Мери Стивенсон Касат (англиски :Mary Stevenson Cassatt; родена на 22 мај 1844 во Питсбург - починала на 14 јуни 1926 во Ле Мениј Терибу) — американска уметничка на импресионизмот. Повеќето од својот живот го поминала во Франција, каде се спријателила со сликарот Едгар Дега и каде што подоцна и излегувала со импресионизмот.

Мери Касат
НационалностАмериканка
Правецимпресионизам

Касат обично сликала слики со темен социјален и приватен живот на жената, како и слики со темни односи помеѓу мајката и децата.

Детство и младост

уреди
 
Млада жена во црно зелена шапка

Мери Касат е родена 22 мај во Питсбург, од татко Роберт. С. Касат, успешен банкар, и мајка Катарина Келсо Џонстон, која исто така била од фамилија на банкари. Мери пораснала во околина каде што патувањето се сметало како некој вид на образование. Пред својата десетта година веќе го посетила поголемиот дел на Европа вклучувајќи ги и Лондон, Париз и Берлин.

Нејзиното семејство било за тоа таа да стане професионален сликар, и таа започнува школување на „Пенсилваниската уметничка академија“ во Филаделфија (1861-1865). Зошто мислела дека подучувањето било многу споро, и зошто се јавил проблем помеѓу неа, професорот и маскиот студент , таа одлучува да учи сама за класичното сликарство, и набрзо во 1866 година се преселува во Париз.

Кога започнува Француско-Пруската војна се враќа во САД, каде што живее со своето семејство, но се појавува проблем за пронаоѓање модели и сликарски матрејал во малиот град. Таткото и давал за основните животни потреби, но не и за сликарскиот материјал. Во 1871 година се враќа во Европа каде што го изнајмува Архибскуп од Питсбург да направи одреден број на копии на слики од Италија, и потоа го продолжува нејзиното патување по Европа.

Импресионизам

уреди

После постојаното учење во големите Европски музеи, нејзиниот стил доаѓа до врвот во 1872 година и тогаш во Париз започнала да уши со Камиј Писаро.

Нејзината прва слика била прифатена во 1872 година од страна на Паризкиот салон, но била критикувана дека нејзините бои биле многу светли и дека нејзините слики биле премногу додворувашки за оној кој ги гледа.

Кога Мери Касат ги видела нејзините работи направени со пастел од страна на Едгар Дега на излог во продавница со уметнички дела, знаела дека не е сама во отпор со салонот „Често сум го доближувала носот до излогот за да можам да апсорбирам сè што сум можела во неговото дело," пишувала на нејзиниот пријател. „Ми го промени животот. Сум видела уметност онаква каква што сум сакала да ја видам." Се сретнала со Дега во 1874 година, каде што ја викнал на изложбата на импесионисти а беќе годината 1879, нејзиното дкло било закачено на Импресионистичката изложба. Таа станува активен член во кругот на импресионизмот во 1886 година, и станува пријателка со Едгар Дега и Берт Моризо. Со Дега, Касат сè повеќе се навалува на пастелот и доста од нејзините слики се нацртани со оваа техника.

Набрзо после триумфот на Импресионисти, Касат престанала да слика за да може да се грижи за својата мајка и сестра, кои се разболуваат одма после преселувањето во Париз 1877 година. Нејзината сестра Лидија починала 1882 година, но нејзината мајка оздравела, и Касат продолжува со сликањето подоцна во 1880-те.

Нејзиниот стил се развивал, и таа се повлекува од импресионизмот на едноставната техника, и директно постапува. Годината 1886, таа повеќе не се индефитикува со било кој уметнички правец и почнува да експериментира со сè повеќе техники.

Годината 1891, изложила серија со литографски работи, вклучувајќи Woman Bathing и The Coiffure, инспирирани во редовите на Јапонските стари уметници чија изложба била во Париз една година порано.

 
Мери Касат (1844-1926)

Животот подоцна

уреди

1890-те години за Касат биле најкреативни. Освен успешните работи таа многу брзо станала пример на многу млади уметници. Меѓу нив била и Lucy A. Bacon, која Касат ја запознала со Камиј Писаро. Како што доаѓал новиот век, Мери работела како советник на неколку големи колекционери на уметноста и воедно ги стимулира што повеќе да вложуваат во Американските музеи на уметноста. Ама нејзината работа ја работела успешно собирајќи доста големи дела, нејзините лични дела уште долго време нема да бидат разбрани во САД.

Годината 1906, братот на Мери Касат, Александар Касат, починал. После неговата смрт Мери не сака да слика до 1912 година.

За тоа време таа патува и 1910 година го посетува Египет кој ја импресионира со својата убавина на старата уметност. Година дена подоцна и бил дијагностициран дијабетес, ревматизам, неуралгија, и перде, но таа не го забавува ритамот на животот сè до 1914 година кога била принудена да престане со сликањето затоа што била скоро слепа. И покрај тоа Мери била изложена уште еднаш во 1915 година во поддршка на дотогашните феминистички движења, каде што изложила 18 свои дела.

Заради својот придонес во уметноста, Франција на неа и доделила чесен орден на Легија во 1904 година.

Починала на 14 јуни 1926 година, а погребана била во близина на Париз, Франција.

Годината 2005, нејзините слики биле продавани по цени околу 2.87 милиони долари.