Смарагд
Смарагд (Be3Al2(SiO3)6) — вид на берилот. Бојата е зелена со хром во траги, а понекогаш и ванадијум. Посебно е ценет по тежина и се смета како највреден драг камен. Берилот има тврдост од 7,5 до 8 по Мосовата скала за тврдост. Сепак делотворната тврдост на Смарагдот е помала поради фрактурата и инклузијата. Повеќето од Смарагдите имаат доста инклузија (убацени делови) така што полесно се кршат отколку што би се очекувало по степенот на тврдост.
Смарагдот се јавува во многу нијанси на зелени и плавозелени бои. Постои широк спектар на видливост, кој зависи од инклузијата и расцепот на кристалот . Најценети се оние јасни камење со темна боја, но жива боја.
Во античко време Смарагдите се копале во Египет, Австрија и во Свати во Северен Пакистан. Редок тип на Смарагди, таканречени трапиш, се наоѓаат во Колумбија. Колумбиските Смарагди се најценети по изглед и видливост. Исто така добри Смарагди се копаат и во Замбија, Бразил, Зимбамбве, Мадагаскар, Пакистан, Индија, Авганистан и Русија. Вредноста на Смарагдите зависи од брусењето, бојата и видливоста.
Општо | |
---|---|
Категорија | Берил |
Формула | Be3Al2(SiO3)6 |
Кристален систем | Шестаголен (6/m 2/ m 2/m) Просторна група: P6 / msc |
Просторна група | (6/m 2/m 2/m) - дихексагонална дипиримидална |
Единица за клетка | a = 9.21 Å, c = 9.19 Å; Z = 2 |
Идентификација | |
Маса на формулата | 537.50 |
Боја | Зелена до нијанса на безбојна |
Кристалност | Масивна и добро кристална |
Несовршеност | Расцеп и испукнатини |
Фрактура | Фрактуричен |
По Мосовата скала за тврдост | 7.5–8 |
Сјај | Стритрес |
Редеа | Бела |
Диафаничност | Транспарентен до непроѕирен |
Специфична тежина | Просечна 2.76 |
Оптички својства | Униаксијален (-) |
Рефлетирачки индекс | nω = 1.564–1.595,
nε = 1.568–1.602 |
Двојно прочистување | δ = 0.0040–0.0070 |
Ултравиолетова флуоресценција | Никаква (некои материјали за полнење на фрактури се користат за подобрување на јасноста на Смарагдот за флуоресценција) |
Наводи |