EC-број (хемија)
Број на Европската Заедница (EC-број) — единствен седумцифрен број за распознавање на супстанциите со цел државна регулација во рамките на Европската Унија според пропишаното од Европската комисија. EC-инвентарот се состои од три поединечни инвентара: EINECS, ELINCS и NLP.[1]
Структура
уредиEC-бројот може да се запише воопштено како: NNN-NNN-R,[2] каде R е конролна цифра, а N е цел број. Контролната цифра се пресметува по методот на ISBN, т.е. следново збирно модуло 11:
Ако остатокот R е еднаков на 10, тогаш комбинацијата од цифри не се користи за EC-број. За пример, EC-бројот на дексаметазонот е 200-003-9. N1 е 2, N2 преку N5 се 0, а N6 е 3.
Остатокот е 9, што е контролната цифра.
Има 181 ELINCS-броеви (EC-броеви што почнуваат со 4) за кои контролниот збир според прикажаниот алгоритам изнесува 10, а бројот не е прескокнат туку издаден со контролен збир 1.
EC-инвентар
уредиEC-инвентарот ги опфаќа супстанциите во следниве инвентари. Содржината на овие инвентари е непронелива и официјална.
Инвентар | Опфат | Формат | Број на записи (ако се непроменливи) |
---|---|---|---|
Европски инвентар на постоечки хемиски супстанции во стопанството (EINECS) | Супстанции (со исклулок на полимери), кои се заведени како достапни во продажба во ЕУ од 1 јануари 1971 до 18 септември 1981 г.[3] Овие се сметале за заведени согласно чл. 8(1) од Директивата за опасни супстанции (67/548/ЕЕЗ). Се сметаат за супстанции кои се воведуваат согласно регулативата REACH. | 2xx-xxx-x 3xx-xxx-x |
100.102[3] |
Европски список на пријавени хемиски супстанции (ELINCS) | Супстанции пријавени под Директивата за пријава на нови опасни супстанции (NONS) кои влегле во продажна по 18 септември 1981 г. | 4xx-xxx-x | 4.381 |
Супстанции кои повеќе не се полимери (NLP) | Дефиницијата за полимер е изменетав во април 1992 г.[4] и со тоа некои дотогашни полимери престанале да се сметаат за такви. Затоа е составен NLP-список на поранешни полимери кои се продавале како такви од 18 септември 1981 до 31 октомври 1993 г.[5] | 5xx-xxx-x | 703 |
List numbers
уредиЕвропската хемиска агенција (ECHA) го применува форматот на EC-броевите врз т.е. „Списочен број“.[6] Бројот се доделува согласно регулативата REACH без правно признание. Затоа, тие броеви не се официјални, бидејќи не се објавени во Службениот весник на Европската Унија. Списочните броеви се административни алатки и не треба да се користат за службени цели.
Опфат | Формат |
---|---|
Автоматски доделени, на пр. на претходно заведени супстанции со CAS-бр. | 6xx-xxx-x |
Де доделува на супстанции по спроведениот увид од Екипата за назнаки на ECHA | 7xx-xxx-x |
Автоматски доделени на супстанции кои имаат само CAS-бр. (продолжеток на 6xx-xxx-x series) | 8xx-xxx-x |
Автоматски доделни, на пр. на претходно заведени супстанции без CAS-бр. или друга бројчена назнака (ги вклучува и реактивните маси на повеќе од една супснтација) | 9xx-xxx-x |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Guidance for identification and naming of substances under REACH and CLP“ (PDF). European Chemicals Agency. мај 2017. стр. 106. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 август 2017. Посетено на 28 август 2017.
- ↑ „Commission Directive 2001/59/EC of 6 August 2001 adapting to technical progress for the 28th time Council Directive 67/548/EEC on the approximation of the laws, regulations and administrative provisions relating to the classification, packaging and labelling of dangerous substances“ (pdf). Official Journal of the European Communities. European Commission (L 225): 4. 21 август 2001. Посетено на 28 август 2017.
- ↑ 3,0 3,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Council Directive 92/32/EEC of 30 April 1992 amending for the seventh time Directive 67/548/EEC on the approximation of the laws, regulations and administrative provisions relating to the classification, packaging and labelling of dangerous substances“ (pdf). Official Journal of the European Communities. European Commission (L 154): 1–29. 30 април 1992. Посетено на 25 јануари 2009.
- ↑ „Regulation (EC) No 1272/2008 of the European Parliament and of the Council of 16 December 2008 on classification, labeling and packaging of substances and mixtures, amending and repealing Directives 67/548/EEC and 1999/45/EC, and amending Regulation (EC) No 1907/2006“ (pdf). Official Journal of the European Communities. European Commission (L 353): 329. 31 декември 2008. Посетено на 24 јануари 2009.
- ↑ Заведени супстанции Архивирано на 5 декември 2011. — Европската хемиска агенција (ECHA)