Народен музеј на Србија
Народниот музеј на Србија, во Белград, е основан на 10 мај 1844 година и е најголем и најстар музеј во Србија. Се наоѓа во централната зона на Белград и е сместен на квадратна површина меѓу Плоштадот на Репубиката (поранешен Плоштад на Театарот) и трите улици: улица на Чичко Љубе, Васина улица и улицата на Лазар Пачу. Предната главна фасада гледа кон Плоштадот на Републиката. Од основањето до сега неговите колекции се зголемени на преку 400,000 експонати вклучувајќи и многу странски ремек дела. Во составот на музејот се Галерија на фреските, Музејот на Вук Караџиќ, Музејот на Доситеј Обрадовиќ и спомен музејот на Надежда и Раско Петровиќ. Експонат со најголема вредност кој се чува во овој музеј е Мирославово евангелие - најстар и најдрагоцен кириличен ракопис од 1190 година. Музејот моментално е во фаза на реновирање.[2]
Народни музеј Србије Narodni muzej Srbije | |
Народен музеј на Србија | |
Основан | 10 мај 1844 |
---|---|
Место | Белград, Србија |
Тип | Музеј на ликовна уметност, дизајн/текстил, историска локација |
Фонд | Повеќе од 400,000 експонати[1] |
Директор | Бојана Бориќ Брешковиќ |
Мреж. место | www.narodnimuzej.rs |
Историја
уредиНародниот музеј на Србија бил основан на 10 мај 1844 година со указ на тогашниот министер за образование Јован Стерија Поповиќ под името Музеум сербски. Пред неговата изградба на тоа место била познатата белградска кафеана "Дарданели", во која во тоа време се собирала уметничката и културна елита на Србија. Со рушење на старата кафеана истовремено започнала и трансформацијата на сегашниот Плоштад на Републиката.
Сегашната зграда на музејот била изградена 1903 година и наменета за Управа на фондовите, за да подоцна во неа се всели Хипотекарната банка, една од најстарите банкарски институции во Белград. Дури 1952 година зградата била доделена на Народниот музеј на Србија. Зградата била изградена според проектот на архитектите Андре Стевановиќ и Никола Несторовиќ, на објавен конкурс на кои тие ја добиле првата награда. При нејзината изградба за првпат е употребен вид на армиран бетон во поставувањето на темелите. Новоизградениот објект бил двокатна зграда која за своето време била вистинска палата како според зафатнинскиот концепт, кој бил во облик на долг масивен блок со куполи над централните и бочни ризалити, така и според академското решение за фасадата која била направена по принципите на неоренесанса со елементи на необарок на куполите. Најголемото внимание било посветено на монументалните скали додека на просторот за шалтери, кои се основен простор за една банка, им било дадено секундарно значење. Неполни три децении подоцна со развојот на Хипотекарната банка се јавила потреба за детална реконструкција на објектот. Направено е доградување без конкурс според проектот на архитектот Војин Петровиќ со кој бил дограден атриум и крило свртено кон улицата Лазар Пачу. Бидејќи новиот дел ги содржел истите елементи како и стариот се појавиле две монументални скалишта и две шалтер сали, а на катовите просторот бил обединет во непрекината низа на канцеларии. При бомбардирањето на Белград во тек на Втората светска војна, била погодена и оваа зграда при што бил срушен централниот дел со куполата. После војната зградата добила сосема друга намена, кога во неа се вселила една од најзначајните државни институции на културата.
Од своето основање па сѐ до крајот на Втората светска војна, Народниот музеј на Србија се селел повеќепати. По првото сместување во просториите на зградата на капетан Миша (1863 година) музејот бил преместен во две соседни згради кои биле срушени во тек на Првата светска војна, а збирките на музејот биле украдени од страна на окупаторот. Во периодот меѓу двете светски војни за потребите на музејот била изнајмена приватна куќа на улицата на Кнез Милош бр. 58. Музејот тука останал до 1935 година, кога бил отворен Музејот на Кнез Павле, кој настанал со обединување на Историскиот музеј и Музејот на современата уметност, а бил сместен во зградата на Новиот двор. После Втората светска војна, Новиот двор бил адаптиран за потребите на Собранието на Србија, а еден дел од музејот во 1948 година бил префрлен во зградата на некогашната Берза на Студентскиот плоштад, а другиот дел во Конакот на Кнегиња Љубица каде бил привремено сместен и апелациониот суд.
Прв конкурс за зграда на Музејот бил распишан 1949 година и било планирано да биде на Ташмајдан. Проектот го направил архитектот Миладин Прлевиќ, но со одлуката на Коминформот оваа идеја била отфрлена, а Музејот бил преместен во зградата на хипотекарната банка на Плоштадот на Републиката. Првото обновување на зградата по војната го направил архитектот Доброслав Павловиќ, во 1950 година. Најголема реконструкција и адаптација на објектот за потребите на Музејот биле направени 1965/1966 година спрема проектот на архитектите Александар Дерок, Петар Анагностиј и Зоран Петровиќ.
