Петар Лубарда
Петар Лубарда (српски: Петар Лубарда 27 јули 1907 – 13 февруари 1974) бил српски и југословенски сликар, редовен член на САНУ, и надворешен член на ЈАЗУ.
Петар Лубарда | |
---|---|
Петар Лубарда на поштенска маркица во 2007 издадена од Српски Пошти | |
Роден(а) | 27 јули 1907 Љуботињ, Кнежевство Црна Гора |
Починал(а) | 13 февруари 1974 Белград, Србија, Југославија | (возр. 66)
Животопис
уредиОсновно школо посетувал во Љуботињ, Цетиње и Херцег Нови, додека гимназија во Херцег Нови, Шибеник, Сињ и Никшиќ каде и започнал да слика. Студиите по сликарство ги започнал во 1925 година во Уметничката школа во Белград, а на кратко и во Париз во 1926 година, на Académie des Beaux Arts. Во Црна Гора се вратил во 1932 година, и истата година доаѓа во Белград. Во Париз по вторпат престојува од 1938 година до 1940 година.
Првата самостална изложба ја одржал во 1925 година во Никшиќ а потоа во 1927 година и 1929 година во Париз и Рим. Од 1927 година учествувал на многобројни колективни изложби во земјата и странство. Коресподентен член на Српската академија на науки и уметности станал во 1959 година, а редовен во 1961 година. Во САНУ оставил писмо во кое бара при секое негово излагање на неговите дела, задолжително да се нагласи дека по народност е Србин[1].