Диорит
Диоритот е магматска карпа која по својот надворешен изглед се разликува од гранодиоритите по потемната боја што доаѓа од содржината на обоени минерали, како и поради отсуството на кварц. Тоа се интрузивни карпи со темносива, сивозелена, зелена, па дури и темнозелена боја. Ретко се јавуваат како самостојни маси, т.е. обично се среќаваат покрај гранодиоритите како маса без кварц. Типичните диорити се среднозрнести до крупнозрнести карпи. Диорит (јазик англиски|Diorite, јазик француски|Diorite, јазик германски|Diorit, јазик руски|Диорит) е интермедијарна магматска длАбинска карпа[1].
Се создава со кристализација на базични магми, во однос на оние од кои кристализираат сијенит и монцонит. Кристализацијата на магмата се врши во длабоките делови на Земјината кора.
Минерали кои го градат диорит се:
- интермедијарен плагиоклас: андезин или олигоклас,
- обоен минерал: хорнбленда, аугит, биотит, хиперстен,
- споредни минерали: апатит, магнетит, сфен.
Структурата на диориттот е зрнеста, а поретко може да биде и порфироидна. Текстурата е масивна.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Геолошка терминологија и номенклатура IV петрологија, Београд, 1975
Литература
уреди- Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука