Месимер (грчки: Μεσημέρι, Месимери) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 765 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[2]

Месимер
Μεσημέρι
Селската управа во Месимер
Селската управа во Месимер
Месимер is located in Грција
Месимер
Месимер
Местоположба во областа
Месимер во рамките на Воден (општина)
Месимер
Местоположба на Месимер во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.63′N 22°01.51′E / 40.79383° СГШ; 22.02517° ИГД / 40.79383; 22.02517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000400000000400 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно765
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено 2 км западно од градот Воден, во подножјето на планината Каракамен, на надморска височина од 400 м.[2]

Историја

уреди

Местото значајно нараснало во жители во XVIII и XIX век кога во него се доселиле жителите на соседните села Кадрево, Фурка, Ливадица, Алгер, Свети Николци и Свети Ѓорѓи, кои биле разнебитени од разбојнички банди.[2]

Кон крајот на XIX век Месимер било чисто македонско село во Воденската каза. Во допис до весникот „Новини“ во 1892 г. месното население вели дека селото има 140-150 македонски куќи[3], една црква со тројца свештеници и едно бугарско училиште.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Месимер (Messimer) имал 120 куќи со вкупно 644 жители Македонци[3].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 880 жители Македонци.[3][6]

 
Улица во Месимер

Христо Силјанов вели дека Месимер е едно од најбогатите и најпросветени села во Воденско.[7]

На почетокот на XX век селото било растргнато помеѓу две пропаганди, од кои посилна била грчката. Така, според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Месимер (Messimer) имало 1.256 жители од кои 296 биле под врховенството на Бугарската егзархија и 960 под Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 37 ученици и грчко училиште со 4 учители и 100 ученици.[8] Поради ова, селото имало број активни гркомани.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога населението броело 856 жители[2]. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 190 македонски куќи.[2] Во 1920 г. бројот се намалил на 827, но во 1928 г. се накачил на 961 жител. За време на Втората светска војна селото го окупираат Бугарите и воспоставуваат општина.[9] Во 1940 г. селото броело 1.145 жители.[2] Населението значајно пострадало во Граѓанската војна, па така во 1951 г. се свело на само 706 жители, што се должи на загинатите мештани во борбите, но и отселувањето на поголем број семејства во Република Македонија.[2]

Население

уреди

Денес населението на Месимер останува целосно македонско и непроменето.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1145 706 872 846 840 1014 930 765 674
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Месимер, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство

уреди

Селото важи за прилично стопански пасивно. Главни култури се житото, костените, црешите праските и јаболката. Донекаде е развиено и сточарството.[2]

Личности

уреди
 
Воденската чета на Иванчо Христов - Хаџијата (трети во средина) во 1907 г. Петти е Теофил Димитров (Офил Козаров) од Бозец.[10], а останатите се Ване Качов, Иван Крстев од Ениџе Вардар и Пандо Ташев од Русилово.
  • Атанас Филчев — револуционер на ВМОРО
  • Ване Качов - Манафа — револуционер на ВМОРО
  • Васил Караџов (1902-?) — комунистички деец на БКП по иселувањето во Бугарија
  • Ѓорѓи Касапчето — револуционер, деец на ВМОРО, загинат пред 1918 г.[11]
  • Ѓорѓи Манолов (Γεώργιος Μανωλάκης) — гркомански андартски деец на грчкиот комитет во селото, помагач на четите на Гарефис, Караманолис и Јотов[12]
  • Ѓорѓи Поптрифонов (Γεώργιος Παπατρύφων) — гркомански андартски, селски поп и раководител на грчкиот комитет во селото[12]
  • Ѓорѓи Стојанов (Γεώργιος Στουγιάννης) — гркомански андартски деец[12]
  • Иванчо Христов (Ване Хаџијата) — воденски војвода на ВМОРО
  • Јован Нислијата (Ιωάννης Νησιώτης ή Μυλωνάς) — гркомански андартски деец, кординатор на дејствата по оската Воден - Меглен, помагач на дејноста на д-р Китанос и Христос Карапанос; татко му Христо Нисиотис е убиен од ВМОРО во 1905 г.[12]
  • Јован Попстојанов (Ιωάννης Παπαϊωάννου, Παπαστογιάννης) — андартски деец, убиен од ВМОРО во февруари 1905 г.[12]
  • Костадин Попстојанов (Κωνσταντίνος Παπαστογιάννης) — андартски деец и четник[12]
  • Лазо Ханџијта — револуционер, деец на ВМОРО, убиен пред 1918 г.[11]
  • Панајот Божинов (1918-1946) — партизан на НОФ
  • Христос Пердикас (Χρήστος Περδίκας), грчки андартски деец од трета класа (1905-1907)[12]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр.36.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
  7. Силянов, Христо. Писма и изповеди на един четник, Македонски Научен Иститут, София, 1927, стр. 124.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  9. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  10. Бабев, Иван. Равда - през горнилото на времето, Тангра таннакра, София, 2011, стр.157.
  11. 11,0 11,1 Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 128.