Веле Смилевски
Веле Смилевски (р. 6 мај 1949 во Ново Село) — македонски поет, есеист, литературен критичар, професор, научен работник и бивш најдолгогодишен во историјата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, заедно со Раде Силјан.
Проф. д-р Веле Смилевски | |
---|---|
Роден/а | 6 мај 1949 Ново Село, Демирхисарско |
Занимање | поет, есеист, литературен критичар, научен работник и професор |
Националност | Македонец |
Период | Четврта генерација повоени македонски писатели |
Деца | 2, Гоце Смилевски |
Животопис
уредиРоден е на 6 мај 1949 г. во Ново Село, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот Универзитет магистрирал и докторирал. Бил новинар во Нова Македонија, уредник во книгоиздателството „Мисла“ и МРТВ. Бил акредитиран новинар на Македонското радио, дописник од Прага (1994-1997)[1]. Застапен е во антологии на македонската поезија објавени во Шведска, Чешка, Полска, Шпанија, Турција, Русија, Англија, Словачка, Италија и Србија.[2]
Работи како научен советник во Институтот за македонска книжевност и е доцент на Студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Остварил студиски престој на универзитетот „Ломоносов“ во Москва (1989-1990) и бил лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага (1994-1997).
Бил главен уредник е на списанието „Синтези“[3], претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979) и секретар за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија. Во друштвото членува од 1972 г., а бил и негов долгогодишен претседател.
Членува и во Македонскиот ПЕН центар, Здружението на новинарите на Македонија и на Руската академија на науките и уметностите.
Библиографија
уредиСмилевски е автор на книгите:
Поезија:
- „Слика што согорува“ (Мисла, 1974);
- „Кафез“ (Мисла, 1978);
- „Диши длабоко“ (Мисла, 1985);
- „Одзив на здивот“ (Македонска книга, 1987);
- „Икра во славината“ (Мисла, 1989);
- „Подвижни точки“ (Култура, 1990);
- „Гребнатинки“ (Култура, 1995);
- „Педесет песни“ (Макавеј, 2000);
- „Педесет допевања“ (Дијалог, 2005);
- „Совршена тишина“ (Дијалог, 2009);
- „Час по поезија“ (Дијалог, 2010);
- „Забранета книга“ (Дијалог, 2011);
- „Век за самување“ - поема (Детска радост, 2012);
- „Век за приказ“ (Дијалог, 2013);
Прозни книги:
- „Полицајка в кревет“ - роман (Дијалог, 2012);[4]
- „Дневникот на полицајката“ - роман (Дијалог, 2015);
Литературна критика и есеистика:
- „Крстопати на зборот“ (Мисла, 1987);
- „Критички нотес“ (Македонска книга,1988);
- „Поетика на сонот“ - студија, магистерски труд (Студентски збор, 1988);
- „Книжевни посланија“ (Студентски збор, 1991);
- „Процеси и дела“ (Македонска книга, 1992);
- „Аспекти на македонската книжевност 1945-1985“ - книжевно-историска студија, докторска дисертација (Култура, 1993);
- „Фокусирања“ (Матица Македонска, 1998);
- „Литературни студии - Творештвото на Блаже Конески, Петре М. Андреевски и Горан Стефановски (Култура, 2000)
- „Есеи“ (Институт за македонска книжевност, 2001)
- „Поетски текови“ (Штрк, 2002)
- „Димитар Митрев - Фотомонографија (Дијалог, 2004)
- „Димитар Митрев како полемичар“ (Дијалог, 2006)
- „Шеесет години македонски роман (Дијалог, 2012)
Новинарство:
- „Новинарски лексикон“
- „Аспекти на новинарската теорија и практика - жанрови“ (1999);
- „Новинска критика“
- „Илјада новинарски термини“ (На македонски, англиски, француски, германски и руски јазик)
- „Основи на новинарската теорија и практика“
Антологии:
- „Македонската поезија во светот“ (Дијалог, 2002)
- „Македонскиот расказ во светот“ (Дијалог, 2010)
- „Современа македонска поезија“
Составувач и приредувач на книгите:
- „Македонската книжевност во книжевната критика“ - петтомна едиција (1973) - косоставувач;
- „Македонски писатели“ (ДПМ, 1987) - косоставувач;
- „Македонска поезија XX век“ (Македонска книга, 1989) - приредувач;
- „Македонскиот расказ“ (Македонска книга, 1990) - приредувач;
- „Творештвото на Ацо Шопов“ - Зборник (Институт за македонска книжевност, 1993) - приредувач;
- „Творештвото на Владо Малески“ - Зборник (Институт за македонска книжевност, 1999) - приредувач;
Награди и признанија
уредиВеле Смилевски е добитник на наградите:
- „Млад Борец“ - за поетската книга „Слика што согорува“ (1974);[5]
- „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија за серија новински литературни критики (1982);
- „13 Ноември“ - за стихозбирката „Диши длабоко“ (1985);
- Награда за најдобра литературна критика во Македонија (1988);
- „Ацо Шопов (награда)“ - за поетската книга „Педесет допевања“ (2005)
- „Велја кутија“ - за поетската книга „Совршена тишина“ (2009);
- „Гоцева повелба“ - награда на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“ (2010);
- „Браќа Миладиновци“ - за поетската книга „Забранета книга“ (2011);[6]
- „Златен прстен” - награда на Книгоиздателството „Феникс“ (2012);[7]
- „Григор Прличев“ - за најдобра поема (2012)
- „11 Октомври“ (2012)[8]
- Орден за поезија „Сергеј Есенин“ - Сојуз на писателите на Русија (2013)[9]
Наводи
уреди- ↑ http://www.pen.org.mk/mk/members/167-vele-smilevski[мртва врска]
- ↑ http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B1B4363451123241B2FD0B4AC9F63242[мртва врска]
- ↑ акад. Блаже Ристовски, Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009 (1383 стр.)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-20. Посетено на 2013-01-15.
- ↑ http://www.iml.ukim.edu.mk/index.php/mk/vraboteni/2011-07-25-10-32-59/239-2011-08-04-11-30-25[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-01-15.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-01-16.
- ↑ Петмина добитници на наградата „11 Октомври“[мртва врска] „Утрински“
- ↑ Веле Смилевски добитник на рускиот орден „Сергеј Есенин” за поезија[мртва врска] - Дневник