Аметист — виолетов вариетет на кварцот, полускапоцен камен кој се користи за изработка на накит. Грците и Римјаните чашите за пиење ги правеле од аметист, бидејќи верувале дека нема да се опијат доколку го конзумираат алкохолот од тие чаши.[1] Комплексниот однос на железото и алуминиумот е одговорен за бојата. Го користеле и старите Египќани. Како минерал е широко распространет, но најубавите примероци погодни за накит се наоѓаат на релативно малку места.

Кристален аметист.

Се наоѓа претежно во внатрешноста на вулканските карпи. Аметистот припаѓал во групата на најскапите украсни минерали, но цената му паднала откако во Бразил се пронајдени големи резерви.

Скапоцените камења и нивното влијание на човекотУреди

 
Накит од аметист.

Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми.[2] Аметистот е познат и како камен на среќата. Предизвикува смиреност, спокојство и помага при расеаност и главоболка. Аметистот штити од стрес, несоница и ментална напнатост.

Скапоцените камења и хороскопските знациУреди

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така аметистот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, скорпија, стрелец, водолија и риби.

Надворешни врскиУреди

perlenoire.mk Архивирано на 27 декември 2018 г. (македонски)

НаводиУреди

  1. „Наводи to Amethyst in Ancient and Modern Myths and Legends“. Архивирано од изворникот на 2010-01-25. Посетено на 2009-09-27.
  2. „Iscjeliteljske vibracije kristala“. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2009-09-27.