Била обновена и централната купола и бил подигнат средниот дел со канцеларии и работни простории. При адаптацијата, првобитната сала со шалтери била направена во библиотека, поради што главниот влез со монументалните скали, кој бил влез од Плоштадот на Републиката, добил интерен карактер, а вториот влез, од страна на Васината улица, добил функција на главен влез во музејот и бил директно поврзан со салата со шалтери. Во функционалното уредување, зградата по реконструкцијата добила двојно повеќе простор и комуникација, додека во естетска смисла ги задржала сите карактеристични елементи од 1902 година, така да во ликовниот поглед останала како интегрална целина. Внатрешната доградба од периодот на шеесеттите години на дваесеттиот век била така направена што од надвор промените не биле видливи и не се попречувал внатрешниот тек на музејските експонати.
Во еден дел од Народниот музеј, во 2013 година, била отворена изложба по повод на 900 години од раѓањето на Стефан Немања. Пред тоа музејот бил затворен повеќе години поради реновирање.[3] Се очекува да биде отворен за посетителите 2018 година на Видовден.[4]
Музејот денес
уредиЗградата на Народниот Музеј на Србија претставува претставителен, јавен објект кој го карактеризираат монументалноста на габаритот, волуменот и надворешниот изглед со стилското решение. Со својот изглед посебно се одвојуваат влезните делови со двојни столбови и раскошни куполи. Фасадата се одликува со полихромни орнаменти со неоренесансно потекло. Претставителноста се гледа и во ентериерниот аранжман со богати декорации на кои работеле познати уметници од тоа време: Андреа Доменико (познат сликар на декоративно ѕидно сликарство кој учествувал во уредувањето на ентериерот на Стариот двор), Фрањо Валдман и Бора Ковачевиќ.
Поради своите архитектонско-урбанистички и културно-историски вредности зградата на Народниот музеј е прогласена за културно наследство од големо значење за Република Србија (Службен весник СРС бр. 14/79).
Збирки
уредиМузејот има збирка од преку 400,000 најрепрезентативни и врвни археолошки и историско-уметнички експонати. Тие се сведителства за познавањето на археологијата и историјата на уметноста. Исто така, сведочат за развојот и цивилизациските промени на подрачјето на денешна Србија и нејзиното опкружување од праисторијата до доцниот среден век. Низ збирките се следат клучните уметнички правци и стилови, врвните уметнички дострели во националната и европска уметност од средниот век па сѐ до современото творештво.
Археолошки збирки
уредиГлавната колекција се состои од скулптури од Винча (6-5 милениум п.н.е.), како што се Жена од Винча и Лепенски Вир (VII милениум п.н.е.). Исто така, постојат бројни скулптури, оружја, шлемови и други предмети од Стариот Рим, 1005 предмети од Стара Грција и разни предмети од келтско потекло. Највредните парчиња од тој период се Кочиите од Дупља (16 до 13 век п.н.е.), златни маски од Требеништа (6 век п.н.е.), домашни предмети од Јабучје (1 век од н.е.), белградскиот Камео (4 век) и Сребрениот појас со свастика (5 век п.н.е.). Исто така постои и колекција од древниот Египет. Најпознатото дело е редок златен саркофаг и мумија на египетскиот свештеник Несмин.
Нумизматика
уредиНумизматичката колекција има повеќе од 300,000 предмети (монети, медали, прстени, печати). Колекцијата е поделена на десет помали збирки од VI-V век п.н.е., и вклучува колекција на монети ковани од Филип II Македонски (359-336 п.н.е.) и Александар Велики (336-323 п.н.е.). Колекцијата исто така содржи и уникатни предмети: златен медаљон на императорот Валентинијан I, ковани 364 година, сребрени динари од владеењето на кралот Стефан Радослав српски и други.
Средновековна збирка
уредиМузејот, исто така, поседува голема збирка на средновековни артефакти, главно од Европа и Азија. Најважен е илустрираниот ракопис од 362 страници на Мирославово евангелие, напишани во 1186 година во средновековна Србија. Ракописот е внесен во Регистарот на УНЕСКО за Меморија на светот во признавањето на неговата историска вредност. Во колекцијата се наоѓа и саркофагот на Стефан Дечански од XIV век, прстените на српската кралица Теодора (пред 1322) и кралот Стефан Радослав српски (1219-20), мантија на кралот Милутин од 1300-тите, Ода на кнез Лазар - познат вез на Еуфемија од 1402 година, околу 120 икони од 1200-та до 1500 година, вклучувајќи ја и охридската колекција.
