Алфред Сисли
Алфред Сисли (франц. Alfred Sisley; 30 октомври 1839 — 29 јануари 1899) бил британски импресионистички сликар на пејзажи кој живеел во Франција.
Животопис
уредиАлфред Сисли е роден во Париз од англиски родители, Вилијам Сисли и Фелисје Сел. Во 1860-те години студирал сликарство во ателјето Чарлс Гелер, каде се запознал со сликари како што се Фредерик Базиј, Клод Моне и Пјер Огист Реноар. Зеадно сликале пејзажи за што подобро да ги реализираат падовите на сончевите зраци на останатите објекти во природата. Благодарение на оваа постапка, што било иновација од тоа време, резурлирало со поживи тонови и појаки бои на платното на Алфред Сисли пружувајќи и на тогашната публика нешто што дотогаш не виделе. За разлика од неговите импресионистички колеги на кои лошо им одело, Алфред Сисли имал помош од неговиот татко кој му давал пари кога му требале.
Студентските дела на Алфред Сисли се за жал изгубени. За сегашната најрана работа, „Lane near a Small Town“ се верува дека е насликана околу 1864 година.
Во 1860-тите влегува во врска со Евгелија Лецкузец, со која подоцна ќе има две деца. Таа врка траела 30 години сè до нејзината смрт, три месици пре Алфред Сисли во 1899. година. Алфред Сисли се наоѓал во Лондон, 1871 година, сè додека не ја открил сликата на Вилијам Тарнер и најверојатно Џон Констабл. Ова открите многу влијаело на него како на импресионистички сликар, и на неговите следни слики може да се види влијание од овие англиски сликари.
Алфред Сисли умрел во Морт-сур Лонг на свои 59 години.