Матија Калдара
Матија Калдара (роден на 5 мај 1994 во Бергамо) — италијански фудбалер кој настапува за екипата на Специја како позајмен играч од Милан и на италијанската репрезентацијата. Калдара игра на позиција одбрана.
Матија Калдара | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 мај 1994 | ||
Роден во | Бергамо, Италија | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Специја | ||
Број | 29 | ||
Младинска кариера | |||
Аталанта | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2013–2018 | Аталанта | 55 | (10) |
2014–2015 | → Трапани | 20 | (2) |
2015–2016 | → Чезена | 27 | (3) |
2018 | Јувентус | 0 | (0) |
2018- | Милан | 0 | (0) |
2020-2021 | → Аталанта (п) | 20 | (0) |
2021-2022 | → Венеција (п) | 31 | (1) |
2022 | → Специја (п) | 31 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2016- | Италија 21 | 12 | (0) |
2017- | Италија | 2 | (0) |
* Ажурирано на: 12 август 2021 ** Ажурирано на: 10 септември 2018 |
Клупска кариера
уредиАталанта
уредиРоден во Бергамо, Калдара ја започнал својата кариера во клубот од родниот град Аталанта, во кои влегува во младинските категории.[1] Тој играл за Примавера тимот во периодот 2011-2014,[2] правејќи го своето професионално деби на 5 мај 2014 година, влегувајќи во игра како замена во второто полувреме во натпреварот против Катанија во Серија А.[3]
Трапани
уредиНа 3 јули 2014 година, тој бил позајмен на екипата на Трапани во Серија Б со цел да се здобие со повеќе искуство.[4] Дебитирал во Серија Б на 7 септември 2014 година, во натпреварот против Виченца, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Енис Надаревиќ во 62-рата минута.[5] На 16 мај 2015 година со својот прв погодок во професионалната кариера, во шестата минута од судиското продолжение од натпреварот против Авелино, им овозможува на сицилијанците да изедначат на 1-1 и да избегнат пораз на гостувањето во Кампанија.
Чезена
уредиНа 10 јули 2015 година, Калдара бил потпишан од страна на друг клуб од Серија Б, Чезена, на привремен договор со опција за откуп[6] каде што одиграл 27 натпревари и постигнал 3 гола во првенство, како и два настапи во Куп на Италија.
Аталанта
уредиВо текот на летото на 2016 година Калдара се враќа во Аталанта за да се натпреварува во Серија А. Својот прв настап за сезоната го имал на 2 октомври 2016 година, во 7-тото коло од првенство, кога како стартер го одиграл целиот натпревар во кој Аталанта го победила Наполи со 1-0 на стадионот Атлети Аѕури д'Италија.[7] На 26 октомври, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Аталанта и прв во кариерата во Серија А, одлучувачки за победата со 1-0 на гостувањето против Пескара.[8] На 12 јануари 2017, како резултат на одличните игри во континуитет италијанскиот шампион Јувентус го купува Калдара од Аталанта, но го остава во Бергамо на заем до 30 јуни 2018 година. Сумата на трансферот изнесувала 15 милиони евра, плус 4 милиони бонус, ако играчот од одбраната оствари најмалку 20 настапи за Јувентус во сезоната 2018-2019 и евентуално уште плус 6 ако исполни одредени услови.[9][10] Сезоната 2016-2017, Калдара ја завршил со 30 настапи за Аталанта и 7 постигнати гола, вклучувајќи ги и двата во победата со 2-0 на гости против Наполи на 25 февруари.[11] Тој бил втор најефикасен (по бројот на голови) дефанзивец во лигата за сезоната по соиграчот од Аталанта Андреја Конти кој постигнал еден гол повеќе.
Следната сезона дебитирал во европските натпреварувања, во натпреварот од фазата по групи во Лигата на Европа против Евртон кој Атланта го добрила со 3-0. Својот прв го за сезоната го постигнал на 20 септември 2017, во победата на домашен терен над Кротоне во Серија А со 5-1. Сезоната ја завршил со 34 настапи во сите натпреварувања (24 во Серија А, 8 во Лига Европа и 2 во Купот на Италија) и 3 постигнати гола (сите во Серија А).
Јувентус
уредиВо јули 2018 година, Калдара му се приклучил на Јувентус според договорот потпишан претходно во јануари 2017.
Милан
уредиНа 2 август 2018 година, Калдара потпишал петгодишен договор со ФК Милан вреден 35 милиони евра за две години, додека Леонардо Бонучи се вратил назад во Јувентус, како дел од трансферот[12][13]. Бидејќи не можел да го избере дресот со број 13 за да му оддаде почит на Алесандро Неста, бидејќи претходно овој број бил заземен од Ромањоли, Калдара се одлучил на својот дрес да го носи бројот 33[14].