Уметничка колекција
уредиЗбирката цртежи и печатени материјали на меѓународни уметници има 2446 предмети, а Југословенската уметничка колекција содржи повеќе од 6000 предмети, меѓу кои и 1700 слики од српски автори од 18-ти до 19 век и 3000 слики од 20 век. Тука не е вклучена Српската средновековна уметничка колекција. Музејот вклучува српски средновековни, француски, холандски, фламански, италијански, руски, германски, јапонски, кинески (од 1644-1978 година), англиски, шпански, унгарски, романски, бугарски, југословенски и други уметнички колекции. Вкупната колекција брои околу 16,000 слики, графика, цртежи, икони и печати, како и повеќе од 900 скулптури.
Колекцијата на француски мајстори е најзначајниот посед на Народниот музеј на Србија. Се состои од исклучително ретки дела од Матис, Пикасо, Реноар, Руо, Дега, Сезан и други. Повеќето од овие слики биле собрани и донирани од страна на принцот Павле. Ерих Шломовиќ, млад белграѓанец роден на почеток на 20 век, во младоста станал заштитник на најголемиот светски уметнички трговец, Амброз Волард. Поврзаноста го натерала да развие своја сопствена колекција, која опфаќала вкупно 600 дела до 1941 година. Колекцијата Шломовиќ е најголема и најбогата колекција на француската уметност на Балканот, како и една од најубавите во светот.
Италијанска уметничка колекција
уредиИталијанската ликовна колекција, која се состои од повеќе од 230 уметнички дела, е позната по тоа што содржи креативни дела од поединечни мајстори и уметнички работилници од 14 до 20 век. Тие вклучуваат дела од Доменико Венецијано, Џовани ди Паоло, Рафаел, Тицијан, Тинторетто, Доменико Робусти, Виторе Карпачо, Лоренцо ди Креди, Гвидо Рени, Спинело Аретино, Франческо Басано Помладиот, Леандро Басано, Џовани Батиста Тјеполо, Каналето, Франческо Гварди, Џулио Карпиони, Андреа Челести, Бијаџио Фаггиони итн. Збирката за графика и гравирање ја вклучува работата на Ботичели, Анибале Каррачи, Џовани Батиста Пиранези, Паоло Веронезе, Амедео Модиљани, Лујџи Онтани, Гуглиелмо Ахил Кавелини, Џузепе Пино Галицио и други.
Истакнати дела во музејот се:
- Паоло Венециано, Богородица и дете (темпера на панел, в. 1324),
- Паоло ди Џовани, Богородица со Христос на престолот (триптих 48 x 45 см в. 1390)
- Лоренцо Венециано, Колевката на детето Исус (темпера - 76.3 x 54.8 см)
- Џон Ди Паоло, Господ и три анѓели (темпера54 х 27 см)
- Рафаел (му се припишува), Богородица со Христос и мали Св. Јован, 114x116cm
- Андреа Солари, Христос е човек
- Лоренцо ди Креди, Обожувањето (д: 96 см - темпера, в. 1500)
- Виторе Карпачио, Светиот Аџија (110x37cm-дел од полиптих) и Св. Себастијан (108 x 36 см - 1495 - дел од полиптих)
- Тициан, Портретот на Никола Викариус (платно 200x100cm), Портрет на Кралицата Кристина на Данска (масло на платно - 110 x 83 см)
- Тинторето, Богородица и дете со дарителите (масло на платно, д: 158 см, 1524)
- Леонело Спада, Џудит и Халофен (платно 220x150cm)
- Доменико Робусти, Портрет на Венецијанец (платно 200x127cm)
- Џовани Батиста Тјеполо, Свето семејство, Собирање мана (му се припишува, масло на платно)
- Каналето, Поглед на Големиот канал (масло на платно 60 x 95 см)
- Франческо Гварди, Плоштад Сан Марко, Венеција (масло на платно 75 х 99 см -1765)
-
Богородица и дете, дело на Паоло Венециано, (в.1355)
-
Портрет на данската кралица Кристина, дело на Тицијан (1556)
-
Богородица и дете, дело на Тинторето
Холандска и Фламанска збирка
уредиХоландската и фламанската колекција се состои од повеќе од 500 дела (210 уметнички слики, 220 графики и гравури и над 80 цртежи). Народниот музеј на Србија беше првиот музеј во светот кој ја вклучил слика од Пит Мондријан за постојан експонат. Застапени уметници се: Хуан де Фландес, Јероним Бос, Корнелис де Вос, Антонис ван Дајк, Антонис Мор, Јан Бројгел постариот, Мартин де Вос, Јоос ван Клив, Јан Андонис ван Равестејн, Рубенс, Јан ван Гоја, Џуст Сустерманс, Симон де Вос, Јан Викторес, Вилем ван Алст, Франс ван Миерис постариот, Паулс Потер, Каспар Нетчер, Јан Франс ван Блумен, Адам Франс ван дер Мелен, Годфрид Шалкен, Адријан ван Утрехт, Јохан Јонгкинд, Кис ван Донген, Антон Мове, Алард ван Евердинген, Винсент ван Гог и Пит Мондријан.
