PubChem
PubChem е база на податоци за хемиски молекули и нивните дејства при спроведување на биолошки анализи. Со системот раководи Националниот центар за биотехнолошки информации (NCBI), огранок на Националната медицинска библиотека, кој е дел од Националните здравствени институти (NIH) на САД. Пристапот на базата е слободен преку кориснички посредник и во неа подробно се наведени милиони структури на соединенија со описни податоци, со можност за нивно преземање преку FTP. Во описите на супстанциите, опфатени се и оние со мали молекули што немаат повеќе од 1000 атоми и 1000 врски. Американското хемиско друштво се обидело да го врбува конгресот да ја ограничи работата на PubChem, со објаснување дека базата претставува конкурент на нивната Хемиска упатна служба.[1] Во PubChem учествуваат над 80 добавувачи на податоци и продолжуваат да ја зголемуваат и развиваат.[2]
Содржина | |
---|---|
Опис | PubChem |
Контакт | |
Главен навод | PMID 15879180 |
Пристап | |
URL за преземање | FTP |
Алатки | |
Разно | |
Лиценца | јавна сопственост |
Бази на податоци
уредиPubChem consists of three dynamically growing primary databases.[3]:
- соединенија (31 милиони записи) - содржи чисти и карактеиризирани хемиски соединенија.[4]
- супстанции (75 милиони записи) - содржи и мешавини, екстракти, комплекси и некарактеризирани супстанции.[5]
- BioAssay - резултати од биоактивноста на 1644 програми за високопроодна проверка со неколку милиони вредности.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „PubChem and the American Chemical Society“. Reshaping Scholarly Communication. USA: University of California.
- ↑ „PubChem Source Information“. The PubChem Project. USA: National Center for Biotechnology Information.
- ↑ податок од 7 јануари 2011
- ↑ „all[filt] - PubChem Compound Results“. The PubChem Project. USA: National Center for Biotechnology Information. Посетено на 7 јануари 2011.
- ↑ „all[filt] - PubChem Substance Results“. The PubChem Project. USA: National Center for Biotechnology Information. Посетено на 7 јануари 2011.
- ↑ „all[filt] - PubChem BioAssay Results“. The PubChem Project. USA: National Center for Biotechnology Information. Посетено на 7 јануари 2011.
Надворешни врски
уреди- PubChem (англиски)
- Пребарување по PubChem (англиски)
- ЧПП за PubChem (англиски)
- Помош со PubChem (англиски)
- PubChem за неупатени (англиски)