Василиј Кандински
Василиј Кандиски (руски: Васи́лий Васи́льевич Канди́нский, роден на 4 декември 1866 во Москва - починал на 13 декември 1944 во Неји на Сена) — руски сликар.
Василиј Кандински | |
---|---|
Василиј Кандински во 1913 година | |
Роден(а) | Василиј Василевич Кандински 16 декември [ст. ст. 4 декември] 1866 Москва, Руско Царство |
Починал(а) | 13 декември 1944 Неји на Сена, Франција | (возр. 77)
Националност | Русин, подоцна Французин |
Образование | Академија за ликовни уметности (Минхен) |
Познат(а) по | Сликарство |
Значајни дела | On White II, Der Blaue Reiter |
Правец | Експресионизам; апстрактна уметност[1] |
Животопис
уредиВасилиј Кандински е роден на 4 декември 1866 година во Москва, по татко со потекло од Сибир и мајка од Москва. Тој дал придонес во историјата на модерното сликарство, но освен сликар бил филозоф и визионер.
Во раните Кандински сакал да биде музичар но кога наполнил двасет години заминал да студира право и економија на Московскиот универзитет, и во тој период за првпат се запознал со старата руска уметност. Длабок печат на целокупниот негов уметнички развој оставиле средновековните руски икони.
Второ рано влијание врз неговото творештво имала и Руската народна уметност со која се запознал при патувањето во некои северни провинции. Во 1889 година ги проучувал старите мајстори во Москва и Петроград, кога и за првпат го посетил Париз, каде повторно се вратил во 1892 година. Василиј Кандински дипломирал на Московскиот универзитет во 1893 година.
Во својата дваесет и деветта година од животот, односно во 1896 година, за првпат ја видел изложбата на француските импресионисти која била пресудна да ја напушти правната кариера. Така тој заминал за Минхен да студира сликарство во 1900 година каде се стекнал со диплома од тамошната Кралска Академија.
Како значаен период во собирање на искуство е неговиот престој во Париз есента 1902 и во Тунис 1902-1903 година, потоа неговиот едногодишен престој во Италија од каде заминал за Дрезден. Повторно се вратил во Париз во 1906 година каде останал една година. Во 1908 година се вратил во Минхен каде останал да живее во наредните шест години.
Во своето дванаесет годишното чиракување (1895-1907), Кандински собрал големо искуство. Во периодот кога тој дошол во Минхен во 1908 година неговото сликарство веќе минало низ кеколку сликарски фази од академизам, кој го научил на Краската Академија преку народната уметност, импресионизмот, постимпресионизмот, сè додека не решил со своите четриесет и две години да ги собере сите свои искуства и да ја формира својата интуиција во поглед на можностите во сликарската уметност. Во своите дванаесет години талкање и чиракување се сретнал со Пол Сезан и го разгледувал Париз помеѓу 1902 - 1906 година. Оттаму се вратил во Минхен и започнал да се раководи од сопствените нагони. Разултатот бил потполна еманципација од влијанијата под кои бил до тогаш.
Кога започнала Првата светска војна во 1914 година, Кандински од Минхен се вратил во Москва. Ја оставил збирката на експериментални работи којашто денеска се наоѓа во Градската галерија во Минхен. Од тој материјал може да се види дека за првите две години од неговиот престој во Минхен, Кандински бил врзан за мотив-пејзаж. Од овој материјал исто така може да се види и неговиот пресврт кон непредметното сликарство. Кандински дава свое мислење - дефиниција за уметничкото дело. Според него уметничкото дело се состои од два дела, внатрешен и надворешен. Внатрешниот дел е емоцијата во душата на уметникот, во душата бидејќи е врзана за телото и влијае со помош на чувствата што ги чувствуваме. Василиј Кандински разликува три извори на инспирација: Непосредниоит впечаток на надворешната природа го нарекува - импресија, од духовна природа го нарекува - импровизација и свеста и намерата ги нарекува композиција.
Наводи
уреди- ↑ „The first abstract artist? (And it's not Kandinsky) - Tate“. www.tate.org.uk.
Надворешни врски
уреди„Василиј Кандински“ на Ризницата ? |
- Video remake of the stage production of "Pictures at an Exhibition" by Kandinsky in 1928 in Dessau, 2015.
- Wassily Kandinsky papers, 1911–1940. The Getty Research Institute, Los Angeles, California.
- Discussion of Yellow - Red - Blue by Janina Ramirez and Marc Canham: Art Detective Podcast, 19 April 2017