Истакнати дела во музејот се:
- Хуан де Фландес, Свети Јован Крстител проповед, (масло на дрво, в. 1497, 80 x 52 см)[5]
- Јероним Бос, Искушението на Свети Антониј, (темера на табла, 52x×39 cm)[6]
- Јос ван Клев, Портрет на човек со бројаница, (масло на табла, 58×41 cm)[7]
- Антонис Мор, Портрет на шпански благородник (масло на платно, 130x105cm)[8]
- Мартен де Вос, Рајот (масло на табла, 160 x 205 cm),[9]
- Питер Пол Рубенс, Дијана му покажува плен на Пан (масло на платно, 145×211.5 cm, c.1615)[10]
- Јан Бројгел Постариот, Цвеќиња (масло на платно 66×50 cm, 1616)
- Корнелиус де Вос, Портрет на млада девојка
- Антонис ван Дајк, Автопортрет (масло на платно, 66×53 cm)[11]
- Франс ван Миерис постариот, Музичка лекција (масло на табла, 35×29 см)
- Јан ван Гоја, Пејзаж (масло на табла, 47×67 cm)
- Адријан ван дер Верф, Лекции по флејта
- Винсент ван Гог, Селанка во куќа (масло на табла, 42×28 см)
- Кис ван Донген, Портрет на Дамата Мини Моне
- Пит Мондриан, Композиција II (масло на платно, 45×45 cm)
-
Дијана покажува плен на Пан, Рубенс (1615)
-
На Часови по Музика, од Франц ван Мирис Постариот (1650)
Француска уметничка колекција
уредиФранцуската уметничка колекција содржи повеќе од 250 слики и повеќе од 400 графики и гравури, од 16 до почетокот на 20 век, вклучувајќи ја и колекцијата на Шломовиќ (58 слики и над 200 графики). Меѓу француските сликари во колекцијата се претставени: Николас Турние, Роберт Турниерес, Ибер Робер, Пол Гоген, Реноар, Анри де Тулуз-Лотрек, Анри Матис, Моне, Сезан, Дега, Жан Батист Корот, Пол Сигнак, Морис Утрило, Аугуст Родин, Жорж Руо, Пјер Бонар,Камиј Писаро,Одилон Редон, Густаве Моро, Оноре Даумиер, Еуген Кариер, Морис де Вламник, Андре Дерен, Сузан Валдон, Жан Луис Форен, Роберт Делане, Роса Бонхур, Мари Лауренсин, Феликс Зием. Збирката за графика и цртежи ги вклучува и делата на Чарлс Ле Брун, Себастијан Бурдон, Жак Кало, Чарлс-Франсоа Даубини, Дега, Делакроа, Жан-Батист-Камил Коро, Ле Корбизје (3 графики), Реноар, Жан Кокто, Евгени Карриер итн. .
Истакнати француски дела во Музејот се:
- Никола Турние, Концерт (платно 120x169cm) (Порано му се припишува на Караваџо)
- Роберт Турниерс, Регент и Госпоѓа де Парабере (платно 96x130cm)
- Жан-Марк Натиер, Портрет на дама со цвет (платно 73x59cm)
- Хуберт Роберт, Скалите на паркот од палатата Фарнезе[12] (платно 217x149cm)
- Сезан, Капачи (акварел),[13]
- Реноар, Голи, (платно 129.5 cm × 172.7 cm (51 во × 68))
- Моне, Катедралата Руен (платно)
- Анри де Тулуз-Лотрек, Женски портрет (платно),
- Гоген, Девојка од Тахити (масло на платно - 143 x 98 см),
- Едгар Дега, Биста на човек со мека шапка
- Писаро, Плоштад на Францускиот театар преку ден (платно),
- Матис, Покрај прозорецот (платно)
- Коро, Во Парк (платно) и Пејзаж од Италија (платно),
- Андре Дериан, Едрилици во Кариере,[14] (платно)
- Павле Зињак, Жени пијат чај (платно),
- Пјер Бонард, Дама која чита (платно),
- Едуард Вилард, Внатрешност (темпера),
- Роберт Делинеј, Тркачите (платно)
-
Девојка од Тахити, од Пол Гоген (1886)
-
Маж со мека шапка, од Едгар Дега
-
Голи, од Реноар
Руска уметничка колекција
уредиРуската уметничка колекција има 90 слики, бројни копии, гравури и биле најмногу донирани од принцот Павле. Колекцијата, има повеќе од 100 икони од 15 до 19 век. Во колекцијата се наоѓаат дела од сликари и вајари како Иван Аивазовски, Марк Шагал, Василиј Кандински, Николас Рерих, Иљја Репин, Филип Маљавин, Алексеј Харламов, Михаил Ларионов, Борис Григорјев, Владимир Боровиковски, Павел Кузнецов, Константин Коровин, Казимир Малевич, Александар Бенуас, Ел Лисицки, Мцислав Добухински, Александар Николаевич Самохвалов, Петар Нилус итн.
