Мирославово евангелие

Мирославово евангелие (српски: Мирослављево јеванђеље / Miroslavljevo jevanđelje) е српски ракопис на пергамент од 362 страни со богата декорација. Тој е еден од најстарите преживеани ракописи напишани на српска варијанта на црковнословенски јазик. Овој ракопис се смета за ремек-дело на илустрацијата и калиграфијата.[1]

Првата страна на Мирославовото евангелие

Мирославовото евангелие е создадено во 1186 година од Мирослав, кнезот на Хум[2] и брат на Стефан Немања, великиот жупан на Рашка. Први кои го откриле и проучувале ракописот биле тројцата руски учени: Владимир Стасов, Фјодор Буслаев и Никодим Кондаков во 1874.

Наводи

уреди
  1. Deliso, Christopher (2008). Culture and Customs of Serbia and Montenegro. Westport, CT: Greenwood Publishing Group. стр. 102. ISBN 9780313344367.
  2. Cuvalo, Ante (2007). The A to Z of Bosnia and Herzegovina. Lanham, MD: The Scarecrow Press, Inc. стр. 155. ISBN 9780810876477.