Накит (расказ на Мопасан)

„Накит“ (француски: Les Bijoux) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 27 март 1883 година.

Накит на кралицата Марија Амелија, Париз, 1800-15, потоа околу 1850-75

Содржина уреди

Матилда Лоазел била убава девојка од сиромашно семејство, без никакви изгледи да најде богат маж, па затоа била принудена да се омажи за ситен службеник во министерството за образование. Во бракот, таа е несреќна и постојано копнее по богат и удобен живот во кој таа би била убаво облечена и опкружена со внимание. Еднаш, нејзиниот сопруг добива покана за приемот кој го приредува министерот, но Матилда ја одбива поканата поради тоа што нема убав фустан. Најпосле, тој се согласува да ѝ купи, но таа повторно е незадоволна зашто нема соодветен накит. Сопругот ја советува да позајми накит од нејзината богата пријателка и таа позајмува еден гердан со дијаманти. За време на приемот, таа се чувствува прекрасно, зашто е опкружена со големо внимание од присутните. Меѓутоа, кога се враќа дома, открива дека го загубила герданот. Ноќта и утредента, нејзиниот сопруг упорно го бара герданот, но без успех. Поради тоа, тие купуваат сличен гердан кој Матилда ѝ го подметнува на пријателката. Меѓутоа, герданот е многу скап и поради него семејството Лоазел мора да се задолжи на сите страни и брачниот пар минува десет години во тешка, напорна работа со цел да ги отплатат долговите. Најпосле, тие успеваат да ги исплатат сите обврски, но во меѓувреме, Матилда е веќе стара. Еден ден, таа ја среќава својата пријателка на улица и ѝ ја кажува вистината за замената на герданот и за големите долгови во кои западнале поради него. Изненадена, пријателката ѝ кажува на Матилда дека герданот што ѝ го позајмил воопшто не бил скап, туку бил изработен од лажни дијаманти.[1]

Наводи уреди

  1. „Ђердан“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 144-156.