Оникс
Оникс — вариетет на калцедонот (кварцот) со слоевита градба во која на црна основа се нанесени бели линии. Ваква структура има т.н. арапски оникс, а постои и неслоевит црн кремен без бели линии кој се нарекува црн оникс и кој денес најмногу се употребува за изработка на накит.
Зборот “оникс” има латински корени, а е еквивалентен на грчкиот збор “onukha” веројатно како асоцијација на неговата слаба проѕирност. Освен за накит се употребува и за изработка на украсни предмети, садови и вазни.
Скапоцените камења и нивното влијание на човекот
уредиСкапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Ониксот симболизира искреност, остроумност и духовна сила. Се смета дека е многу моќен камен. Според арапската традиција ги ослободува породилните болки доколку се стави во косата на родилката.
Скапоцените камења и хороскопските знаци
уредиСе смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така тиркизот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: лав, јарец и водолија.
Надворешни врски
уредиperlenoire.mk Архивирано на 27 декември 2018 г. (македонски)