Некои од руската уметничка колекција се:
- Орест Кипренски, Портрет на царскиот син (платно)
- Иван Аивазовски, На црноморскиот Сончев брег (платно 90×130 cm)
- Никола Рерих, Светите гости (платно 82×153), Црковните ѕвона ѕвонат,
- Василиј Кандински, Бинц на островот Ружен
- Иљја Репин, Портрет на Николај Кузнецов, Жена во народна носија
- Константин Маковски, Портрет на принцот Николај Михаилович (платно 107×73 cm),
- Владимир Боровиковски, Портрет на Караѓорѓе (1816)
- Марк Шагал, Стар човек и крава,
- Александар Арчипенко, Две жени
- Ел Лисицки, Победа над Сонцето (акварел)
Англиски уметнички колекции
уредиВклучува сликари од крајот на 19 век, главно импресионистички и постимпресионистички. Најголемиот дел од колекцијата бил донација од принцот Павле пред Втората светска војна. Во колекцијата се наоѓаат 64 слики и акварели, 51 графика и гравури. Тие вклучуваат сликари како што се Алфред Сисли, Чарлс Кондер, Филип Вилсон Шер, Валтер Сикерт, Хермиона Хамонд, Џејмс Боливар Менсон, Виндам Луис, Роџер Фрај, Данкан Грант, Ванеса Бел и Роланд Фишер и графички дела од Вилијам Хогарт.
Некои од англиските уметнички дела се:
- Џон Констабл, Пејзаж (акварел)
- Џорџ Морланд, Штала со диви свињи
- Кларксон Фредерик Стаинфилд, Море со рибарски бродчиња (1862)
- Френк Хол, Враќање од пешачење (1877 година)
- Алфред Сисли, Шлепери на Лоинг
- Чарлс Кондер, На плажа
- Валтер Сикрет, Улица во Диепе
- Џорџ Фредерик Ватс, Дамата Гарваг
- Џејмс Боливар Менсон, Уште живот со Цвеќе, Поглед од Хотон Сасекс
- Џон Августус, Портретот на девојчето Беатрис
- Данкан Грант, Сонце на село, Сено
- Вилијам Ротенштајн, Портрет на Лоренс од Арабија (1921 година, платно)
- Роџер Фрај, Голи во пролет (1921 година)
- Ванеса Бел, Покриви
Јапонски уметничка колекција
уредиЈапонската уметничка колекција има 220 дела, меѓу кои 36 графики и слики (сите графики кои припаѓаат на жанрот Ukiyo-e, кој се развива во Јапонија од 17 до 19 век ,каде еден од најчестите мотиви беше градот Едо). Колекцијата ги содржи и дела од Кунисада, Тојокуни, Кеисаи Ајзен, Хирошиге, Утамаро и Цугухару Фоуита.
- Кунисада: Серија портрети на глумец, Налетите на ветер,[15] Серија од актови[16] Гејши[17]
- Тојокуни: Серија портрети на глумци, Кабуки театар, Дама со пријател[18]
- Хирошиге: Стотина пејзажи на Едо (серија на графики), Нихон и Едо мост,[19] Градина со сливови дрвја,[20]Модна продавница во Олема улица[21]
- Гинко Адачи: Дами[22]
- Садахида Гиокуран, Гејшата Ханаоџи[23]
- Утамаро, Момче и глувче[24]
Австриски и германски уметнички колекции
уредиАвстриската и германската уметничка збирка во Народниот музеј во Белград има 112 слики, бројни графики и гравури. Сликарите обично биле од 19 и 20 век, додека графиките се од 15 век. Најпознати сликари во колекцијата се Макс Либерман, Ловис Коринт, Фриц фон Ухде, Карл Хофер, додека печатените дела вклучуваат Албрехт Дирер (49 цртежи), Густав Климт, Ловис Коринт, Макс Слевогт итн. Повеќето слики биле донирани од Обреновиќи и од принцот Павле. Некои од делата се:
- Филип Петар Рос, Овчар со стадо (1690)
- Петер Штрудел, Пан со путас (платно 190 x 99 см в. 1690)
- Георг Филип Ругендас, Битка од тристогодишната војна (платно 89x123cm в. 1700)
- Јаков Филип Хакерт, Урнатини (акварел 1781 година)
- Франц Кригер, Портрет на Елеонора Мајер Герхард (платно 1840) и Портрет на Волф Мајер
- Мориц Михаел Дафингер, Портрет на Принцот Милош Обреновиќ [25]
- Макс Либерман, Куќа со Градина, Пазар во Минхен
- Фриц фон Уде, Жена на прозорецот
- Мојсе Кислинг, Жена во црн фустан в.1928 година, Женски акт
- Макс Ернст, Разговор со Химера
- Фридрих Август фон Каулбах, Глава на жената (пастел)
- Ханс Тома, Пејзаж во Шварцвалд
- Фердинанд Георг Валдмилер, Портрет на Г-ѓа Татичек, Портрет на Хенрих Татичек, Портрет на млада жена
- Ловис Коринт, Меморија на топката (акварел), Шума (мастило)
- Карл Хофер, Мртва природа
Други уметнички колекции
уредиДруги уметнички колекции во Народниот музеј на Србија вклучуваат дела од Шпанија, САД, Бугарија, Унгарија, Полска, Австралија, Кина, Канада итн. Збирките вклучуваат слики од Ел Греко, Пикасо, Мери Касат, Бурн Хогарт, Феликс Филип Каниц, Ласло Мохоли-Наги, Едуардо Аројо, Еро, Соломон Ле Вит итн.
