Киселина
Неколку теории определуваат што е тоа киселина:
- Според Арениус (Арениусова теорија), киселини се супстанциите што при електролитна дисоцијација во воден раствор даваат водородни јони како единствен вид катјони.
- Според теоријата на Бренстед и Лаури, киселини се супстанциите кои во една протолитичка реакција се протон-дарители (дарители на протони).
- Според теоријата на Луис, киселина е супстанција која прима електронски пар. Оваа теорија е посеопфатна бидејќи во киселини вклучува и некои супстанции што немаат можност да даваат протони (односно немаат водород во својот хемиски состав).
Од гледиште на неорганските или органските соединенија, киселините се поделени на неоргански и органски киселини.
Неорганските киселини се неоргански соединенија изградени од водород и киселински остаток. Органските киселини се органски соединенија кои содржат карбоксилна група (-COOH) (најјаки органски киселини), како и хидроксилна група (-OH, -SH), енол група (-OSO3H) или пак фенол група.
Номенклатура на киселините Уреди
Киселините се именуваат според нивниот анјон:
Наставка на анјонот | Претставка на киселината | Наставка на киселината |
---|---|---|
пер-анјон-ат | пер+елемент+на | |
ат | нема | |
ит | нема | |
хипо-анјон-ит | хипо | |
ид | елемент+о |