Жан-Батист-Камиј Коро

Жан Батист Камиј Коро (француски: Jean-Baptiste Camille Corot; Париз, 16 јули 179622 февруари 1875) — француски сликар. Со сликарството почнува да се занимава уште од 1822, инсписриран од делата на Клод Лорен и Никола Пусен. Повеќепати патаувал во Италија каде што сликал понoрама на Рим и многубројни претстави на предели (пејзажи). Бил поврзан со уметниците од Барбизонското училиште го ублажувал нивниот реализам внсувајќи митолошки и алегориски елементи на сликите. Неговите подоцнежни слики на кои се застапени скали во сите тонови претставува импресионизам. Неговиот опис зафаќа околу 2000 слики , 300 цртежи и десетина графички листови. Коро е сликар за кој неговите пријатели го нарекувале „кралот на пределот“ заради неговиот живот. Иако никогаш не го прифаќал мислењето на импресионистите, верува дека тој прв го ослободил францускиот предел од некласичните канони и го отворил патот кон уметноста за новите епохи. Најчесто работел во шуми фонтенбло која била рај за сликарите во тоа време, поготово за барбизонците. На сликите Коро не се осмелува да ја наслика природата каква што е туку само неговиот отпечаток за неа, користејќи ги нејзините облици и нијансли помагајќи од страна на неговите желби да го изрази своето поетично расположение. Бил сликар на широките, светските хоризонти кои дотогаш биле прикриени со магла и од светлото небо од каде што се гледа неговото чувство кое било искрено и полно со живот.

Жан Батист Камиј Коро
Коро во 1850 г.
Роден(а)Жан Батист Камиј Коро
16 јули 1796
Париз
Починал(а)22 февруари 1875
Париз
НационалностФранцузин
Познат(а) поСликање
'„Жена со бисер“, 1868-1870, Париз: Лувр