На 20 септември 2018 година, Калдара го направил своето официјално деби за Милан, играјќи како стартер заедно со Ромањоли во натпревар од Лигата на Европа против Ф91 Дуделанж[15][16]. Сепак, во следниот период следеле повреди кои го отстраниле од фудбалските терени до февруари 2019. Во април претрпел уште една повреда отстранувајќи го од терените за 6 месеци.
Аталанта
уредиВо јануари 2020 година, Калдара бил позајмен на ФК Аталанта. Во текот на зезоната, одиграл 20 натпревари.
Венеција
уредиНа 9 август 2021 година бил позајмен на ФК Венеција, со можност за откуп.
Специја
уредиНа 17 јули 2022 година, Калдара се приклучил на ФК Специја како позајмен играч за сезоната 2022–2023.[17]
Репрезентативна кариера
уредиКалдара ја претставувал Италија во репрезентацијата под 21 година, за која дебитирал на 24 март 2016, во квалификациски натпревар за Европското првенство под 21 година против Ирска. Во јуни 2017, тој бил повикан од селекторот Лујџи Ди Бјаџо за настап на Европското првенство за играчи под 21 година во Полска. Тој одиграл три натпревари на турнирот на кој Италија била елиминирана во полуфиналето од Шпанија.
На 19 мај 2018, Калдара го добил првиот повик во сениорската репрезентација од новиот селектор Роберто Манчини.[18] Своето деби за аѕурите го направил на 1 јуни 2018, на возраст од 24 години, играјќи како стартер во пријателскиот натпревар во Ница во кој Италија била поразена од Франција со 3-1.[19]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
1-6-2018 | Ница | Франција | 3 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 0 |
Клупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 19 јуни 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2013-2014 | Аталанта | А | 1 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
2014-2015 | Трапани | Б | 20 | 2 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 21 | 2 |
2015-2016 | Чезена | Б | 27 | 3 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 3 |
2016-2017 | Аталанта | А | 30 | 7 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 7 |
2017-2018 | А | 24 | 3 | КИ | 2 | 0 | ЛЕ | 8 | 0 | - | - | - | 34 | 3 | |
Вкупно Аталанта | 55 | 10 | 3 | 0 | 8 | 0 | - | - | 66 | 10 | |||||
2018-2019 | Милан | А | - | - | КИ | - | - | ЛЕ | - | - | СИ | - | - | - | - |
Вкупно во кариерата | 102 | 15 | 6 | 0 | 8 | 0 | - | - | 116 | 15 |
Наводи
уреди- ↑ [1] Архивирано на 24 мај 2014 г.
- ↑ Fullsoccer Архивирано на 16 јануари 2017 г. (in Italian)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-07-03. Посетено на 2017-06-19.
- ↑ „Mercato Atalantino: Caldara in prestito al Trapani“ (италијански). Atalanta B.C. Архивирано од изворникот на 14 July 2014. Посетено на 4 July 2014.
- ↑ „Trapani - Vicenza 2-1“.
- ↑ „UFFICIALE: Cesena, dall'Atalanta arrivano Kone e Caldara“.
- ↑ Filippo Regonesi (2 октомври 2016). „Petagna è l'uomo della provvidenza, super debutto per Gagliardini e Caldara“. BergamoNews.it. Посетено на 25 февруари 2017.
- ↑ Antonio Farinola (26 октомври 2016). „Pescara-Atalanta 0-1: agli orobici basta Caldara, l'Europa è a soli due punti“. la Repubblica. Посетено на 25 февруари 2017.
- ↑ „Caldara alla Juve: i dettagli dell'operazione“.
- ↑ „Caldara alla Juve: le cifre dell'operazione“.
- ↑ Marco Azzi (25 февруари 2017). „Napoli-Atalanta 0-2: doppio Caldara, i nerazzurri sognano la Champions“. Посетено на 25 февруари 2017.
- ↑ „Official: Milan sign Higuain, Caldara“. Football Italia. 2 August 2018.
- ↑ „comunicato 02082018 accordi con milan ita.pdf“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-02.
- ↑ https://www.calciomercato.com/en/news/caldara-and-higuain-have-chosen-their-ac-milan-numbers-13615
- ↑ https://www.milannews.it/primo-piano/dudelange-milan-le-formazioni-ufficiali-esordio-per-reina-e-caldara-dal-1-308322
- ↑ https://www.milannews.it/news/caldara-finalmente-l-esordio-ufficiale-con-la-maglia-del-milan-308351
- ↑ „MATTIA CALDARA IS A NEW SPEZIA PLAYER“. Spezia. 17 July 2022. Посетено на 18 July 2022.
- ↑ Luca Stamerra (19 мај 2018). „Italia, i primi convocati del ct Mancini: Balotelli torna in Nazionale, c'è anche Berardi“.
- ↑ „Italia, Caldara: "Non mi aspettavo il debutto. È stata una grande emozione"“. 1 јуни 2018. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 2018-07-22.