Некои од делата се:
- Ел Греко, Пресвета утеха (1560-1570)[26] {На заем од Српската православна црква}
- Пабло Пикасо (13 дела), Глава на жена (масло на платно), Две жени (акварел),[27] Внатрешност со три фигури (цртеж), Скромен оброк (цртеж),[28] Жена со книга (гравура), Коњаник (цртеж), Арлекин (пастел) итн.
- Антониј Клев, Композиција I, Композиција II и Композиција III'
- Чарлс Демат, Цвеќиња
- Џулијиус Ролшовен, Женски акт
- Фредерик Портер Винтон, Пејзаж со езеро
- Мери Касат, (7 пастели), Девојка со мачка, Девојка и куче, Жена држи дете, итн.
- Леон Крол, Портрет на Мирослав Спајалковиќ
- Марк Тобеј, Кавал (масло на картон)
- Сол Ле Вит, Композиција со жолто, сино и црвено (гваш)
- Невил Луис, Црна жена
- Ендре Немес, Посета на Париз (акварел), Составот (акварел) и Вез (платно)
- Аурел Бернат, Микулас (пастел)
- Вацлав Боровски, По лов (платно 100x86cm)
- Роман Артимовски, Песимистичен пејзаж (платно 60x81cm)
- Станислав Виткиевиц, Хан Сарај
- Казимир Сичулски, Освојување на Краков 1025 година (темпера 150x317cm)
- Јарослав Чермак (сликар), Бегалци од Херцеговина
- Чудомир, Стара жена (акварел)
- Никола Маринов, Три жени (акварел), Две девојки во полето
- Бенчо Обрешков, Мост преку Mарицa, Принцот Павле, Мртва природа со цреши, Вазна со сини цвеќиња, Пејзаж
- Феликс Филип Каниц, Соко град, Тимок долина, Ниш, Јања тана, Кална тана, Тимок клисура и Пирот[29]
- Мор Тан, Убиството на Караѓорѓе (1863, 110x142)
- Еро, Од глувчешка дупка, А Мои (сериграфика), Безимена гилотина
- Антонио Секуи, Збогум оружје
- Зао Ву Ки, Пејзаж во голема долина (акварел)
Српска и Југословенска уметничка колекција
уредиСрпската и југословенската уметничка колекција се состои од повеќе од 6000 парчиња создадени помеѓу 17-ти и 20 век. Некои од уметниците претставници се: Паја Јовановиќ, Стојан Аралица, Петар Лубарда, Милан Коњовиќ, Урош Предиќ, Ѓура Јакшиќ, Марко Мурат, Ѓорѓе Андреевиќ Кун, Надежда Петровиќ, Петар Добровиќ, Мица Поповиќ и Сава Шумановиќ. Исто така, има словенечки уметнички дела од Матија Јама (7 платна), Август Чернигој (6 дела), Скица за театар, Рихард Јакопич (7 платна) Бреза, Иван Грохар, На испаша и Матеј Стернен (4 платна) Читателка итн.
