Фурка (Воденско)
поранешно село во Воденско, Егејска Македонија
Фурка (грчки: Φούρκα) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.[1]
Фурка Φούρκα | |
---|---|
Координати: 40°47.60′N 21°58.14′E / 40.79333° СГШ; 21.96900° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на северните падини на планината Каракамен, јужно од Владово и под истоимениот врв Фурка кај изворите на реката Марица.[1]
Историја
уредиФурка било македонско село кое се распаднало во средината на XIX век. Неговите жители се преселиле во Теово.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 59. ISBN 9989-9819-5-7.