Кадрево

село во Воденско, Егејска Македонија

Кадрево или К’дрово[2] (грчки: Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос; до 1926 г. Κέντροβο/ν, Кедрово/н[3], до 1950 г. Κεδρώνας, Κεδρώνα, Κεδρών, Кедронас, Кедрон, Кедрон;[4] влашки: Cãndrova) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 22 жители (2011).

Кадрево
Άγιος Δημήτριος
Кадрево is located in Грција
Кадрево
Кадрево
Местоположба во областа
Кадрево во рамките на Воден (општина)
Кадрево
Местоположба на Кадрево во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.63′N 21°54.35′E / 40.76050° СГШ; 21.90583° ИГД / 40.76050; 21.90583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&10000000000000790000000790 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно22
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено 17 км од градот Воден, на северните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 790 м.[5]

Историја

уреди

Во минатото Кадрево било чисто македонско село, но подоцна населението е преселено во Месимер. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Кадрево како македонско[6] село.[7]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Къдрево (Kydrevo) било село во Воденска каза со 18 куќи и вкупно 78 жители Македонци.[8][9] 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води како село со 100 влашки куќи. Ова се должи нја тоа што, со отселувањето на македонските жители, атарот станал сопственост на турски бег, кој подоцна го откупиле Власи доселени од Епир.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го води како село со вкупно 13 Турци.[10], што претставува грешка.[5]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 390 жители[5].

Пописот од 1920 г. укажува дека Кадрево има 573 жители, сите Власи.[5] Во селото силно дејствувала романската пропаганда, и во 1925 г. поголем број семејства се иселиле во Романија.[5] Во 1928 г. селото се свело на 168 жители.[5]. Во меѓувреме, во 1926 г. грчките власти го преименувале во грцизираното Кедронас, за во 1950 г. да го добие наполно грчкото име Агиос Димитриос.

Селото настрадало во Граѓанската војна кога во 1947 г. грчките монархофашистички власти го преселиле населението во Воден[5]. Кадрево не било обновено по нормализацијата на состојбите, па затоа не се ни споменува во пописот од 1951 г.[5] Населението подоцна бележело спорадичен пораст и повторно опаѓање, што всушност се должи на тоа што поранешните жители, кои и денес живеат Воден и другите градски центри и го користат својот имот во селото.[5]

Население

уреди

Во деценијата од 2001 до 2011 г. населението на Кадрево речиси тројно се намалило, и покрај забележаниот пораст по иселувањето во претходните децении. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 159 30 4 8 29 63 22
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Друшка, Ново Русилово и Русилово.

Стопанство

уреди

Сè до напуштањето на селото, жителите се занимавале исклучиво со сточарство.[5]

Личности

уреди
Со потекло од Кадрево
  • Христу Кандровјану (1928-1913) — влашки книжевен критичар и поет, роден во Бабук, Силистренска област, Бугарија.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. со варијантите К’древо или Кадрово
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κέντροβον - Κεδρώνας
  4. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919-1971 Από Α έως Λ“. Архивирано од изворникот на 2010-05-26. Посетено на 2016-03-06.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 50.
  6. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  7. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 - 157.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149.