Николај Лобачевски

руски математичар

Николај Иванович Лобачевски (руски: Никола́й Ива́нович Лобаче́вский; Нижни Новгород, 1 декември 1792 - 25 февруари 1856, Казањ) — истакнат руски математичар кој има постигнато многу успеси во областа на геометријата, на физиката, како и во доменот на астрономијата. Негово главно достигнување е развитокот на неевклидовата геометрија, при што неговата цел била да развие геометрија во која петти постулат не е точен. Прифаќањето на неговите идеи се одвивало прилично бавно: најнапред неговите идеи биле одбивани, а по неколку века биле општо прифатени во решавањето на многу проблеми во областа на математиката, а истото се случувало и со неговите залагања, истражувања и заклучоци во областа на другите науки. Од неговот творештво,од особено значење е хиперболичната геометрија, која, според неговото име, е наречена „Лобачевскиева геометрија“.

Николај Лобачевски
Николај Лобачевски околу 1843 г.
Роден(а)1 декември 1792[1][2]
Макарјев, Нижегородска област[3][4] Русија
Починал(а)24 февруари 1856 (на 63 г.)
Казањ (денес во Татарстан), Русија
НационалностРусин
Полињагеометрија
МенториЈ.К.М. Бартелс[5][6]
ДокторандиНиколај Брашман[5]
Познат поЛобачевскиева геометрија

Основни биографски податоци

уреди

Николај Иванович Лобачевски е роден на 1 декември 1792 година во Нижни Новгород Русија. Родители му биле: таткото Иван Максимович Лобачевски, по професија, чиновник, и мајката Прасковија Александровна Лобачевска. До смртта на својот татко, Николај живеел во Нижни Новгород, а во 1800 година, заедно со мајка му, тој се преселил во Казан, каде живеел и работел сè до својата смрт.

Лобачевски матурирал во гимназијата во Казан, во 1807 година, а потоа студирал на Казанскиот универзитет, којшто бил основан три години пред тоа, во 1804 година. На универзитетот, Лобачевски бил под вилијание на професорот Јохан Кристијан Мартин Бартелс (1769-1833), поранешен учител и пријател на германскиот математичар Карл Фридрих Гаус. Лобачевски станал професор по физика и математика во 1811 година. Во 1814 година, тој станал предавач на Универзитетот во Казан, а во 1822 година станал редовен професор. Служел во многу административни позиции и бил ректор на Универзитетот во Казан од 1827 до 1846 година. Се пензионирал во 1846 година, по што неговото здравје брзо се влошило. Освен како математичар и физичар, на Универзитетот во Каза тој работел и како професор по астрономија. Во 1832 година се оженил со Варвара Алексивна Мојсиева, со која имал седум деца.

Табела 1: Хронологија на животот на Лобачевски

Година Настан Опис на настанот
1792 Николај Иванович Лобачевски Раѓање
1800 Иван Максимович Лобачевски Смртта на татко му
1800 Прасковија Лобачевска Преселување во Казан
1807 Николај Иванович Лобачевски Матурира
1811 Николај Иванович Лобачевски Проф. по математика и физика
1814 Николај Иванович Лобачевски Предавач на Универзитетот во Казан
1824 Николај Иванович Лобачевски Редовен професор
1827 Николај Иванович Лобачевски Ректор на Универзитетот
1832 Николај Иванович Лобачевски Женидба со Варвара Мојсиева
1832-55 Николај Иванович Лобачевски Објавување на неговите дела
1856 Николај Иванович Лобачевски Смрт

Творештво

уреди
 
Нагледна претстава на хиперболичната (Лобачевскиева) геометрија: низ точката M минуваат две прави, паралелни на правата D

Лобачевски е доминантен руски математичар кој дал голем придонес во развитокот на неевклидовата геометрија, особено го развил петтиот Евклидов постулат. Покрај тоа, тој бил и професор по математика, физика и астрономија.

