Амазонит
Амазонитот, познат и како Амазонски камен, е зелен тектосиликатен минерал, разновидност на калиумовиот фелдспат наречен микроклина.[1][2] Неговата хемиска формула е KAlSi3O8.[3]
Името на овој камен, потекнува од она на реката Амазон, од која порано се добивале зелените камења, но не е познато дали тие камења биле амазонити.[1] Иако се користел за повеќе од две илјади години, како што е потврдено со археолошките наоди во Египет и Месопотамија, ниту еден антички или средновековен авторитет не го споменува. Првпат бил опишан како посебен минерал дури во 18 век.[4]
Зелените и зеленикаво-сините сорти на калиумови фелдспати кои се претежно триклинички се означени како амазонити.[5] Тој е опишан како „прекрасна кристализирана разновидност на светло зелено“ и дека поседува „жива зелена боја“. Повремено се сече и се користи како скапоцен камен.[6]
Појава
уредиАмазонитот е минерал со ограничена појава. Порано бил добиен речиси исклучиво од областа Миас во планините Илменски, 50 милји југозападно од Чељабинск, Русија, каде што се јавува во гранитните карпи.[1]
Сега е познато дека амазонитот се појавува на различни места низ светот. Тие места, меѓу другото, се следните:
- Кина - Баишитоукуан, префектурата Хами, Ксинџианг (на овие места амазонитот бил најден во гранит)
- Либија - Џабал Егеи, Планините Тибести (најден во гранитни карпи)
- Монголија - Авдар Масив, провинцијата Тов (најден во алкален гранит)
- Јужна Африка: Могалаквена, Каи-Ма, Какамас, долината Церес
- САД - Колорадо, Вирџинија, Пенсилванија
Боја
уредиДолги години, изворот на бојата на амазонитот беше мистерија.[7] Некои луѓе претпоставувале дека бојата се е предизвикана од бакар, бидејќи бакарните соединенија често имаат сина и зелена боја.[7] Студија од 1985 година сугерира дека сино-зелената боја е резултат на количеството олово и вода во фелдспатот.[7] Теоретски студии од 1998 година од А. Јулг ја прошируваат потенцијалната улога на алиовалентно олово во бојата на микроклинот.[8]
Други студии предложуваат дека боите се асоцирани со зголемената количина на олово, рубидиум и талиум. Една неодамнешна студија од 2010 година, исто така, ја вмеша улогата на двовалентно железо во зелената боја.[3] Овие студии и придружните хипотези укажуваат на сложената природа на бојата во амазонитот, со други зборови збирниот ефект на неколку взаемно вклучени и неопходни фактори.[4]
Здравје
уредиСтудија од 2021г, од германскиот „ Институт за Edelsteinprüfung„ (EPI) покажала дека количината на олово што истекува од 11 грама примерок од амазонит во кисел раствор кој симулира плунка ја надмина препорачаната количина на стандардот на Европската унија DIN EN 71-3:2013 за пет пати. Овој експеримент требаше да симулира дете кое голта амазонит, а исто така може да се примени и на нови велнес практики како што е вметнување на минералот во масла или пиење вода со денови.[9]
Галерија
уреди-
).
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 791. One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е
- ↑ „Amazonite gemstone information“. gemdat.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-01. Посетено на 2018-08-24.
- ↑ 3,0 3,1 „Amazonite: Amazonite mineral information and data“. mindat.org. Архивирано од изворникот на 14 May 2021. Посетено на 13 April 2017.
- ↑ 4,0 4,1 Mikhail Ostrooumov, Amazonite: Mineralogy, Crystal Chemistry, and Typomorphism (Elsevier, 2016), p. 1-12.
- ↑ Pivec, E.; Ševčik, J.; Ulrych, J. (December 1981). „Amazonite from the alkali granite of the Avdar Massif, Mongolia“. TMPM Tschermaks Petr. Mitt. 28 (4): 277–283. Bibcode:1981TMPM...28..277P. doi:10.1007/BF01081855.
- ↑ „Common Minerals of Virginia“. Virginia Department of Mines, Minerals and Energy. Commonwealth of Virginia. Архивирано од изворникот на 2021-07-24. Посетено на 5 July 2019.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Hoffmeister and Rossman (1985). „A spectroscopic study of irradiation coloring of amazonite; structurally hydrous, Pb-bearing feldspar“ (PDF). American Mineralogist. 70: 794–804 – преку Mineralogical Society of America.
- ↑ Julg, A. (February 1998). „A theoretical study of the absorption spectra of Pb+ and Pb3+ in site K+ of microcline: application to the color of amazonite“. Physics and Chemistry of Minerals. Springer-Verlag. 25 (3): 229–233. Bibcode:1998PCM....25..229J. doi:10.1007/s002690050108. ISSN 1432-2021.
- ↑ „Lead in Amazonite - Caution“. Institut für Edelsteinprüfung. April 22, 2021. Архивирано од изворникот на March 7, 2021. Посетено на August 13, 2021.
Дополнително читање
уреди- Perl, Richard M. (1972). Colorado Gem Trails: And Mineral Guide. Swallow Press. ISBN 978-0-8040-0956-0.