Хидроксидите се неоргански соединенија образувани од метал (или катјон од некоја повеќеатомска групација) и една или повеќе хидроксидни групи - OH.

Шематски приказ на бихидроксиден јон[1]

Номенклатура на хидроксидите

уреди

Хидроксидите се именуваат слично како и оксидите. Прво се наведува името на металот што го гради хидроксидот, веднаш до него, слеано оксидациониот број што го има истиот во хидроксидното соединение и на крај одделно се додава хидроксид.

Ако металот има променлив оксидационен број (повеќе оксидациони броеви), истиот број се наведува:

Додека ако металот нема променлив оксидационен број (еден единствен), истиот број нема потреба да се наведува:

Видови хидроксиди

1.едноацидни-оние кои имаат една хидроксилна група NaOH; KOH ;NH4OH(амониум) 2.Двоацидни Ca(OH)2 Zn(OH)2 Mg(OH)2 3.Троацидни Al(OH)3 Fe(OH)3 железо(3)хидроксид.

Особини на хидроксидите

уреди

Растворливите хидроксиди при растворувањето во вода даваат бази. Додека при реакција со киселините, хидроксидите образуваат соли.

Меѓутоа, постојат и хидроксиди коишто може да образуваат соли не само при реакција со киселини, туку и при заемно дејство со раствори на бази, уште познати и како амфотерни хидроксиди. Вакви хидроксиди се цинк хидроксид (Zn(OH)2) и алуминиум хидроксид (Al(OH)3).

Елементот бор, којшто во периодниот систем спаѓа во истата група како и алуминиумот, образува соединение чија формула B(OH)3 одговара на онаа на алуминиум хидроксидот. Но, ова соединение е киселина, а впрочем и така се вика - борна киселина. Според правилата за номенклатура на киселините, формулата на борната киселина е H3BO3. Значи не секое растворливо соединение што може да го запишеме како хидроксид ќе се однесува како база, што кажува дека хидроксид и база не се еднакви поими.Најважните хидроксиди се Na(OH)натриум хидроксид,Ca(OH)2 калциум хидроксид,NH4OH амониум (единствен хидроксид што настанува помеѓу неметал и хидроксилна група

Наводи

уреди
  1. Kamal Abu-Dari; Kenneth N. Raymond; Derek P. Freyberg (1979). „The bihydroxide (H3O
    2
    ) anion. A very short, symmetric hydrogen bond“. J. Am. Chem. Soc. 101 (13): 3688–3689. doi:10.1021/ja00507a059.