Математички резултати

уреди

Главно достигнување на Лобачевски (независно од Јанош Бојаи) — развојот на неевклидовата геометрија. Пред него, математичарите се обидувале да ја докажат или порекнат зависноста на Петтата аксиома на Евклид од другите аксиоми на Евклидовата геометрија. Петтата Евклидова аксиома е аксиома во неговата геометрија кое тврди дека за било која дадена права и точка која што не лежи на таа права, има една и само една права низ точката која што не ја сече дадената права т.е. е паралелна со неа. Лобачевски, наместо тоа, сакал да развие геометрија во која петтиот постулат (аксиома) не е точен. Оваа идеја најпрво била изјавена на 23 февруари 1826 година, кон сесијата на одделот за физика и математика, а ова истражување било печатено во „Вестин Казанского Университета“ во 1829-1830. Лобачеваски напишал и текст за тоа наречен “Краток преглед на пронаоѓањата во геометрија“, кој бил објавено од страна на „Казанскиот гласник“, но бил одбиен од страна на Академијата за науки од Санкт Петербург.

Постулатот за паралелните прави на Евклид, Лобачевски го заменил со постулатот дека има повеќе од една паралелната права низ дадена точка.

Признавање и прифаќање на неговите идеи, дела

уреди

Признавањето на неговите идеи се одвивало бавно, затоа што некои математичари и историчари тврделе дека Лобачевски неговиот концепт за неевклидовата геометрија го украл од Гаус, но ова не е точно, затоа што Лобачевски во тоа време не контактирал со Гаус (не се допишувал со него) не разменувале мислења еден со друг, не се знаеле.

Но, неговите идеи за неевклидовата геометрија (нукледијанска геометрија) биле целосно прифатени само неколку декади по неговата смрт. Но, подоцна неговата теорија се покажа дека е многу важна за математичарите и науката. Германскиот физичар Алберт Ајнштајн направил генерализација од теоријата на Лобачевски за својата теорија за релативност.

Најпознатото и најдобро дело на Лобачевски, „Геометрија“, било завршено во 1823 година, но не било издадено во неговиот изворен облик сè до 1909 година, многу години по неговата смрт. Лобачевски, исто така, бил автор и на “Нови пронајдоци од геометријата“ (1835-1838). Тој, исто така, ја напишал и “Геометриски истражувања на теоријата на паралели “ (1840) и „Пангеометрија“ (1855).

Лобачевски го развил и методот на приближен резултат од корените на алогиритамски еднаквости. Овој метод е познат како „метод на Данделин-Графе“, наречен според двајцата математичари коишто независно го откриле, а во Русија, овој метод се вика „метод на Лобачевски“. Лобачевски ја дал и дефиницијата на функцијата како сличност помеѓу две множества на реални броеви, а оваа функција самостојно ја констатирал и Дироклет, и тоа набрзо по Лобачевски.

Табела 1: Дела на Николај Иванович Лобачевски

Година Дела
1823 Геометрија
1835-1838 Нови пронајдоци на геометријата
1840 Геометриски истражувања на теоријата на паралели
1855 Пангеометрија

Награди и други проекти

уреди

Во времето кога живеел, Николај Иванович Лобачевски не добивал награди за својот труд и работа, како и за своите дела. Но, сепак, тој добивал признанија како и пофалби од оние со кои работел и оние кои го знаеле. Во текот од неговото школување не се откриени конкретни податоци дали тој учествувал на некои натпревари и дали освојувал награди.

Денес, во чест на Лобачевски, на секои пет години, на универзитетот во Казан се доделува наградата, наречена „Орден на Лобачевски“. Оваа награда им се доделува најдобрите студенти, не само во Русија, туку и надвор од нејзините граници. Бидејќи, освен со математика, Лобачевски се занимавал и со физика и со астрономија, во негова чест, еден кратер на површината на Месечината е наречен „Кратерот на Лобачевски (Lobachevsky Crater)“.

Орденот на Лобачевски

уреди

Орденот на Лобачевски (Мегународна награда „Лобачевски“) — орден кој го доделува советот на Универзитетот во Казан, во чест на Николај Иванович Лобачевски. Иницијативата за доделувањето на орденот дошла од Руската академија на науките, а тој се доделува на секои пет години.