- Теодор Крачун, Христовото Воскресение (1780 година), Свети Апостол Тома, Свети Апостол Марко, Свети Јован Божествен и Аврамова жртва
- Константин Данил, Мадона, Портрет на маж, Мртва природа, Портрет на Стани Дели, Архангел Габриел, Портрет на Вајгланг, Портрет на г-ѓа Тетези, Портрет на Генерал Стеван Кничанин, Портрет на дама со крст и Портрет на госпоѓа Софија
- Паја Јовановиќ, Цртеж на Стефан Душан, Свадба на Стефан Душан, Портрет на господин Хадсон, Портрет на Никола Пашиќ, Жена во розова облека, Продажба на модел од Манасија манастир, Портрет на Пупин, Украсување невеста, Арнаут со луле, Лекции по мечување, Неговата сопруга Муни, Портрет на жена со шапка, Востание во Таков, Стефан Дечански, манастир Сопоќани, Портрет на романскиот крал Фердинанд, Дијана, Гол, Портрет на Симингтон, Портрет на Јосип Броз Тито, Фурор Тевтоник, Цвеќе,Борба на петли, Портрет на Гедеон Дунџерски, Портрет на г-ѓа Хадсон, Куќа во Карс, Предавник, Мотив од Челарево, Марко, Милош и Вила и принцот Лазар
- Надежда Петровиќ (86 слики), Косовски божури, Автопортрет
- Урош Предиќ (13 слики), Аморети, Малиот филозоф, Портрет на фелдмаршал Живојин Мишиќ, Свети Сава ги благословува децата, Вредни раце, Весели браќа, Портрет на Константин Данил, Портрет на Ѓорѓе Крстиќ, Портрет на Љуба Ивановиќ, Девојче со кукла, Сираче, Бегалци од Херцеговина
- Ѓура Јакшиќ, Автопортрет, Жена во син фустан, Атентатот на Караѓорѓе, Портрет на Милан Обреновиќ, Портрет на директор Кириќ, Принцот Михаил на смртна постела, царот Душан, Стражарска кула, Св. Ѓорѓи, кнез Марко, Бановиќ Страхиња, Огномет на Стамболска капија и Христос на шумата
- Бета Вукановиќ, Летен ден
- Урош Кнежевиќ (2 слики), Момче со пердув
- Петар Добровиќ (21 слики) Карлов мост, Монументални коњи на плоштадот на свети Марко во Венеција , Шипан, Јадрански пејзаж, Портрет на Ана Трезибашиќ[30]
- Ѓорѓе Крстиќ (13 слики), Жена под јаболково дрво, Анатомист, Манастир Студеница, Манастир Жича, Цртеж на девојче, Ќеле Кула, Пролет, Свети Никола, Заклетвата на свети Ѓорѓија, Внатрешеност на Манастир Жича, Капитулација на Баба Кај и Сталаќ[31]
- Марко Мурат (28 слики), Пролет и Пролет во Дубровник
- Сава Шумановиќ (25 слики, 1 цртеж), Сиѓанки, Доаѓање на есента, Голотија, Мост во град, Птица овчарка, Гола на црвен ќилим
- Милан Коњовиќ (15 слики), Страдун, Пченични полиња и Тончика
- Петар Лубарда (23 слики), Морски гребени
Скулптури
уредиВо музејот се сместени скулптури од раниот римски период па до 20 век. Југословенската колекција се состои од 850 дела, а странската колекција има над 50. Најзначајните колекции доаѓаат од вајари како што се Иван Мештровиќ (96 дела), Тома Росандиќ, Антун Аугустинчиќ, Франо Кршиниќ, Цезар Балдачини, Аристид Мајол, Џорџ Мине, Каи Нилсен (вајар), Ристо Стијовиќ, Матија Вуковиќ и Јулиј Книфер.
- Жил Далоу, Машка фигура што седи
- Иван Мештровиќ (45 работи), Ангел на Смртта, Бановиќ Страхиња Торзо (мермер), Портрет на Мајка (мермер), Милош Обилиќ, Косовка девојка, Срѓa Злопоглеѓа, Крале Марко, Вдовица, Сеќавање, Вдовица со дете, Две вдовици, Косовка девојка.
- Аристид Мајол, Медитеран, Голи, Минијатура на голи
- Жан-Батист Карпо, Момче со школка', Бахтианска жена, Маж кој седи
- Тома Росандиќ, Турски глави, Доброто и злото, Млада жена, Уморен борец, Фрлач на камен
- Антун Аугустинчиќ, Бронза Женски акти,[32] Автопортрет, итн.
- Џорџ Мине, Глава на калуѓерка
- Франо Кршиниќ, Голи жени во мермер,[33] Одмор
- Каи Нилсен (вајар), Леда без лебед
- Евгениј Вучетиќ, Ленин
- Иван Рендиќ, По Бања
- Ристо Стијовиќ, Млада девојка
- Симеон Роксандиќ, Танчерка
- Сретен Стојановиќ, Портрет на Таткото
Реконструкција
уредиЗградата на музејот беше реконструирана во 1968 година. Во 2003 година, постојаната изложба беше демонтирана и зградата беше затворена поради реконструкција, но процесот се одолговлекувал со години, така да до јануари 2018 сè уште не бил отворен .
