, Србија (едно семејство).
- Од Велевци во: Романија (едно семејство).
- Од Пејковци во: Параќин во Србија (две семејства).
- Од Димовци во: Крагуевац во Србија (едно семејство).
- Од Десановци во: Битола (едно семејство).
- Од Котевци во: Битола (едно семејство).
- Од Гуревци во: Скопје (едно семејство).
- Од Мојсовци во: Битола (едно семејство).[13]
Личности
уреди- Родени
- Борис Христовски — македонски партизан.
- Веле Смилевски — македонски писател, поет, критичар и универзитетски професор.
Галерија
уреди-
Поглед на селото
-
Стопански објект во селото
-
Улица во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 213-214. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 февруари 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Железник-Ново Село. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.