Кратер „Лобачевски“

уреди

Станува збор за кратер кој е сместен на источниот крај на Месечината. Овој кратер лежи на југоисток од кратерот „Флеминг“. Тој е помал од кратерот кој се наоѓа на исток, односно на североисток, наречен „Гајтонов кратер (Guyton Crater)“, којшто е многу добро формиран и со одлики коишто не биле значајни пред да биде откриен кратерот „Лобачевски“. Крајот и сокриениот ѕид се скоро ослободени од карактеристични и делумни судири, иако јужниот појасен кратер „Лобачевски M“ е прицврстен до јужниот слоен крај.

Внатрешните ѕидови прикажуваат каректеристична тераса, со некакво слегнување низ погорната острица. Блиску до средишната точка на кратерот, внатрешното дно има пар од средишни врвови кои се единствените на југоисток. На исток од овие врвови се наоѓа релативни сјајна крпеница, која е резултат од последниот мал судир. Исто така, постојат и сателитски кратери на Лобачевскиот кратер.

Табела 3: Одлики на сателитските кратери во однос на Лобачевскиот кратер

Кратер „Лобачевски“ Географска ширина Географска должина Пречник
M 8.0 СГШ 112,8 ИГД 41 км
P 7,7 СГШ 113,3 ИГД 26 км

Во современата култура

уреди

Во 1950-тите хумористот, сатиристот и математичар Том Лехрер напишал песна, инспириран од рутината на Дени Каје, за Станиславски, во која за Лобачевски вели дека го научил за тајната на успехот како математичар: плагијаторство. Понатаму, тој вели вака: Плагирај! Не дозволувај ничија работа да ти избега од твоите очи! Запамети зошто Господ ги направил твоите очи, не ги затскривај, туку плагирај! Плагиртај! Плагирај! Секогаш биди сигурен дека ќе повикаш, молам, истражувај! Лехрер го одбрал Лобачевски, затоа што неговото име го потсетувал на Станиславски, а не затоа што Лобачевски е познат по својот прекршок.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. This is the date given by V. F. Kagan's 1957 book N. Lobachevsky and His Contribution to Science (first published in Russian in 1943), p. 26, and A. A. Andronov's 1956 article "Где и когда родился Н.И.Лобачевский" ("Where and when was Lobachevsky born?") (the latter gives 1 December [ст. ст. 20 November] 1792).
  2. Older sources in Russian—e.g., A. F. Popov, "Воспоминания о службе и трудах проф. Казанского университета Н. И. Лобачевского" ("Memoirs of the Service and Work of N. I. Lobachevsky"), 1857—give 1793 rather than 1972, while the Dictionary of Scientific Biography (1970) gives December 2, 1792. Further information on Lobachevsky's birthdate can be found in: Athanase Papadopoulos (ed.), Nikolai I. Lobachevsky. Pangeometry, European Mathematical Society. 2010, pp. 206–7.
  3. Погл. "К 150-летию со дня смерти Н.И.Лобачевского" ("On the 150th anniversary of the death of N. Lobachevsky") by G. M. Polotovsky, PDF page 3: "Н.И.Лобачевский родился в Макарьевском уезде Нижегородской губернии в 1793 году" (quoting A. F. Popov (1857)); page 4: "[В.Ф.Каган (1943)] местом рождения называет Макарьев".
  4. Other sources in Russian—e.g., A. A. Andronov (1956)—give the city of Nizhny Novgorod rather than the Governorate as his birthplace; see also Lobachevsky's biography at the website of the Lobachevsky Nizhny Novgorod State University Museum and Andrey Kalinin's article "Чье имя носит университет" ("After whose name the University has been named").
  5. 5,0 5,1 Николај ЛобачевскиПроект „Математичко родословие“ (англиски)
  6. Athanase Papadopoulos (ed.), Nikolai I. Lobachevsky. Pangeometry, European Mathematical Society. 2010, p. 208.

Надворешни врски

уреди