Кулук или ангарија[1] (турцизми) — присилна работа, работна обврска на селаните кон феудалниот господар или спахија. Работата обично се вршела во местото каде што живееле селаните (работниците). На Балканот кулукот се поврзува со отоманското владеење, иако селаните и претходно биле принудени да придонесуваат со својот труд за феудалците или црквата. На овој начин обично се изведувале јавни работи, како градење патишта, тврдини, мостови и слично. Оние што работеле не добивале надомест за својот труд, евентуално слаба храна или лошо сместување.

Француски „кулук“ работници.
Железен прстен за стапала за затвореници проѕирна позадина

Во Србија била позната и формата на принудна работа згон што опфаќала собирање и присилување на работниците (селаните) да работат на место оддалечено од нивните села.

Во модерно време, на принудна работа се присилуваат или заробеници или затвореници. На пример, за време на Втората светска војна, германската воена индустрија во голема мерка се потпирала на принудна работа, користејќи го трудот на луѓето пратени во работни логори по која било основа (расна, политичка, криминогена, и сл.).

Наводи

уреди
  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2003). Толковен речник на македонскиот јазик. I. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. ISBN 9989-640-49-1.

Надворешни врски

уреди