Раствор е хомоген молекуларно-дисперзен систем, односно хомогена смеса во која големините на честичките се од редот на големината на градбените единки, најчесто од 0,1 до 10 nm. Во растворот разликуваме растворувач (обично се бележи со А) и растворена супстанца (обично се бележи со B). За растворувач се смета супстанцата застапена во најголемо количество во растворот, под услов кога е чиста да биде во иста агрегатна состојба како и добиениот раствор.

Растворање на кујнска сол во вода.

Кога се чисти, растворувачот и растворената супстанца може да бидат во една од трите агрегатни состојби (цврста, течна и гасовита), а исто така и растворот. Значи, во однос на агрегатната состојба на растворувачот и растворената супстанца можни се девет различни видови на раствори.

Најчесто се среќаваат течните раствори, а од нив најголемо значење имаат водните раствори - оние во кои растворувач е водата. Водните раствори имаат значење како во хемиските лаборатории, така и во живите организми. Живите клетки се составени главно од вода.

Растворувач Растворена супстанца Раствор Пример
Гас Гас Гасовит Воздух
Течност Гас Течен Сода-вода
Цврст Гас Цврст Водород во платина
Течност Течност Течен Етанол во вода
Течност Цврста Течен Шеќер во вода, морска вода
Цврст Цврста Цврст Легури
Гас Течност Течност Пареи од парфем во воздух
Гас Цврста Цврст Пареи од нафтален во воздух
Цврст Течна Цврст Забарски амалгам

Фактори на растворање

уреди

Постојат повеќе фактори кои влијаат на растворањето на една супстанца во растворувач:

  • Структурни фактори - се засноваат на принципот слично се раствора во слично, иако не е секогаш така.
  • Температура:
    • кај цврсти супстанци во течен растворувач, со растење на температурата растворливоста може да расте, опаѓа или незначително да се менува. Ако заситен раствор на цврста супстанца чија растворливост расте со порастот на температурата го одвоиме од присутните кристали, а потоа го ладиме, од растворот ќе искристализира дел од растворената супстанца. Ова се случува бидејќи на новата, пониска температура растворливоста е помала, па вишокот од дотогаш растворената супстанца мора да се издвои. Меѓутоа, ако ладењето се изведува претпазливо, можно е температурата да се снижи, а до кристализација и воопшто да не дојде. Ваков раствор е презаситен.
    • кај гасови во течен растворувач, со растење на температурата растворливоста опаѓа.
  • Притисок - најчесто има влијание при растворањето на гасовитите супстанци. Притоа важи Хенриевиот закон, кој гласи: количеството гасовита супстанца во даден растворувач е правопропорционална со притисокот на гасот над течноста:
 

Квантитативен состав на раствор

уреди

Квантитативниот состав на растворите може да се изрази на повеќе различни начини: со односи, удели и концентрации.

Вид на израз Однос Удел Концентрација
Масен(а)      
 
Зафатнински(а)      
Количествен(а)      
 

Поделба според растворливоста на одредена Т

уреди
  • Заситен раствор - содржи максимално можно количество растворлива супстанца во определено количество растворувач.
  • Незаситен раствор - содржи помало количество растворлива супстанца отколку што може да се раствори на дадената температура во определено количество растворувач.
  • Презаситен раствор - содржи поголемо количество растворлива супстанца отколку што може да се раствори на дадената температура во определено количество растворувач.

Поврзано

уреди