Воден раствор
Воден раствор — раствор каде растворувач е водата. Се претставува во хемиски равенки придодавајќи го симболот (aq) кон дадената хемиска формула. На пример, растворот на кујнска сол или натриум хлорид (NaCl) во вода се претставува како Na+(aq) + Cl−(aq). Водата е мошне застапен растворувач во хемијата поради одличната способност за растворање и лесната достапност. Водниот раствор е вода со pH 7,0 каде водородните јони (H+) и хидроксидните јони (OH−) се во Арениусова рамнотежа (10−7).
Неводен раствор е раствор во течност која не е вода.[1]
Супстанците кои се хидрофобни (водоодбивни) слабо се раствораат во вода, додека пак хидрофилните (водољубиви) се раствораат добро. Пример за хидрофилна супстанција е натриум хлоридот. Киселините и базите се водени раствори, како дел од нивните Арениусови дефиниции.
Способноста на една супстанција да се раствори во вода зависи од тоа дали е рамносилна или посилна од привлечните сили кои постојат помеѓу водените молекули. Ако супстанцијата не е способна да се раствори во вода, молекулите образуваат талог (преципитат).
Реакциите во водени раствори се размени (метатези) или реакции на двојно поместување; ова значи дека катјонот се поместува и образува јонска врска со другиот анјон, а катјонот врзан со вториот анјон се одвојува и се врзува со другиот анјон.
Водните раствори кои делотворно спроведуваат електрична струја содржат силни електролити, а оние со слаби електролити се со ниска спроводливост. Овие силни електролити се супстанции кои се наполно јонизирани во водата, а спротивните се само слабо јонизирани.
Неелектролитите се супстанции кои се растворливи во вода, но сепак ја запазуваат својата молекулска целовитост (не се одврзуваат за да направат јони). Такви примери се шеќерот, уреата, глицеролот и метилсулфонилметанот.
Кога се претставуваат равенките на водени реакции, неопходно е да се утврди талогот. Ова се прави со проверка во табела на растворливост. Растворливите соединенија се водени, а нерастворливите се талогот. Не секогаш има талог.
Кога се прават пресметки за ракцијата на еден или повеќе водени раствори, треба да ја знаеме концентрацијата (или моларноста) на дадените водени раствори.
Водените раствори може да содржат хидриран атомски водород и хидриран електрон, што се утврдува во алкално подрачје или со радиолиза.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Solutions“. Washington University Chemistry Department. Washington University. Посетено на 13 април 2018.
- Zumdahl S. 1997. Chemistry. IV изд. Boston: Houghton Mifflin Company. стр. 133-145.