На 25 јануари 2012 година, десет години од затворањето на Народниот музеј во Белград, Владимир Богдановиќ во водечкиот српски весник/мрежно место Прес напишал колумна наречена Деценија на културен геноцид против Србите, коментирајќи ја потребата и важноста за национален музеј. Тој, исто така, го критикуваше зачувувањето на уметноста во музејот. Фасадата беше завршена во 2015 година и мораше да биде реконструирана во нејзиниот оригинален изглед бидејќи зградата е под државна заштита. Во средината на 2016 година започнаа работите на ентериерите. Влезот во музејот од улицата Васина ќе остане главниот влез, додека излезните врати што водат до плоштадот на Републиката, со архитектонско скалило, ќе бидат прилагодени како излезни места.
Новата постојана изложба ќе го претставува културниот развој во овој дел на Европа од праисторијата до 20 век, со акцент на српското културно наследство. Уметноста од 18-ти и 19 век ќе биде изложена на првиот кат, како и југословенската уметност од 20 век. Во атриумот на зградата каде има сводови, оставени од периодот кога местото функционирало како банка, ќе се адаптира во изложбени депоа. Изгледот на сводот ќе биде зачуван и ќе служи за презентација на музејската нумизматичка колекција, од почетокот на кованите монети до 20 век. Покрај тоа, тука ќе биде изложена и колекција на медалјонска уметност.
Градежните работи треба да бидат завршени до март 2018 година, кога треба да започне подготовката и поставувањето на збирките. Се очекува дека музејот ќе биде отворен подоцна во 2018 година, 15 години по неговото затворање и 50 години по претходната реконструкција.
Галерија
уреди-
Мирославово евангелие
-
Цинцар Јанко Поповиќ, од Урош Кнежевиќ
-
Кнез Александар Караѓорѓевиќ, од Урош Кнежевиќ (1852)
-
Јаков Ненадовиќ (масло на платно, Урош Кнежевиќ, после 1852)
-
Манастирот Жича, од Ѓорѓе Крстиќ
-
Милан Миловановиќ, Брегот на Хиландар, 1907 г.
-
Свети Сава благословува спрски деца, Урош Предиќ, 1921.
-
Сираче, од Урош Предиќ
-
Жена под вел, Круг на Џузепе Кроф, околу 1860.
-
Фрлач на камен, Тома Росандиќ
-
Глава на гном, Одилон Редон, 1879.
-
Плоштад на францускиот театар, Камиј Писаро
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Збирке Народног музеја « Народни музеј у Београду“. narodnimuzej.rs.
- ↑ „National Museum - Reconstruction - Beobuild“. beobuild.rs. Посетено на 2018-03-24.
- ↑ „Deo Narodnog muzeja počinje sa radom“. B92.net (српски). Посетено на 2018-03-24.
- ↑ Димитријевић, Милица. „Око 3.000 експоната пред посетиоцима на Видовдан“. Politika Online (српски). Посетено на 2018-03-24.
- ↑ „NIN / Sklapanje ikonostasa“. nin.co.rs.
- ↑ „Collective Database for Cultural Heritage - OBJECT: 772“. culturalheritage.cc.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2011-08-30.
- ↑ „Collective Database for Cultural Heritage - OBJECT: 784“. culturalheritage.cc.
- ↑ „Collective Database for Cultural Heritage - OBJECT: 807“. culturalheritage.cc.
- ↑ Peter Paul Rubens. „Diana Presentig the Catch to Pan - Peter Paul Rubens - WikiArt.org“. wikipaintings.org. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2018-03-24.
- ↑ „Collective Database for Cultural Heritage - OBJECT: 860“. culturalheritage.cc.
- ↑ „Blic Online - Izložba "Imaginarni vrtovi Ibera Robera" u atrijumu Narodnog muzeja“. Blic Online.
- ↑ „Sudbina kolekcije Šlomovića“. politika.rs.
- ↑ „Zašto je zbirka podeljena“. politika.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Exhibitions“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Artists“. arte.rs.
- ↑ „El Greko - u susret jubileju“. novosti.rs.
- ↑ „Pisma otkrivaju enigmu Šlomović“. novosti.rs.
- ↑ „Tragedija na šinama“. novosti.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Artists“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Artists“. arte.rs.
- ↑ Arte Media d.o.o. „Narodni muzej u Beogradu - Artists“. arte.rs.
- ↑ „Bronze Female Nude (Relaxation), 1938. Antun Augustincic (1900-1979) was a prominent Croatian sculptor of monuments“. Flickr - Photo Sharing!.
- ↑ „Female Nude in Marble . Resting - Meditation, by Frano Krsinic (1897–1982).1940. Art Pavilion in Zagreb , temporary exhibit with 100 Croatian masterpieces from Belgrade“. Flickr - Photo Sharing!.